Планот на АЕК е глупав. Звукот е до 20KHz, што значи дека долна граница за радио-комуникација би морало да е 20KHz бидејќи со секој аудио засилувач во суштина ќе го кршите законот (бидејќи теоретски звучникот е калем, поготово ако има долга жица помеѓу засилувачот и звучникот и голема снага - ете антена).
Меѓутоа проблемот за жал е друг. Фрекфенции под 100KHz е скоро невозможно да се предадат на етерот без многу големи антени. Има и исклучоци како на пример DCF77 стандардот кој предава сигнал за точно време на 77KHz и некои амерички воени инсталации за комуникација со подморниците дури и на пониски фрекфенции но ако увидите дека антената на американците е долга 200KM тогаш ќе сватите за колкава инвестиција станува збор.
Меѓутоа има и еден друг начин на предавање освен електромагнетно а тоа е - само магнетно. Направете го следниот „опит“ - земете долга тенка жица и обмотајте ја околу целата соба (по краевите) неколку пати - доволно за да кога ке ја измерите да биде околу 4-5 оми (ке треба да направите неколку „навои“ низ собата). Приклучете ги краевите на жицата на засилувач кој свири и пуштете го гласот до средина и повеќе. Земете од истата жица и намотајте на железно тело (голем штраф) колку што можете навивки тоа подобро и на краевите на оваа жица поврзете слушалки. Ќе ја слушате убаво музиката што свири од засилувачот. Ова е магнетно пренесување на звук. Проблемот е што надвор од собата нема да можете да слушате бидејќи сте надвор од магнетното поле.