Ова е многу стара опција и не сум сретнал по форумиве некој да се интересира во моментов за ова варијанта за приемник.Сега најчесто се користат и се изработуваат приемници со директна конверзија,кои ги има во повеке верзии: ламби,транзистори,специјализирани ИК.Директната конверзија е начин со релативно едноставни приемници да се слушаат кратки бранови,доста се селективни ,имаат солидна осетливост,но бараат добра антена.