Author Topic: Ваше мислење за предавател  (Read 1609 times)

Offline T1000_series

  • Нов член
  • *
  • Posts: 30
  • Gender: Male
Ваше мислење за предавател
« Opened on 07.02.2014, Friday, 01:03:13 (Edited 07.02.2014, Friday, 02:49:58) »
Би сакал да слушнам ваше мислење за ова предавателче?
вели имало доста стабилна фрекф. поради зенерот и дека фрек. се нагодува со намотајот, рејнџ околу 150м...итн...

Сите генерализирања се неточни. Дури и ова :)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Ваше мислење за предавател
« Reply #1 on 07.02.2014, Friday, 01:29:53 (Edited 07.02.2014, Friday, 17:52:31) »
Батка ,се што е со еден транзистор е нестабилно,а зенер диодата само малку ја компликува градбата,бидејќи како паѓа напонот  се ствараат големи проблеми кога тој ќе дојде  под работниот напон на зенерката.Значи,нема некое фантастично достигнување што ставиле зенер диода.Друго,транзисторот е и НФ и ВФ засилувач,два во едно,со директно спрегната антена ,која ќе го тера да осцилира повеќе отколку очекуваш и затоа ќе биде капацитативно нестабилен на приближување на раката,метал и сл.
Ако решиш да правиш ,како почетник,добро е да започнеш со повеќе степен модел.во овој случај ќе предложам - со печатен калем.Ова е дело на еден радио аматер ,тростепен предајник .мнооогу посолиден од овој твојов на сликата.Па ако започнуваш пробај вака.Најголем проблем за почеток е подесувањето и калемот.Место 12 пф стави тример до 20 пф.Со овој калем нема проблем,само точно прецртај ја плочката.И на крај ,ако се решиш да го правиш,кажи како испадна.

Offline T1000_series

  • Нов член
  • *
  • Posts: 30
  • Gender: Male
Одг: Ваше мислење за предавател
« Reply #2 on 07.02.2014, Friday, 20:41:46 (Edited 07.02.2014, Friday, 20:46:39) »
......... започнуваш пробај вака.Најголем проблем за почеток е подесувањето и калемот.Место 12 пф стави тример до 20 пф.Со овој калем нема проблем,само точно прецртај ја плочката.И на крај ,ако се решиш да го правиш,кажи како испадна.

Па според Вас, кои се димензиите на плочава?
Од друга страна јас не гледам ништо спецификации ни за калем, ова она... мислам дека добро би ми дошло „објаснување“ на шемава..  :-\
Сите генерализирања се неточни. Дури и ова :)

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Ваше мислење за предавател
« Reply #3 on 07.02.2014, Friday, 21:02:34 (Edited 07.02.2014, Friday, 21:06:40) »
Другар овој предавател ти што си го постирал е далеку од стабилен предавател е сега ти како сакаш верувај или не.Секогаш е подобро кога имаш посебен транзистор за осцилаторот.Да биде шемата со едно два до три транзистора.Инаку оваа шема што ти ја даде  батка е проверена и е добра.SMOVPO се од шведска.Тие се искусни радиоаматери.Ако си сега нов во ВФ техникава прочитај малку стручна литература.Овие склопови не проработуваат од прва не е се толку лесно само залеми.Но не се откажувај и ти лесно има доста други добри шеми низ форумов побарај.И види мислам дека ја имаше и книгата од доктор Божо.Со среќа во градбата :D ;)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline T1000_series

  • Нов член
  • *
  • Posts: 30
  • Gender: Male
Луѓе абе или вие не разбирате, или евентуално јас не сум доволно јасен?!

Јас знам дека еден транзитор никогаш не е пожелен во никој случај... ОК сватив!
Не ме разбирајте погрешно, аман веќе.
Како и да е,
по 2 (ВТОР) пат по ред прашувам: КОИ се димензииве на горе наведената плоча ОД Batka ???
И уште едно: не разбрав ништо околу калемот у шемава...?!  ???

Благодарам за разумевање!
Сите генерализирања се неточни. Дури и ова :)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Батка,штом не си разбрал како сакаш да направиш предавател? Најди малку постари постови и прочитај го она што веке по сто пати сме го постирале,не само јас,ами и многу други членови.Плочката е 1:1 ,а калемот е печатен.Ако и ова не го разбираш,не можеш да направиш предавател.

Offline T1000_series

  • Нов член
  • *
  • Posts: 30
  • Gender: Male
Батка,штом не си разбрал како сакаш да направиш предавател? Најди малку постари постови и прочитај го она што веке по сто пати сме го постирале,не само јас,ами и многу други членови.Плочката е 1:1 ,а калемот е печатен.Ако и ова не го разбираш,не можеш да направиш предавател.

