Author Topic: Собна антена за прием на дигитален терестијален сигнал  (Read 5468 times)

Offline aanev

  • Нов член
  • *
  • Posts: 20
Ме интересира после воведувањето на дигитализација дали некој истестирал или може да предложи добра собна антена. Значи без појачало која има најдобри перформанси, логаритамска, со знам она ко зајак или стап со калем на средина. Има ли разлика во приемот и каква поларизација се користи од страна на ОНЕ.

Offline MarkoMK

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 970
  • Gender: Male
Одг: Собна антена за прием на дигитален терестијален сигнал
« Reply #1 on 07.12.2013, Saturday, 09:46:23 (Edited 07.12.2013, Saturday, 18:07:53) »
Сега зависи ваљда на кое место живееш, јас сум во Автокоманда, и користам ваква:



Приклучена ми е на копјутер преку УСБ стичето (на сликата) и сите канали што се слободни супер ги фаќам, без никакво насочување, и сл.
Едноставно антената фрлена ми е во ќош. ;D ;D
Life is too short to remove USB safely ..

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6320
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
A тоа стикчето од каде го купи и колку пари?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline MarkoMK

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 970
  • Gender: Male
Стикчето ми е од e-bay, околу 6,5 $ го земав.
Иначе гледам ги продаваат на Реклама5 ги има по околу 700 денари се.  ;)
Life is too short to remove USB safely ..

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
И фаќа ли добро антенава скоро сите бесплатни дигитални телевизии ги гледаш ;) ;)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Одг: Собна антена за прием на дигитален терестијален сигнал
« Reply #5 on 07.12.2013, Saturday, 15:34:22 (Edited 07.12.2013, Saturday, 15:39:50) »
За прием на дигиталната ТВ поларизацијата не е многу битна,можете и со вертикалка и со хоризонталка да примате сигнал.Проблемот е од каде и колку е далеку изворот на сигналот,дали има препреки,какви се ,итд.Ако сте во рурален крај ,малку потешко се прима сигналот со собна антена.Тоа можете да го проверите со мобилен на ОНЕ- ако се полнат сите цртици на телефонот за квалитет на приемот,можен е прием со собна антена.Тоа е наједноставна проверка.
Иначе.еве на сликата може да видите една фабричка антена која има супер прием на дигитална телевизија,се разбира во градски услови,што не значи дека сигурно ке работи насекаде добро.Значи земете челична ( или во краен случај бакарна) жица1-1,2 мм ,отприлика 60-70 см долга.Мерете 16 см од крајот и потоа на тело 10 мм намотајте 10 намотки од жицата.Калемот кога ке го растегнете треба да има должина 80 мм.Потоа оставете до крај на антената уште 80 мм и на тоа место залемете го вруќиот крај на коаксијалниот кабел за ТВ.Најдете или направете метална кутија 50 х 50 х 30 мм ( од лим,витропласт,бакар итн.) и ставете ја на неа ( изолирано!) антената.Ширмот(оплетот,мрежата) на коаксијалниот кабел спојте ја на кутијата.Кутијата можете да ја оптоварите одоздола со потежок метален дел или плоча за да стои фиксно исправено и пробајте ја на вашиот ТВ.Имам изработено 2-3 вакви антени и во град работат добро.

Offline aanev

  • Нов член
  • *
  • Posts: 20
Одг: Собна антена за прием на дигитален терестијален сигнал
« Reply #6 on 07.12.2013, Saturday, 17:12:36 (Edited 07.12.2013, Saturday, 18:15:06) »
Малку да ги дообјаснам формите  :)
1. Oмнидирекционална стап антена. Не правам реклама но единствено ова го најдов готово во продажба

Code: [Select]
http://www.loging.mk/295/183979/0/ShowProduct/DVB-T_antena
2. Форма зајак најзастапена што се продаваат на пазарче



3. Порано имаше нешто вака мини логаритамска внатрешна сега незнам каде се продаваат



4. Панел антена, незнам што има внатре може е некоја форма како вифи панел антените, на пертинакс извртени водови доколку е потенка, а доколку е од подебела пластика може било што да е. Не сум видел кај нас.



Значи батка според тебе форма 1 е најдобро решение? Прашувам бидејки користам форма 2 и добро работи се додека не зазвони мобилен и додека сите се мирни и не се движат. Пројдеш ли некаде или комшиите над тебе или под тебе се движат и имаш сецкање на сликата. Значи или дигиталниов сигнал е многу осетлив или едноставно формата е промашена ??

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Не треба да има толкаво појачување антената,освен ако не примаш многу слаб сигнал,за да се случи интерференција.Значи појачувањето е преголемо.Ова  антена досега не покажала знаци  на * пробивање*  на сигналите од мобилната телефонија.Бидејќи имам ОНЕ телефон,не сум приметил кога звони во близина на ТВ апаратот ,да има некоја интерференција,мрзнење на слика,изобличување на тон и сл.Значи, ако имаш сигнал имаш слика.Ако немаш сигнал нема ништо.Тоа е основата на дигиталната ТВ.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12736
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Јас имав како таа на MarkoMK, навистина се живо и диво фаќаше од аналогна телевизија ;D. Ова на времето, кога беше аналогна, сега со дигиталнава, не знам како е, одамна ми е надвор од употреба ;D.

@aanev: Сега ти го преправив post-от, но прочитај ги правилата на форумот ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Одг: Собна антена за прием на дигитален терестијален сигнал
« Reply #9 on 07.12.2013, Saturday, 19:58:33 (Edited 07.12.2013, Saturday, 22:57:23) »
Да дообјаснам: проблемот е каде ке ја користите оваа антена.Дури и операторите велат да не се користи собна антена! Значи ако има прием внатре во собата,наједноставната варијанта се чини е најефективна ,па нема * упади*,интерференција и разни други проблеми.
Не сум слушнал од друг да има проблеми со упад на сигнали од мобилен,веројатно не е добро оклопена електрониката  (ако добро видов се работи за актвивна антена- така барем мислам!?).За ваквите антени покушајте да го намалите појачањето ( ако има вградена можност или со менување на некои елементи да се намали појачувањето).Сепак ,треба да се знае дека едно е антена за аналогна,а друга за DVB-T.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6320
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Batka, дали знаеш што функција има тој калемот на антената која ја имаш ставено во прилог?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Првенствено служи за скратување на антената  или како * трап*. 8)

Offline aanev

  • Нов член
  • *
  • Posts: 20
Значи не се работи за активни антени, строго пасивни,сеа можеби некоја од сликите така делува, но празни се внатре немаат електроника. Тоа со мобилниот е поретка појава, ама со движење на луѓе во одредени делови околу антената доаѓа до губење на сигналот, у превод нема стабилност сигналот. Можеби сепак треба до прозор да се стави било која варијанта па така би немало што да смета. Но толку да е нежен дигиталниот сигнал ми е чудно некако штом сите велите дека нема разлика во антените за аналогна и за дигитална, или можеби има ?

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Јас мислам дека не треба да има но некаме поправат ако грешам ;)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6320
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Тоа ти е дигитална телевизија, имам гледано споредба меѓу аналогна и дигитална сателитска ТВ, антените беа поставени во соба и ако човекот затвореше прозор, кај дигиталната се губеше сигналот во целост а кај аналогната сателитска ТВ се појавуваа снегулки на екранот ама сепак супер се гледаше каналот :)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.