Е па освен мене побараа и комшијата чичко Боро и другиот комшија дедо Панче,извини GigaWatt, у мањина си, демократија е ова,вечина одлучуе,ќе купуваш сет топ бос и оро ќе играш.
Добро де, јас си пишав дека мене ми пречи и дека јас не побарав. Тоа не значи дека само поради мене и уште 1000 луѓе (кои, барем според мене, размислуваат логично) владата ќе ја смени својата политика и дека ќе ја сопре дигитализацијата
. Мене не ми се допаѓа и само си кажувам зошто не ми се допаѓа
.
А околу купување на set top box, не се секирај, јас нема да купам
. Веќе имам кабелска, а кабелските оператори не се обврзани да го менуваат сигналот од аналоген на дигитален, така да, јас сеуште ќе си гледам стандарден аналоген сигнал
.
Нема пикселизација ни сецкање,не знам кај си го видел тоа, кај нас е супер.
Епа тебе ти се погодила локацијата, затоа и не ти сецка сигналот. Прашај дали е така секаде
. Ако е сигналот под определено ниво, сликата и звукот сецкаат. Јас ведаш би го заменил тоа секцање со еден куп шум и снег
. Не знам, мене ме нервира, како да гледам youtube клип кога сум на bandwidth limit :S. Благодарам, ќе си гледам шум, ама барем нема да ми сецка.
Разликата е иста како у времето од пред 50 години кога царувало АМ радио и ново било FM радиото, исто тогаш морале луѓето да купуваат нови FM приемници за да ги слушаат новите станици кои емитирале само на FM.Исто тогаш имало такви што мрчеле што морале да купуваат нови FM радија,а од сегашна гледна точка таквите ни се смешни. Дали некој сега би купил радио што нема FM туку има само АМ?
Транзицијата од AM на FM, барем во Европа, се одвивала глатко, долги години. А освен тоа, AM сигналот никогаш не бил сосема исклучен. И ден денеска има AM приемници и AM сигнал се зрачи. Можеби не зрачат многу радио станици (освен државните радио станици, не знам некој друг да зрачи AM сигнал во Македонија, но сепак, има барем една или две станици кои сеуште зрачат и сеуште може да се фати AM сигнал), но сепак, AM сигналот е сеуште жив. И сметам дека така треба да остане, секогаш да има барем некоја станица која ќе зрачи AM сигнал и тоа подрачје да не се укинува и да не се забранува. Освен тоа, при преминот од AM на FM, долг период истиот сигнал се зрачел и во двете подрачја, со таа разлика што сигналот на AM бил моно и фреквенциски ограничен. Дури на почетокот на 90-тите (кога веќе сите имаа радио приемници со AM и FM подрачје) сосема се згасна преносот на определени радио станици на AM подрачјето, но AM подрачјето е сеуште активно и не е забрането да зрачиш во тоа подрачје аналоген AM сигнал... за разлика од оваа ситуација, сега им се забранува на телевизите да зрачат аналоген сигнал во тоа подрачје
. Претпоставувам дека ја согледуваш разликата.
Не ти се исплати GigaWattt, 5000 денари < 160 евра!
Колку што знам ќе ти требаат 5 сателитски ресивера и 5 даљински да гледаш 5 различни ТВ канали на 5 телевизора, па онда уште помалце ти се исплати, 5000 денари << 800 (5x160) евра.
Можеби финансиски на краток временски рок, не ми се исплати, но на долг временски рок ми се исплати
. Не морам да одам и да купувам нов set top box секогаш кога ќе сакам да додадам нов телевизор
.
А околу тоа дека ќе ми требаат 5 сателитски рисивери за да гледам сигнал на 5 телевизори, грешка си
. Прочитај ми го добро post-от кој ми го имаш цитирано
. Убаво имам пишано дека има сателитски рисивери со
RF излези кои може да зрачат аналоген телевизски сигнал во стандардните подрачја (VHF, UHF), така да, си местиш на кој од аналогните канали кој сигнал од дигиталниот сателитски прием да се препраќа модулиран
. На некој начин, си прави „домашна кабелска телевизија“
.
Ако сакаш да ги гледаш сите програми од кабелска,ти треба нов тјунер за секој телевизор.
Ако од хипербандот ти требаат само македонските канали,онда може и сет топ бокс укључен на антена а не на кабелска.
