Author Topic: Теорија за времето  (Read 2338 times)

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
Теорија за времето
« Opened on 31.08.2013, Saturday, 23:18:25 (Edited 01.09.2013, Sunday, 06:43:56) »
незнам дали насловот е погоден ама ајде  ;D. денеска гледав еден на national geographic кажување дека времето зависи од просторот т.е. time depends on space, кажуваше дека извеле  некој тест со дигитални часовници, така што едниот го ставиле на авион којшто требало да лета од њу јорк до лондон а другиот бил во лондон. и двата саати биле наместени на исто време, и кога авионот стигнал во лондон, кај едниот од саатите имале задоцнување од дел од секундата но се потврдувала оваа теорија. е сега рече дека, доколку некој вселенси брод дојде блиску до black hole (црна дупка) каде што гравитацијата е огромна, и доколку биде таму само 2 минути, на земјата ке поминат 50 години, па сакам да ве прашам како е ова возможно  ;D како зависи времето од просторот, патем со ова нели се овозможува time travel во иднината ? а со wormholes во минатото?  ;D ај да слушнам некој да ја објасни оваа тероија, бидејки ме заинтересира ова  ;D
Kure je kupio novog BMW-a

Trolko

  • Guest
Одг: теорија за времето.
« Reply #1 on 31.08.2013, Saturday, 23:23:09 »

Прочитај за Генералната теорија на релативитет - каде што се објаснува поимот space-time и Специјалната теорија на релативитет (и двете теории од Ајнштајн) каде со помош на т.н. галилееви трансформации се гледа дека времето не е константно во секој референтен систем, туку само брзината на светлината има универзална вредност во секој референтен систем.

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
Одг: теорија за времето.
« Reply #2 on 31.08.2013, Saturday, 23:27:12 »
знам дека теорија на релативитет на ајнштајн го објаснува ова, ама не е тоа финтата. јас сакав да направам дискусија да видиме што имаат другите да кажат за ова, а не онака на слепо да веруваме  ;D ;D
Kure je kupio novog BMW-a

Trolko

  • Guest
Одг: теорија за времето.
« Reply #3 on 31.08.2013, Saturday, 23:30:17 »
знам дека теорија на релативитет на ајнштајн го објаснува ова, ама не е тоа финтата. јас сакав да направам дискусија да видиме што имаат другите да кажат за ова, а не онака на слепо да веруваме  ;D ;D

Па не е воопшто на слепо верувањето. И двете теории не се *туку-така* прифатени туку по експериментален пат е докажано дека се точни. Што има да се дискутира ? Самиот факт е интересен, но не би можеле да дискутираме за точноста нивна :)

Интересна работа за дискусија е дали ние некогаш ќе може да го реализираме она што го наложуваат теориите (wormholes и патување во времето). Интересна перспектива и размуслување дава Мичио Каку во книгата Physics of the Impossible :)

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
Одг: теорија за времето.
« Reply #4 on 31.08.2013, Saturday, 23:37:13 »
па да не е слепо верување во целост, бидејки теоријата дека времето зависи од просторот е докажана од она со авионите и часовниците. ;D но мислам дека вреди да се дискутриа за она time travel, како би можело тоа да се изведе, и кои би биле последиците  :D
Kure je kupio novog BMW-a

Trolko

  • Guest
Одг: теорија за времето.
« Reply #5 on 31.08.2013, Saturday, 23:45:24 »
па да не е слепо верување во целост, бидејки теоријата дека времето зависи од просторот е докажана од она со авионите и часовниците.

Авиони и часовници немаат ништо со докажувањето на теориите, незнам од кај ова си го прочитал (м?).

Во врска со патување низ времето, доколку сакаме да *патуваме* т.е. за нас часовникот да се движи побавно (дилатација на времето), треба да постигнеме брзини ненормално блиски до брзината на светлината. Засега тоа е возможно да го правиме само со под-атомски честички, максимум со цели атоми, така да енергијата која ќе биде потребна за да се задвижи некој макроскопски објект во нашиот моментален свет е незамислива за нас. Плус овде рачунај го незамисливото технолошко остварување на таа *брза кола* да ја наречам или временска машина :)