Благодарам, само толку барав, нема потреба од ништо друго...
како и да е , не сакам да се карам нека е како што велите дека не сум разбрал...
Бидете љубезни модераторите и ставете клуч. Мислам дека нема потреба од дообјаснувања, сите се разбравме
Over! нема проблем  ;)
И уште еднаш да не заборавам, едно крваво благодарам!
Сите генерализирања се неточни. Дури и ова :)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Нема потреба од затворање на темата! Последниве 1-2 години често доаѓаат вакви барања : сакам да направам радио -предавател,ТВ предавател,сакам да.....,а после ,да ми извинат помладиве,не знаете нити шемата ,нити елементите да ги прочитате.Тоа не се однесува до овој случај- зборувам општо.Значи,имате на Форумов теми од одредена област ,па и за ФМ предаватели.Па малку поседите на Форум,отворете ги и прочитајте постовите и ке научите повеќе и од некоја книга ,која нема да ви даде поподробни објаснувања,отколку написите на Форумов.Значи,малку повеќе читајте стари постови,проучете ги малку темите,па дискутирајте.Вака и се уште не знам дали разлутениот член знае што е печатен калем,а и  она * крваво благодарам * е толку нељубезно кажана мисла што ми дозволува да се запрашам- * па што згрешив и дали има смисла да пишувам на толку крваво благодарни членови*??? Веќе видено.А ,навистина сакам да помогнам и да дискутирам за вистински проблеми.

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
Оваа од батка шема не е којзнае што ама пак е подобра од таа со 1 транзистор, инаку димензиите само на бакарниот дел(водовите) е 4,7 на 2,3 цм. и да плочката е во гиф и да ја експортираш во пдф пак нема да ти излезе точно туку ориентирај се според димензиите што ти ги пишав.
Kure je kupio novog BMW-a

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Еве и нешто полесно,со печатен калем ,не е кој знае што,ама ако некој сепак бара  нешто - лесно..?!?!?!Ова е 1: 1 и нема потреба од експортирање во pdf.Печати и трансфер на плочка со пегла.

Offline dimce

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 256
  • Gender: Male
Одг: Ваше мислење за предавател
« Reply #10 on 08.02.2014, Saturday, 12:19:04 (Edited 08.02.2014, Saturday, 12:21:32) »
Ако сакаш стабилен предавател тоа е веке озбилна работа се изведува со плл контрола само за почетник би ти препорачал да си го направиш првиот предавател тој кој го објави Батка со два транзистори зашто таму имаш бафер засилувач кој го одвојува осцилаторот од антената и теретот паѓа на него.Можам да ти предложам да си го направиш и тој предавател од Емитер со печатен калем јас тој го имам направено на тој имам ставено и стерео кодер многу добро свири со него и како стабилност не е лош.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Побарај низ подфорумот предаватели има се и сешто да најдеш.Има неколку предаватели со печатен калем значи скроз готови плочки дури имаат ставено колегиве.Инаку според мене супер мало предавателче што сигурно од прва проработува е она со кристален осцилатор што е има и неколку такви шеми низ форумов работат побарај си. ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline T1000_series

  • Нов член
  • *
  • Posts: 30
  • Gender: Male
Ме заинтересира тој предавател, би сакал да видам каков е, оној од емитер..

Што се однесува до „расправиите“ (ако би можел воопшто и некако да ги наречам, па после реакции дека ова дека она.. бла бла.. ), мислам дека за тоа би дошла поубава прилика, нели сепак нема потреба одкавги и расправии..

како и да е, јас не сум човек што не знае леткумот да го држи (што в мој клас со лопати се ринат а имат 5-ки) , ама не велам ни дека имам искуства еквивалентни на некој Пр. 40 години искусен..
По прв пат се свртувам во предаватели, и најискрено несум читал теми кошто (да) ја содржат шемава, било тоа сплет околности или Х причини итн итн.. па заклучно со тоа јас „неам поим“ кои би бие димензиите на плочава. Се што барав беа димензиите, како да се натемпира и сл. (Знам дека беше многу болно, Вие (со почит, исклучоци) да соберете сили и да кажете спецификации ова она итд... без да тролате и да (на некој начин) гушите со непотребни глупости, без навреда!)
А оној заклучок дека јас незнам што е (печатен) калем.. Well, беше голема навреда (како и да е, мислам дека била НЕ намерна! ) а и ред други нешта за кои премолчувам...
Форумов е пред се да се помага, и има ЕДНА цел: (по можност) сите членови да се „описменат“ и „упатат“ на некој начин и заедно до цел, која нормално, ФУНКЦИОНИРА!
Сметам и сум цврсто убеден, дека за фер плеј, почит и култура, треба да се има разбирање. Крај краева, па и не е толку тешко да напишеш 2-3 збора за кој некој ке биде Многу по благодарен одколку мислите..

Расправата може да продолжи под услов да е во ПП !
Се друго што ве интересира, може да иде у продожение.
Благодарам за зборот.
Сите генерализирања се неточни. Дури и ова :)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Тогаш на последнава шема извади го 4к7 и стави 2N3866 ili BD139 и со среќа!Само да знаеш,ова е ВФ техника- ако некој го направил предавателот и ти мара да го направиш. Советите за читање постови и литература стојат.И пиши ако го направиш,да знаеме дека си отишол напред.

Offline T1000_series

  • Нов член
  • *
  • Posts: 30
  • Gender: Male
Thats something new!  :P  ;D

Нов тренд на однесување! Ми се допаѓа! Поздрав до превземените реакции!

Фала за посветеното време Батка!
Ако се нафатим нешто да направам, биди сигурен дека ти прв ке дознаеш!  :P  ;D

Позз..
Сите генерализирања се неточни. Дури и ова :)