@aanev: Во конкретниот случај, второто решение на Maki можно е да биде поевтино. Не знам како се движат цените на hyperband tuner-ите. Ако начекаш некој за 500 денари или нешто повеќе или помалку, повеќе ќе ти се исплати да купиш hyperband tuner отколку set top box. Ако е цената на tuner-от блиска до цената на set top box-от, дефинитивно повеќе ќе ти се исплати да купиш set top box бидејќи ќе биде компатибилен со се што моментално се воведува, а освен тоа, можеш да го преместуваш од телевизор на телевизор, за разлика од tuner-от кој е само за оној бренд и модел на телевизор во кој го имаш монтирано (или можеби за некоја определена група на брендови и модели, но сепак, не се универзални).
Не е монопол,секоја фирма може да увезе сет топ боксови и да ги продава,можеш и ти да увезеш,никој не ти брани.
Е не е баш така, треба да имаш склучено договор со владата на РМ за да можеш да го зрачиш сигналот, па треба да исполнуваш определени стандарди, треба да пополнуваш тендерска документација, тинтири минтири... значи не е баш „увези приемници од Кина и продавај ги тука“. Ако немаш лиценца за емитирање на сигналот, не можеш да продаваш set top box-ови бидејќи сигналот не е баш стандарден DVBT сигнал, таков сигнал предава само МТВ. Ако е стандарден сигнал, зошто ни е кажано да купуваме set top box-ови, а не DVBT приемници?
Не треба некој да е многу паметен па да биде сигурен дека такво нешто никогаш нема да се случи.
Времето ќе покаже. Веќе се случува тоа. На телевизија ни кажуваа да купуваме set top box-ови. Кој е дистрибутер на тие box-ови? One. Кој ги произведува тие box-ови? Sagem. Крај, нема муабет
.
Па оној од One (Sagem),не сум чул дека се продава и некој друг сет топ бокс.
Хахаххаха
, сам си го одговори претходното прашање
.
Е тука си у поголема грешка! Секој може да увезе,а One мора да емитира стандарден DVB сигнал што ќе може да го прочита секој сет топ бокс или секој LCD TV со уграден DVB тјунер (важи само за македонските станици). Према тоа, ништо на предавателите не смеат да сменат,нема монопол.
Добро, еве, уште еднаш ќе ти го поставам прашањето. Ако е ова точно, зошто тогаш на телевизија им кажуваа на гледачите да купуваат set top box-ови (кои BTW, само One ги имаат како „име на уред“), а не ни кажуваа да купуваме DVBT приемници? Ако секој DVBT приемник може да го декодира сигналот (да, ќе го декодира, ама само на МТВ
, не и на останатите телевизии), зошто не кажуваа да купуваме DVBT приемници?
Не е логично МТВ да ти даде бесплатно ресивер. Сител, Канал 5, Телма и другите приватни ТВ не ги плаќаш а ги примаш на истиот ресивер.
Да, ама како државен сервис (другите се национални телевизии, не државни, може и обратно да беше, не ми текнува сега), она треба мене да ми обезбеди начин да го примам нејзиниот сигнал. Истиот проблем беше и претходно со руралните средини и сигналот на МТВ кој беше најдобар, но далеку од сјаен, а на некои места воопшто и не се фаќаше. И зошто да плаќаат радио-дифузна такса тие „гледачи“ кога воопшто не го примаат сигналот или е толку лош, што воопшто не може да се каже дека се гледа нешто? Па нели е тоа поентата на радио-дифузната такса, да ми обезбеди на мене начин јас да можам да го следам сигналот на државниот сервис... и плаќаш и плаќаш и плаќаш и сигналот е пак за никаде
. Па зошто па сега пак да морам да платам set top box за можам да го следам сигналот на МТВ? Мене не ме интересира што и други телевизии можам да фатам со тој рисивер, ако имаше рисивер со кој ќе можев да гледам само МТВ и ако МТВ го даваше бесплатно или, ако не повеќе, барем субвенционираше дел од цената на рисиверот, немаше ништо да спомнам... на место е работата.
Многу работи изнакажа, али избегна да кажеш нешто за она главното: One мора да емитира стандарден DVB сигнал што ќе може да го примаат сите стандардни DVB ресивери, нема везе тука картичката. Према тоа, у грешка си, немаш контрааргумент.
По трет пат, зошто на телевизија кажуваат да купуваме set top box-ови ако секој стандарден DVBT рисивер може да го декодира сигналот?