Author Topic: Собна антена за прием на дигитален терестијален сигнал  (Read 7639 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Конкретно во случајот кој е на сликата,антената се понаша како да нема ништо околу неа! Нема сметњи,нема губење,нема квадратчиња...Значи се понаша како надворешна.Можеби е поради положбата или веројатно поради солидниот прием.Предавателот е на 1 км воздусна линија ,на рид ,има оптичка видливост и пред се ОНЕ на телефонот се држи на *пет црти*.Иначе приклучена е на СЕТ ТОП БОКС на Бум ТВ.Е,сега од случај до случај ке биде различно,ама ова антениче го копирав 2 - 3 пати и секаде убаво работи.Иначе исто е како она на сликата од Кениг електроника.

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Дигиталната телевизија, иако велат дека со обична постара антена се „фаќа„ сигналот, сепак тие се на UHF. Според мене, од радиоаматерска гледна точка потребна е наменски изработена антена. Не знам сега точно кои се ОД-ДО фреквенциите на Боом ТВ, но размислувам да направам сам антена. Секако насочена со неколку елементи. Ако ги погодам димензиите според пресметките, тогаш резултатот ќе биде добар. Можеби ќе ја фатам и А1  8)
Hams do it! With Frequency

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Собна антена за прием на дигитален терестијален сигнал
« Reply #17 on 12.12.2013, Thursday, 23:32:32 (Edited 13.12.2013, Friday, 00:35:34) »
Насочена ,само во услови на прилична оддалеченост од предавателот.Ако предавателот е во оптичка видливост ,а е оддалечен над 20 км ,може да се проба со насочена хоризонтална антена од типот на Yagi .Но,за дигитална ТВ не се употребливи аналогни засилувачи  за ТВ антени,бидејќи немаат никаква улога во дигиталната телевизија.Напротив,делуваат во насока на внесување сметњи и шумови во DVB-T  приемникот.Изворите на електромагнетно зрачење по дома овозможуваат слабеење на дигиталниот сигнал.Значи,ако е вашиот предел покриен со сигнал,тогаш наједноставното решение е најефикасно.Вертикалната антена треба да биде во секој случај пресметана за одредено подрачје .Таа овозможува едноставен прием од сите правци ,што е многу битно во урбана средина каде има непосредна покриеност,но и *џебови* кои едноставно поради разни причини се без сигнал.иако се во зона на покриеност.Исто како за мобилните телефони. 8)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Можеби ќе ја фатам и А1  8)
Може ако се измисли машина за враќање во времето и да се вратиш бар во јуни или почеток на јули 2011та година :) Ама таква машина нема шанси да се измисли :(
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Да сум чул за таа временска машина незнам кај прочитав дека некој фатил стар сигнал од ЈРТ порано што била боуу фантастика што нема да чуеш и викаше типот дека еднаш емитуван аналоген телевизиски сигнал за секад останува во јоносферата.И еј бил многу слаб али сеуште на одредени места можел да се фати со некој специјален приемник. ??? ???.Што нема да чуеш разни бисери 8) 8)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Нема врска. :o
Едино нешто што е можно хипотетички (да се „фати“ стара ТВ програма) е, ако на пример се работи за УХФ сигнал или било кој сигнал кој ја пробива јоносферата. Ако (хипотетички) се постави приемник на некое растојание, на пример 15 светлосни години од земјата и се насочи неговата антена кон земјата, сигналот кој ќе го прима тој приемник ќе биде некоја програма што се емитувала пред 15 години од земјата:) (Касандра ќе ја гледаме ;D ;D ;D)
За ова пишуваше во „Космос“ од Карл Сеган... :)
Life is too short to remove USB safely ..

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Да тоа е точно, сигналите емитувани пред пр. 15 години сеуште се некаде во универзумот, само што се со многу слаб интензитет и треба да има некоја развиена цивилизација барем како нашава за да поседува радио телескопи кои би го уловиле тој сигнал а потоа и да го декодираат. Шансите за тоа се минимални, бидејки во тој момент кога се емитувал сигналот на таа телевизина на пример МТВ1, РТС1, БТВ, ЕТ... земјината топка била во одредена положба и сигналот се емитувал со одреден правец, по секунда сигналот го менува правецот и емитува во друга насока, така да колку они ке ја гледаат така телевизија? Милисекунда до секунда и ништо повеќе... таман неколку фрема колку да го видат логото на телевизијата. Друго нешто, од нашава земја се емитуваат многу сигнали на иста фрекфенција така да кај нив би се појавила интерференција од сигнали кои не би можеле да се декодираат или ке може но отежнато. Тоа со јоносверата нема врска, и ако сигналот е VHF, на пример при емитувањето на сигналот голем дел иде во загуби а дел се рефлектира од јоносверата, така да при второто одбивање веќе ке биде по слаб, третиот пак ке се изгуби во целост. Загубите се бидејки ја пробива и продолжува некаде во космосот, а дел се впива во земјата и водите и се дисперзира во мала топлина.

Временската машина према мене нема шанса да се измисли од проста причина. Дали можеш да се вратиш во времето и да си го убиеш пра дедото ? Нели е јасно?

nsu дали можеш да ми најдеш некое инфо, за тоа што си го видел или прочитал за тој што фатил стар сигнал на ЈРТ ?

