Познат проблем. Се работи за таканаречено Switch-bounce, т.е. секој механички прекинувач пред да вклучи неколку пати многу брзо отскокнува од металната површина и тоа создава повеќе од 1 импулс што бројачот без да видиш ги брои. Решението се вика: debounce и не е едноставно, да беше бројачот со микроконтролер се решава тоа со пауза при проверката на копчето (софтверски debounce). Хардверски со електроника се решава со ставање на копчето или на моностабил или ставање на шмитов тригер. Ова ќе ја усложни шемата двојно но ти за проба можеш да направиш нешто што не гарантира сигурно решение но може да помогне а тоа е да ставиш кондензатор од 100nF паралелно со секој од тастерите и пробај дали ке има подобрување.