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
Одг: теорија за времето.
« Reply #6 on 31.08.2013, Saturday, 23:58:17 »
абе реков дека гледав на телевизија и незнам колку е точно али докажале дека се јавува мало задоцнувањње. јас мислам дека за да се вратиме во минатото ке требаам брзини близу до таа на светлината, но доколку пример ако во некој вселенски број неколкумина луге поминат мал период од 5-10 минути во зона со гравитација многу посилна од онаа на земјата пример црна дупка, на земјата би требало времето да измине многу побргу  ;D
Kure je kupio novog BMW-a

Trolko

  • Guest
Одг: теорија за времето.
« Reply #7 on 01.09.2013, Sunday, 00:10:45 »
абе реков дека гледав на телевизија и незнам колку е точно али докажале дека се јавува мало задоцнувањње. јас мислам дека за да се вратиме во минатото ке требаам брзини близу до таа на светлината, но доколку пример ако во некој вселенски број неколкумина луге поминат мал период од 5-10 минути во зона со гравитација многу посилна од онаа на земјата пример црна дупка, на земјата би требало времето да измине многу побргу  ;D

Хаха, интересно ми е како само го повторуваш она што веќе го имам искажано :)

Иначе, тоа тврдење не ти е точно, т.е. гравитацијата со промената (дилатација) на времето нема врска, сѐ зависи само од брзината и референтниот систем на набљудување :) Веројатно не си го догледал документарецот до крај :)

Сега на друго-кажаното, доколку вселенски број, се најде на растојание каде што би се почуствувала гравитацијата од црната дупка, тоа би значело дека тој вселенски број го поминал event-horizon-от, така што ќе треба да се збогуваме со астронаутите засекогаш :)

Code: [Select]
https://en.wikipedia.org/wiki/Event_horizon

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
Одг: теорија за времето.
« Reply #8 on 01.09.2013, Sunday, 00:21:41 (Edited 01.09.2013, Sunday, 06:47:39) »
абе реков дека гледав на телевизија и незнам колку е точно али докажале дека се јавува мало задоцнувањње. јас мислам дека за да се вратиме во минатото ке требаам брзини близу до таа на светлината, но доколку пример ако во некој вселенски број неколкумина луге поминат мал период од 5-10 минути во зона со гравитација многу посилна од онаа на земјата пример црна дупка, на земјата би требало времето да измине многу побргу  ;D

Хаха, интересно ми е како само го повторуваш она што веќе го имам искажано :)

ако си решил да се мајтапиш со мене, ке те замолам да не пишуваш повеке на оваа тема. како што реков јас барам некое друго размислување, а не да ми кажува некој дали му е интересно нешто или не.  инаку го имам изгледано документарецот скоро до крај, едно 10 минути го пропуштив.  инаку да речеме дека постои начин да се извлечат астронаутите од црната дупка, да речеме некоја сила посилна од гравитационата сила не црната дупка  ;D во тероија би можело е сега дали ке може тоа да се изведе во пракса зависи од многу фактори.  ;D
Kure je kupio novog BMW-a

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Одг: теорија за времето.
« Reply #9 on 01.09.2013, Sunday, 00:23:34 »
Јас мислам дека теорија за времето е релативен поим но апсолутен поим е дека насловот на темата започнува со голема буква исто како и почетокот на реченицата !!!

Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Trolko

  • Guest
Одг: теорија за времето.
« Reply #10 on 01.09.2013, Sunday, 00:28:45 (Edited 01.09.2013, Sunday, 06:47:55) »
ако си решил да се мајтапиш со мене, ке те замолам да не пишуваш повеке на оваа тема. како што реков јас барам некое друго размислување, а не да ми кажува некој дали му е интересно нешто или не.  инаку го имам изгледано документарецот скоро до крај, едно 10 минути го пропуштив.  инаку да речеме дека постои начин да се извлечат астронаутите од црната дупка, да речеме некоја сила посилна од гравитационата сила не црната дупка  ;D во тероија би можело е сега дали ке може тоа да се изведе во пракса зависи од многу фактори.  ;D

Извини, јас го добив обратното мислење, јас цело време ти извадувам факти и референци, како и мое мислење.

