Author Topic: Внимавајте при купување на ТВ Картичка или ТВ USB, може да бидете измамени!  (Read 1114 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
НАПОМЕНА ДО СИТЕ ШТО  ВО ИДНИНА САКААТ ДА КУПАТ ТВ КАРТИЧКА ИЛИ ТВ USB ПРИЕМНИК!

Темава ја отворам бидејки имам забележано уште 1 година пред да ја исклучат аналогната телевизија на некои македонски форуми се увеличија огласите за продажба на ТВ картички. Кога некој ке спомнеше дека картичките се само за аналоген прием, веднаш имаше несоодветно однесување (арогантно и навредливо) од страна на огласувачот. Значи доколку видите дека некој продава ТВ картичка или ТВ USB ОБАВЕЗНО побарајте спецификации за неа, и доколку поддржува DVB-T2, купете ја, но доколку прима само аналоѓен сигнал кој не е во функција кај нас (а и соседните земји веке ја изгасија аналогната ТВ, како и цела  Еврола) немојте да ја купите таквата картичка бидејки со истата нема да можете да гледате терестијална телевизија. Целата работа е, наместо да ја фрли, ке проба да измами некој, да му ги собере парите а после тој што ја купил картичката нека се чуди што понатака со неа.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Го прочитав твојот пост од огласот и добро е што реагираше. Јас го видов тој оглас исто ама не ми беше јасно дали со таа картичка треба да купиш бум тв или нешто слично. Тотално промашена инвестиција да купи некој аналогна картичка. Истото им го реков во медиа маркет. Имаат портабле лцд телевизори како 7 инчен таблет ама аналогни....им реков дека се за во ѓубре и дека не би дал неколку к денари за тоа. Само некоја будала може да падне на тој штос.
Hams do it! With Frequency


Offline filipmkd

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 124
Еве на пример кај мене работи аналогна ТВ картичка на компјутерот и 2 телевизори ми работат на аналогна телевизија  8)  Затоа што ТЕЛЕКАБЕЛ сите програми ги зимат дигитално преку ресивер а ги пуштат аналогно преку антенски кабел па не гледам тука некој проблем со продажба на ТВ картиците  :-\ а да и закачиш собна антена на картичката сигурно нема да фати програми...

Offline xantox

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 165
RTL-SDR For The Win :))))
Не ми е јасна поврзаноста на SDR со ТВ картички. Претпоставувам има нешто што не ми е познато.
Ќе може ли кратко објаснување во врска со ова, бидејќи беше едно време кога ме интересираше софтвер дефинирано радио поврзано со радиоаматеризам, ама ради финансии се откажав.

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Прво сакав и јас да реагирам на огласот, ама се премислив.
Како што кажаа пред мене, аналогната ТВ сеуште се емитува по кабелските телевизии.
На пример, кај мене на компјутер имам аналогна картица, а имам и дигитална. Со дигиталната (преку антена) ги фаќам само македонските што се отклучени (десетина канали), а тие што се од бум тв не можам да ги гледам, а претплатен сум, односно истите можам да ги гледам само преку ресиверот од близу на еден ТВ.
Со аналогната картица добивам преку кабелска околу 50-тина аналогни канали кои можам да ги гледам на компјутер. Исто така, ја користам и за capture (префрлам материјали од ВХС на ДВД) кога имам потреба. Заради тоа не би ја исклучил 100 % од употреба, ама сепак, како што кажа Dx-er, треба да се биде внимателен затоа што некој неупатен доволно што нема кабловска, би се „залетал“ мислејќи дека ќе гледа телевизија (пошто, нели се продава ТВ картица), а нема да има ништо од тоа. :)
Заради тоа би требало во огласот да се напомене дека се работи за АНАЛОГНА ТВ картица.
Life is too short to remove USB safely ..

Offline alex

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 54
  • Gender: Male
Аналогна телевизија си има уште, само по кабелските оператори.
И погодете што? Аналоген сигнал има и после дигиталниот ресивер! :D
Не биди себичен, сподели го своето знаење со другите... what goes around comes around ;)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Oва беше едно известување, колку да си знаат потенцијалните купувачи да обратат внимание пред да купат такво нешто, а не тема за дискусија, за тоа ке ја заклучам. Иначе баш правев муабет со неколкумина кои имаат купено TV картичка/USB со која поддржува дигитален прием и тоа за некој си смешни 3-5 долари од e-bay, а вака некој ја купил картичката со само аналоген прием некој си 1000-3000 денари пред 5-6 години и сега ке ја продава може 700-1500 ден. што за мене е неразумно. Што се однесува до Телекабел и Близу, и тие имат дигитална телевизија и тоа со многу повеке канали одколку на аналогната. Како за пример Телекабел на аналогната ако има пр. 65 канали, на дигиталната има помеѓу 90-120 канали.
Јас не можам да влијаам на некој дали ке купи стара аналогна картичка или не, но сепак имам право да ги обавестам членовите.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.