Author Topic: Испитување на трансформатори  (Read 2627 times)

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Испитување на трансформатори
« Opened on 01.05.2010, Saturday, 22:50:02 »
Еве уште еден туторијал (ONE MORE!!!!) за испитување на трансформатори. Овој туторијал е наменет за почетниците (не дека јас сум профи ама па не сум и ептен почетник)
Што ке ви треба:
-Мултимер или омметар
-Трансформатор што ке го исписуваме
-Светилка за 220V
-Е за ова ке ви треба мааалце време (10 минути максимум)
Прво мултиметарот го поставувате на најголемо мерно подрачје (мега оми) и со испитните шилци го допирате почетокот и крајот на една намотка (примар или секундар не е важно) и омметарот  треба да покаже некоја отпорност (0000 би требало да покаже мултиметарот ако е ставен на мерно подрачје од мега оми бидејќи отпорноста на намотката е мала) значи дека таа намотка не е прекината, ако покаже 1 (или па некој друг знак дека отпорноста е многу голема) тоа значи дека намотката е прекината негде. Ако е примарот некои трансформатори имаат осигурач (заради преголема струја и преголема температура) па тој може да е изгорен, а да дојдете до него треба да ги извадите сите хартии што се околу намотките од трансформаторот па да се извади осигурачот и да се спојат жичките без осигурач (незнам ова како да го објаснам со осигурачов, али па ке сватите како се прави кога ке видите изгорен термички осигурач)


Вака изгледа термички осигурач...

Истата постапка се повторува и на другата намотка (или пак намотки) истото важи како и погоре напишаното, доколку покаже некоја отпорност намотката е добра, доколку покаже ептен голем отпор значи намотката е прекината некаде.

Ако ниедна намотка не е прекината тогаш проверуваме некоја од намотките да не е допрена до јадрото, и тоа се прави со омметар така што едниот шилец за испитување го допираме на една намотка (не е важно дали е крај или почеток од намотката) и со другиот шилец  допираме на јадорото на трансформаторот (можеби ке треба да загребите малце дека некои трансформатори се потопувани во лак после мотањето) и омметарот треба да покаже максимална отпорност. Истото го повторуваме и со останатите намотки и ако се е во ред се спремаме да го пуштиме трансформаторот во работа. Ама па не го пуштаме одма во штекер, бидејќи тоа што го проверувавме со омметар незначи дека трансформаторот 100% работи...треба да го истестираме уште еднаш....а тоа се прави со светилка (најобична светилка со волфрамово влакно) така што светилката сериски ја поврзуваме со примарот на трансформаторот и така поврзано го уклучуваме трансформаторот во штекер. Ако сијалицата свети јако значи две навивки се споени и за жал ако сакаме да го користиме трансформаторот ке треба да го премотуваме примарот (многу многу многу намотки). Ако сијалицата не свети (може ептееен малце жицата од светилката да е вжарена) тогаш трансформаторот може да се користи.


Како се поврзува сијалицата


Како и каде се мери отпорноста со унимер

За крај да пишам малце за сијалицата зашто се користи...тоа се користи за да не ви пукне осигурачот, бидејќи при краток спој тече голема струја и падот на напонот е на сијалицата и таа ке почне да свети. Вие немора да го испитувате трансформаторот со сериска сијалица, но ако трансформаторот не е во ред тогаш осигурачот ке ви пукне, нема да е проблем за тие со автоматски осигурачи, него ке е проблем со оние со стари осигурачи (со патрони) дека ако им пукне осигурачот па ке треба да давате пари за нов патрон...

П.С. да пишувам ли туторијал како се чисти кулер...или не???
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Користењето на редна светилка е убава работа за тестирање на се што има и нема трансформатор за напојување! Употребувајте го!

А да, секаков туторијал е добредојден!
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline MAKEDONIA

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1253
  • Gender: Male
  • Da bides idiot e najtesko,konkurencijata e silna
kakva sijalica treba za transformator od 220 primar i sekundar 6v 300ma
a kakva za 220v i sekundar 2x24v 5ampera
Z33MK

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
Одг: Испитување на трансформатори
« Reply #3 on 02.05.2010, Sunday, 07:19:57 (Edited 03.05.2010, Monday, 11:08:32) »
Quote
kakva sijalica treba za transformator od 220 primar i sekundar 6v 300ma
a kakva za 220v i sekundar 2x24v 5ampera/quote]

Значи нема врска какво е трафото на примар а какво на секундар со поврзување на волфрамова светилка сериски од 220V 60W автоматски ќе завршиш работа и за едното и за другото , а со истиот метод можеш да го искористиш и за испитување на продолжни кабли бормашини брусилици и за се она на кое се сомневаш дека може да има куса врска.


пр. Значи ако светилката светне и бормашината заврти се е океј ама ако светне светилката а бормашината не заврти тогаш има проблем (кусас врска) кај бормашините со регулација како се притиска на тастерот така се зголемува брзината на вртење на футерот и интензитетот на светење на светилката и тоа е знак за исправно .


Offline MAKEDONIA

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1253
  • Gender: Male
  • Da bides idiot e najtesko,konkurencijata e silna
mislam deka ima mnogu vrska bidejki sijalicata vo serija ja meri mirnata struja ili struja na prazen od koga jas ispituvav bese 15-25 wati
Z33MK