Не знам какви картички вие користите, претпоставувам не вакви, ама на неколку луѓе им ја имам препорачано баш оваа картичка со Moschip IC (во Македонија не се продава колку што знам, од интернет мораш да ја нарачаш), до сега никој не ми јавил проблеми. Баш еден пријател исто мака мачеше со некој постар програм, му ја препорачав картичкава, по неколку дена ми се јави, човекот беше презадоволен
.
Знам дека има и кај нас вакви слични картички, ама не се со ова IC, со некои други чипови се и поддршка за драјвери имаат никаква (едвај ќе најдеш за Vista драјвер, понекогаш само за x86, а ако има и за x64, биди среќен). Кога барав ваква картичка, намерно ја избрав оваа, на многу сајтови беше фалена дека одлично функционира и дека има одлична поддршка со драјвери (нова верзија има барем еднаш годишно, сега има и за Win8 и 8.1 драјвери, јас кога ја купив, официјално, имаше само за Win7). Ако ја имаш оваа картичка ставено, при update на Win7 и Win8, од самиот WSUS сервер ти наоѓа updates за драјверите на картичката
. Не знам дали имаат склучено производителите на чипов некој договор со Microsoft, ама очигледно Microsoft ги прати промените на драјверите на картичките изработени со овој чип.
Еве Screen Shot, како ја ноѓа кај мене картичката. Стандардно, еден LPT и два COM порти
.