Author Topic: Испитување на транзистори класичен метод  (Read 2250 times)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Класичен метод ?
Е тоа е да испитате со помош на ом метар каков тип се и дали се исправни без да кориситите некоој посебен инструмент за таа намена.
Погоден е за почетници кој не можат да се снајдат каков тип се транзисторите и дали се исправни

Прво што треба да направите е да знаете која нога што му е
Доколку се работи за ТО-92 пакување ( види слика подолу ) тогаш ако се гледа однопаку транзисторот лево е Емитерот, на средина е Базата и десно е колекторот, ова важи и за X-55 пакување-куќиште


Кај TO3 пакувањето редоследот е следен
кога ќе го свртиме од нопаку транзисторот гледаме  од која страна нозете се поблиску до дупчето за да можиме да се ориентираме, левото ноџе е База, десното ноџе е Емитер и куќиштето е колектор ( види слика подолу )


Исто така има и други типови на куќишта како што е ТО220
кај ним распоредот е најчесто следен: ако гледаме према лицето на транзисторот ( името да го читаме) тогаш лево е Базата, на средина е Колекторот и десно е Емитерот ( види слика подолу, има и за фет транзистори кој редослед го имаат).


Има и други куќишта на транзистори како што е ТО5 и ТО18 разлика помеѓу овие е големината само
За да одредиме кај овие типови кој е распоредот на нозете ти имаат една цртичка или парченце метал кое е понадвор од телото и тоа ни го обележува емитерот одма до него
ако го свртиме од нопаку транзисторот одма до цртичката е Емитерот, на средина е Базата, на крајот е Колекторот ( види слика подолу ).


Исто така има и други типови на пакувања на транзистори, ама овие се едни од нај користените.
Ова е доколку знаеме која нога што е и ни треба да испитаме дали е испрравен транзисторот, но исто така можеме да испитаме и која нога што е без да ги гледаме или знаеме овие работи со помош на мерења.

За тоа како се испитуваат ќе се послужам со две слики кој ги имам од една книга извадено ( Споеви со транзистори I книга и II книга ).
Транзисторите треба да ги гледате како две диоди ( слика подолу) и доколку знаете како се испитува диода ќе можете лесно да испитате дали работи или не.


На следнава слика подолу покажани ни се мерењата кој треба да ги извршиме


доколку ги гледате овие постапки на сликите мн. лесно може да откриете дали е исправен транзисторот и од кој тип е
ако се појави некоја друга вредност која не треба да ја има тука значи тој транзистор не е во ред
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес