Author Topic: Потребен ми е предавател/шема на следниве фрекфенции 3, 7, 14 и 20Hz  (Read 1279 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Потребен ми е осцилатор/предавател кој емитува сигнал (без модулација) на фрекфенциите од 3Kz, 7,83Hz, 14Hz и 20Hz. Дали е можно да се направи ваков осцилатор со некое интегрално коло како на пример NE555 но ми треба да дава синусоиден сигнал.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Z32AL

  • Нов член
  • *
  • Posts: 45
Постави ниско-пропусен филтер од 2-ри или 3-ти ред на излез од NE555 и ќе добиеш синус. Воглавно за вакви ниски фрекфенции може да употребиш и обичен фазно-поместувачки осцилатор :

Доколку сакаш да емитуваш нешто корисно т.е. да изиграва предавател ова чудо, ем што антената ќе ти биде многу голема (стотици илјади километри), туку ќе треба да вметнеш и неколку мега-ват енергија за да може да се создаде далечно-поле :-)

Поздрав

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Да, за предавател ми е, само што предавателот треба да има мал домет, некаде околу 10-20m а антената да биде мотана жица а како компензација за остатокот од антената да се користи фабрички калеми. Дали може така?
Или пак ако не е можно, имам и друга идеа која е далеку по сложена, да се направи предавател кој ке работи на некоја фрекфенција за граѓанска употреба на пример 2400МХз и на неа да се модулираат тие фрекфенции од 3,  7,83  14 и 20Hz. Мислам дека и на овој начин ке имам ефект :)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Потребен ми е осцилатор/предавател кој емитува сигнал (без модулација) на фрекфенциите од 3Kz, 7,83Hz, 14Hz и 20Hz. Дали е можно да се направи ваков осцилатор со некое интегрално коло како на пример NE555 но ми треба да дава синусоиден сигнал.

Dx- er малку е чудно барањево -предавател да емитува сигнал ( без модулација) - но ми треба да дава синусоиден сигнал.!??
Носечкиот сигнал мора да биде модулиран за да успееш да го слушнеш.Она 3 Кхз веројатно е грешка 8).Вакво нешто би добил со некој НФ појачувач кој би имал опсег од 10 хз до ххх Кхз и некој бас звучник кој би дал 3 Хз (теоретски е мала фантазија ова).Ова се фреквенции кои теоретски можат да се постигнат и со калем кој би осцилирал во магнетно поле,а на него би била поврзана точно пресметана мембрана која би ги појачувала и пренесувала брановите во просторот.Сепак ,треба доста да експериментираш,а богами и да мериш (тон генератор,осцилоскоп,фреквенц метар).
Она за предавател на 2,4 Мхз со модулација на овие фреквенции (4 посебни осцилатори ,миксувани во еден или поединечна модулација за секоја фреквенција во некое зададено време- можеби со тајмер(со 4 времиња).
Претпоставувам за што ти е ова,ама многу пари време и експерименти треба,а дефинитивно ефекти дали ке има  никој не ти гарантира. ;D

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Батка, работата е што NF аудио засилувачите не може да засилат таква ниска фрекфенција, а и мислам дека електричниот сигнал за аудио е магнетно поле а не е електромагнетно поле. Ако грешам корегирај ме.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Z32AL

  • Нов член
  • *
  • Posts: 45
Доколку постои променливо магнетно поле, _мора_ да постои и електрично поле, едното без другото неможе, колку год нека е фрекфенцијата :-)

Z32AL е во право .Ако има електрично мора да има и магнетно поле ( индукција),а магнетното поле и проводник кој се движи во него даваат електричен напон ,односно протекува ел.енергија.НФ засилувач може да засили фреквенција која ти ја бараш.Погледај во некој туторијал како се пресметува ( односно проектира)  f - карактеристика на НФ појачувач.Побарај на .net има некои проекти.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Епа добро тогаш, значи и тоа се електромагнетни бранови само што не спаѓаат во РФ опсегот. РФ опсегот е над 3KHz. Ма да и на под таа фрекфенција се коритат сигнали за радио комуникација со мал bit rate. Значи да направам некој добар и најважно е да е стабилен, значи ако во моментот работи на 3Hz да е баш 3Hz или ако работи на 7,83Hz да е баш толку. Не знам како ке го изведам со толкава прецизност, не знам кое PLL или критстал ке заврши работа. Немам ни инструменти за мерење...
Од друга страна мора да проверам кој аудио интегралец може да ги засили тие фрекфенции.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Z32AL

  • Нов член
  • *
  • Posts: 45
Z32AL е во право .Ако има електрично мора да има и магнетно поле ( индукција),а магнетното поле и проводник кој се движи во него даваат електричен напон ,односно протекува ел.енергија.НФ засилувач може да засили фреквенција која ти ја бараш.Погледај во некој туторијал како се пресметува ( односно проектира)  f - карактеристика на НФ појачувач.Побарај на .net има некои проекти.

Ако има *променливо* магнетно поле, мора да го има и другото :-) Доколку се статички полињата (не се променливи по време и простор), тогаш може, но и немора да го има придружното поле.

Радио-зрачењето се состои од два *типа* на полиња. Блиско и далечно. Блиското поле пак се дели на не-радијално т.е. реактивно и радијално т.е. фреснелово поле. Интеракцијата на блиското поле со приемниците околу него, го менуваат полето на предавателот. Пример - индукциони грејачи.

Далечното поле е она кое што се однесува како *вистинско електро-магнетно поле* т.е. векторите на електростатската индукција и магнетната индукција се 90степени еден од друг и едниот неможе без другиот. Далечното поле се користи за комуникација т.е. за било какво нешто во што е влезен зборот *радио*.

Далечината на која што се прави границата на блиско и далечно поле е чисто функција од брановата должина и најчесто се зема дека на далечина од 2 пати по брановата должина (минимум) е почетокот на далечното поле.

Да земеме дека фрекфенцијата од интерес е 20Hz, брановата должина e 15000000 метри, па види на која далечина ќе може воопшто да се пренесува сигналот :-)

Но постојат ELF комункации, најчесто за воена употреба и истражување. Во сите овие случаи антените се масивни, планетата земја се користи како дел од антената, најчесто дистрибуирани (електрично зголемување на физичкада должина се постигнува вака) и напоени со екстремно големи моќности (стотици мегавати)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Овде се работи за фреквенции во делот кој се нарекува инфразвук.Проблемот со магнетните полиња не е толку проблем,колку што е модулирањето на некоја носечка фреквенција.Едно е домет 20 м,а друго е модулирање на 2,5 Мхз со инфразвучни фреквенции и пренос на (големи) далечини. Друго, проблем е и приемот на овие фреквенции и нивното влијание на човекот,што е всушност и барањето на Dx-ер. 8) 8)

Maxwell

  • Guest
Потребен ми е осцилатор/предавател кој емитува сигнал (без модулација) на фрекфенциите од 3Kz, 7,83Hz, 14Hz и 20Hz.

7,83Hz? Шумановата резонанса?

Offline Doca

  • Почивај во мир
  • Стручњак
  • *****
  • Posts: 275
    • Borina Amaterska Svastara
Code: [Select]
http://www.google.rs/?gws_rd=cr,ssl&ei=PzK7U_3DJoa9ygOWxYKoDA#q=schumann+resonance+device
Imas tu dovoljno za sledecih godinu-dve zanimacije!
Kad je čovek sam, uvek je u lošem društvu!
****************************
Imati prijatelje, to znaci prihvatiti da ima lepsih, pametnijih i sposobnijih od vas. Ko to ne moze da prihvati - nema prijatelja!