Е па јас побарав таква услуга,
Епа јас не побарав и сметам дека треба да ми остане изборот мој, дали ќе следам аналоген или дигитален сигнал, а не да бидам приморан да купувам дополнителна опрема. Мене не ми пречи снег дури и многу да има, воопшто не ми пречи. Многу повеќе ми пречи „сец сец“ и пикселизација на сликата. Не ради друго, и звукот почнува да сецка и всушност тоа ме нервира
Е па освен мене побараа и комшијата чичко Боро и другиот комшија дедо Панче,извини GigaWatt, у мањина си, демократија е ова,вечина одлучуе,ќе купуваш сет топ бос и оро ќе играш.
Нема пикселизација ни сецкање,не знам кај си го видел тоа, кај нас е супер.
требаше да остават опција кој сака да си користи аналогна, кој сака дигитална, само тоа кажувам, не треба да се гасат аналогните предаватели бидејќи, сега и оние кои имале совршено добар прием (или задоволителен) мора да купат set top box
Со дигитализацијава, јас сум приморан да купам додатна опрема за да можам да следам било каков терестријален пренос. Се надевам, ја согледувате разликата .
Разликата е иста како у времето од пред 50 години кога царувало АМ радио и ново било FM радиото, исто тогаш морале луѓето да купуваат нови FM приемници за да ги слушаат новите станици кои емитирале само на FM.Исто тогаш имало такви што мрчеле што морале да купуваат нови FM радија,а од сегашна гледна точка таквите ни се смешни. Дали некој сега би купил радио што нема FM туку има само АМ?
никој од set top box-овите кај нас нема RF илез за да можеш да си местиш по желба канали на секој од аналогните RF канали,
А што правиме ако дома имам 5 телевизори? Треба да фрлам 5000 денари за 5 set top box-а, а за 160 евра имам сателитски рисивер со RF излез, со контрола на мотори, заедно со монтажа, на принципот „далечинско на рака“. Можам ако сакам да врзам и 10 телевизори на него без некоја специјална дополнителна опрема (освен сплитери кои и онака не се скапи, а и не трошат струја). Зар не мислиш дека повеќе ми се исплати оваа инвестиција?
Не ти се исплати GigaWattt, 5000 денари < 160 евра!
Колку што знам ќе ти требаат 5 сателитски ресивера и 5 даљински да гледаш 5
различни ТВ канали на 5 телевизора, па онда уште помалце ти се исплати, 5000 денари << 800 (5x160) евра.