Моја претпоставка е дека некој радио пират си емитувал сигнал со тоа лого на ЈРТ ;)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Собна антена за прием на дигитален терестијален сигнал
« Reply #22 on 13.12.2013, Friday, 21:38:36 (Edited 13.12.2013, Friday, 21:41:15) »
Е сега тоа мислам дека го прочитав на електроника-ба од Бања Лука незнам кој натпис е тоа неможам да го најдам изгледа го тргнаа,неможам да го најдам,се убив од барање чудо и гугл не го наоѓа, истото го имаше и на еден друг форум за електроника и сите викаа како вас дека тоа е невозможно.Ај го барам па ако го најдам и ќе го ставам.А еден ист како вас викаше абе неверувајте на тоа ко демек сигнал од ЈРТ вика во Србија има еден фанатик на ВФ техниката и не ми текнува името негово сега.Од него се направени. Мислам дека тој има направено видео предавател и се зафркавал со вас ово ми се чини дека го имаше на еден сајт за радио станици не се сеќавам сега бидејќи го формаатирав компјутерот и се што имав маркирано на хромот ми се избриша.И сеа незнам дали ова го читав на форум или на еден сајт.Но си викам што ми требаше да пишам ваква глупост.Ме изненадивте што вие на форумот исто сте чуле за таа временска машина 8).Од каде.Dx-er секоја чест вие дури се обидовте и да дадете осврт да го објасните чудово
Quote
земјината топка била во одредена положба и сигналот се емитувал со одреден правец, по секунда сигналот го менува правецот и емитува во друга насока, така да колку они ке ја гледаат така телевизија? Милисекунда до секунда и ништо повеќе... таман неколку фрема колку да го видат логото на телевизијата
.Стварно чудо а некој се фалел дека он фатил сигнал од ЈРТ лошо пишав а после го провалија дека бил пират.Баш да побарам и ќе пишам.Којзнае за да го направиш ова колкава пара ти треба,најака електроника антени насочени и разни глупости што ти знам ја.Богами не е верно дека некој аматер без ништо што се вика ќе фати сигнал ??? 8).Ова е невозможно но ме изненади и што вие сте упатени во тоа јас си викам леле што ми требаше ваква глупост да тропнам.А кога имало некои што биле упатени ;D ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Знаев дека е некој заебант, како сега да го извадам предавателот од архива, да го поврзам со засилувачот (за по силен сигнал), да наместам да емитува на некоја фрекфенција која ја користеле србите на пример  91.70 (Бесна Кобила) кој предавател беше околу 200kw, и да го пуштам ова аудио:

Radio Beograd - Vesti, 16. april 1999.

И некој ке помисли дека ова е сигнал од пред 14 години од моќните ФМ предаватели на Тито и Милошевич
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Собна антена за прием на дигитален терестијален сигнал
« Reply #24 on 13.12.2013, Friday, 22:07:48 (Edited 13.12.2013, Friday, 22:13:43) »
Ама ме изнасмеа дури и цели вести си постирал ;D ;D.Сигурно ќе ти поверуваат ;)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Ја направив антената што ја постира batka во оваа тема.

Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=11610.msg100113#msg100113
Еве слика


За жал, со оваа антена не може да се фати ништо на местото каде што живеам.

Потоа ја најдов следнава веб страна
Code: [Select]
http://martybugs.net/wireless/biquad/
Ја направив и таа антена.





Со неа може да се фатат неколку програми, но сигналот е премногу слаб и има премногу пикселизација.
Како што може да се види од сликите, на втората антена не ја ставив плочката што треба да стои позади антената.
Дали со таа плочка може да се подобри приемот, и дали димензиите на антената одговараат на фреквенциите што се користат кај нас, за дигитална телевизија?

Жан

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Очигледно е дека сигналот е многу слаб и со собна антена не можеш да се надеваш на некое чудо.Најдобро е да пробаш со надворешна антена,доколку има услови за тоа.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Собна антена за прием на дигитален терестијален сигнал
« Reply #27 on 14.05.2014, Wednesday, 23:09:55 (Edited 14.05.2014, Wednesday, 23:48:35) »
Втората антена е за WiFi и се вика BiQuad. Димензиите на антената треба да се поголеми доколку се работи за UHF. Ке ти кажам шема за топ добра UHF антена каде што се фаќа сигнал на територија на која не е предвидена да се фати сигнал според мапата на покриеност. Само тоа не можам денес.

Да напоменам се работи за надворешна антена

Zan каде точно живееш? Не ми треба адреса туку град (кој), сало, населба... па ке ти кажам кој тип на антена е најдобар за тебе.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
По препорака од DX-er, направив уште една антена.
Со оваа антена фаќам 61 ТВ канал и 5 радио канали.
Нормално, може да ги гледам само бесплатните канали.

Жан

Offline Otpor

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 161
  • Gender: Male
61 со отворен дипол  ??? Ти дечко да не седиш на Кораб или на Пелистер  ;D Дај кажи димензии на диполот,ако сакаш.Со хеликоид тогаш ќе фаќа 161 канал  ;)
,,Алчните за пофалба секогаш имаат мали заслуги,,

Плутарх, двесте и кусур и некоја година П.Н.Е