Гравитационата сила, помеѓу сите сили што постојат (слаба нуклеарна, јака нуклеарна, електромагнетна и гравитациона) е најслаба, така да точно дека постои појака сила. Но она што го кажуваш - вадење на астронаутите после ивент-хоризонтот теоретски е невозможно :)

Читни :

Code: [Select]
http://math.ucr.edu/home/baez/physics/Relativity/BlackHoles/fall_in.html

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
Одг: теорија за времето.
« Reply #11 on 01.09.2013, Sunday, 00:34:47 (Edited 01.09.2013, Sunday, 06:47:28) »
Јас мислам дека теорија за времето е релативен поим но апсолутен поим е дека насловот на темата започнува со голема буква исто како и почетокот на реченицата !!!

Добро.

тролко, сите предмети што се наогаат во врна дупка се во состоја на мирување од која не можат да излезат, тоа го кажа ти и се согласувам со тоа. ;D но да речеме ако врз тој предмет се притисне со уште поголема сила од онаа на црната дупка, мислам дека ми било можно тој предмет да се придвижи и да излезе од врната дупка со што ке се врати во event хоризонтот  ;D
Kure je kupio novog BMW-a

Trolko

  • Guest
Одг: теорија за времето.
« Reply #12 on 01.09.2013, Sunday, 00:40:34 »
Добро.

тролко, сите предмети што се наогаат во врна дупка се во состоја на мирување од која не можат да излезат, тоа го кажа ти и се согласувам со тоа. ;D но да речеме ако врз тој предмет се притисне со уште поголема сила од онаа на црната дупка, мислам дека ми било можно тој предмет да се придвижи и да излезе од врната дупка со што ке се врати во event хоризонтот  ;D

Да расчистиме, предметите што се наоѓаат во црна дупка не се воопшто во мирување, затоа што истите не постојат. Црната дупка не се вика за џабе црна дупка. Секој предмет што ќе го помине event-хоризонтот останува *заробен* во истата т.е. информацијата за неготово постоење се заробува во event хоризонтот без можност за реконструкција.

Ова е вака затоа што црната дупка претставува точка во просторот која што ја искривува фабриката на простор-време (space-time) во истиот начин како што постојат непрекинатости во математички функции каде што нити може да се интегрира ниту диференцира. Линковите што ти ги дадов имаат доста информации да те воведат во правилна насока за размислување на ова поле, затоа што (изини ако грешам) мислам дека не си баш упатен во самата физика за црни дупки :)

Воедно навистина би ти ја препорачал книгата - Кратка историја на времето од Стивен Хокинг - таткото на теоријата за црни дупки и еден од врвните светски теоретски физичари.

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
Одг: теорија за времето.
« Reply #13 on 01.09.2013, Sunday, 00:48:25 »
епа тоа и јас сакав да кажам дека се што влезе во црна дупка фактички се зациментува во неа и се губи секаква информација за него во евент хоризонтот, но не и во црната дупка(барем јас така мислам) ;D е сега доколку се употреби некоја сила дали би можело предметот да се врати назад во евент хоризонтот?  патем како се губи можноста за реконструкција?  и да како што рече ти, кај црните дупки наместо се да се одвива праволиниски како во евент хоризонтот, се се одвива непредвидиливо. инаку точно не сум упатен баш во тоа, имам неколку пати прочитано некои статии за црните дупки ама не ме заинтересирале и тоа ти е. а ова за space time ме заинтересира од денес  ;D
Kure je kupio novog BMW-a

Trolko

  • Guest
Одг: теорија за времето.
« Reply #14 on 01.09.2013, Sunday, 00:51:00 »
епа тоа и јас сакав да кажам дека се што влезе во црна дупка фактички се зациментува во неа и се губи секаква информација за него во евент хоризонтот, но не и во црната дупка(барем јас така мислам) ;D е сега доколку се употреби некоја сила дали би можело предметот да се врати назад во евент хоризонтот?  патем како се губи можноста за реконструкција?  и да како што рече ти, кај црните дупки наместо се да се одвива праволиниски како во евент хоризонтот, се се одвива непредвидиливо. инаку точно не сум упатен баш во тоа, имам неколку пати прочитано некои статии за црните дупки ама не ме заинтересирале и тоа ти е. а ова за space time ме заинтересира од денес  ;D

ок брат мислам дека знам што е работата со физикава ;D мислам дека се ова има нешто врска со промената на температурата на времето денеска ;D па затоа мислам дека ќе биде супер ако цените на сирењето поефитнат ;D ;D нели ?

ок брат, позз