Аналогна електроника > Видео техника

Конвертор од дигитален во аналоген сигнал

(1/5) > >>

trouble92:
Дали некој знае каде можам да најдам вакво „чудо“, колку пари чини и дали без проблем ќе ги фаќам дигиталните канали? благодарам.

GigaWatt:
Како тоа „конвертор“? Па set top box-от е конвертор. Го конвертира дигиталниот MPEG-4 сигнал во аналоген A/V сигнал кој можеш да го приклучиш на секој телевизор со A/V влез. Не ми е јасно што бараш.

nsu:
Колку добро те сватив тебе ти треба дигитален ресивер за телевизорот пошто викаш кои канали ќе ги фаќам од дигиталниве.А не ти треба шема и ништо такво за DAC. Дигитални ресивери има во техномаркет и во нептун на пример и во доста други маркети за бела техника.Цената им е различна има од илјада и нешто денари па и некој има поквалитетни што се поскапи.Почекај може некој од поискусниве на форумов ќе ти пише и ќе ти објасни што како за дигиталните ресивери , на тоа ли мислиш ако те сватив добро :).Од овој ресивер ти добиваш А/V сигнал и си го поврзуваш на аналогниот CRT телевизор дома за да ги фаќаш дигиталните канали, телевизорот кој е нормално од оние со скарт и со А/V аудио-видео џек.Иначе антена ти треба обична незнам кај мене со најобична дипол фаќа :).И без проблем ги фаќам дигиталните канали.

didy:
насловот не кажува за што е конвертирањето, може и за аудио да е, на што да се конвертира? ??? ;D

GigaWatt:
Мислам дека сватив што бара. Бара рисивер кој ќе генерира RF сигнал и ќе може да го фаќа тој сигнал на обичен телевизор кој (најверојатно) нема A/V влез. Дали постои на пазарот ваков рисивер, не знам. Можеби и има некаде таков да се купи, но треба да се распрашаш. Оние обичнине, од Boom TV, немаат RF излез, само A/V имаат.

Некои сателитски рисивери имаат ваков RF излез и може да си подесиш на определен RF канал од ТВ подрачјето, да генерира сигнал самиот рисивер и потоа, само со обичен сплитер, да можеш истиот сигнал да го фаќаш на повеќе телевизори.

Ако веќе решиш да тргнеш по потрага на ваков рисивер, прашувај: „Дали може да подесам во менито на самиот DVB-T рисивер да го препраќа и модулира сигналот во обичните RF подрачја на ТВ сигналот (VHF, UHF), односно, дали ќе може потоа сигналот да го фатам преку обичниот антенски влез на самиот телевизор.“. Ако постои ваков рисивер и ако може ова да го прави, пиши, мислам дека оваа информација ќе им се најде како корисна и на другите членови со постари ТВ приемници.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version