Author Topic: Aналогната телевизија си заминува во историјата  (Read 26336 times)

Offline AMPER

  • Нов член
  • *
  • Posts: 14
Одг: Aналогната телевизија си заминува во историјата
« Reply #15 on 25.05.2013, Saturday, 14:54:33 (Edited 25.05.2013, Saturday, 15:46:53) »
На што треба да се обрати внимание пред да се купи нов  телевизор, доколку го менувате или немате !!!!!

 Доколку се  купува нов ТВ-приемник со вграден тјунер неопходно е тој да поддржува DVB-T и MPEG-4 и пожелно е да прикажува телевизија со висока дефинција – HD Ready или FullHD.доколку не ги разбирате терминологиите побарајте помош од наши членови кои се повеке навлезени во проблематиката

Ова е особено важно затоа што има многу заостанати резерви во соседните земји кои не ги подржуваат горе наведените стандарди , и користејки го техничкото незнаење  на луѓето  ке покушаат со нмногу атрактивни цени да ги продадат залихите , затоа треба тие што купуваат посебно да бидат внимателни !!!!

Споено мислење: [time]25 Мај 2013, 13:57:54[/time]
КОИ СЕ ПРИДОБИВКИТЕ ОД ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА И ЗОШТО ТАА ВООПШТО СЕ ВОВЕДУВА !!!!!

Придобивките  од дигитализирањето на телевизискиот сигнал се воглавном следните

-     подобра и поквалитетна слика и звук;

-     поголем број на програми;

-    повеќеканален тон, т.е  дополнителни услуги како титлување на повеќе јазици и можност за избор на саканиот јазик . На пример, при гледањето фудбалски натпревар може да се избере на кој јазик се сака да се гледа натпреварот);

-    електронски програмски водич, односно телевизиски водич со термин на прикажување и опис на емисиите до седум дена однапред, ова мислам ке биде задолжително, не ме држите за збор.

-     прием на телевизиските сервиси ( програми) и со други „паметни“ уреди и средства (персонален компјутер, телефон, лаптоп, таблети и друго.


-    побрз телетекст;

-    3D телевизија, кај нас нема можеби да стартува одма но во Франција е веке во комерцијална употреба .

-    можности за интерактивна телевизија со употреба на интернет врска, информативни услуги (datacasting), купување и плаќање од дома, интегрирање на интернет апликации како социјални мрежи , портабилен и мобилен прием.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Кај дигиталната телевизија има еден недостаток, имено ако живеете во рурално подрачје каде сигналот е слаб нема да можете да ја гледате дигиталната телевизија или сликата ке пикселизира до толку да не можете ништо да видите, а кај аналогната телевизија и да е слаб сигналот нешто од нешто ке видите, ке чуете и ке разберете. Ама во денешно време се се гледа од економски аспект, на еден канал може да се сместат повеќе дигитални, помала потрошувачка на стрија, помали расходи... од друга страна ХД.
Еве кај мене треба 50% сигнал да има за да може да се гледа како што треба па дури одвреме навреме има пикселизација, па треба да е 80-90% сигналот за да нема никаква пикселизација, а кај аналогната телевизија и со 20% сигнал нешто ке видам.
Иначе како за илустрација, во Македонија а и во светот сеуште има активни АМ радио предаватели кои трошат стотици киловати па и мегавати а знаеме дека АМ емитувањето е нај стариот начин на емитување на аудио преку радио сигнал кој и ден денес се користи.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline daniel spasovski

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1330
  • Gender: Male
Колеги , овие денови треба да ставам кабловска , ама само кабловска па сакав да ве прашам дали има начин да купам некој модем , или сплитер или како и да го наречам и наместо да го вметнам кабелот во телевизорот да си го поделам сигналот и да имам и интернет и кабловска .. Али секако , без да плаќам .. :D

Offline AMPER

  • Нов член
  • *
  • Posts: 14
Одг: Aналогната телевизија си заминува во историјата
« Reply #18 on 25.05.2013, Saturday, 15:06:33 (Edited 25.05.2013, Saturday, 15:57:10) »

КАДЕ ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ КУПИ СЕТ ТОП БОКС?

Сет топ бокс ќе може да се купи во сите продавници на операторот „Оне“ и во продавниците за ТВ & аудио опрема. Доколку  сет топ боксот се купи од „Оне“, крајниот корисник ќе има избор дали ќе купи само сет топ бокс за да ги гледа програмите исклучиво на домашните телевизиски станици или ќе се претплати на некоја од услугите коишто  „Оне“  ќе ги понуди (со вклучени странски канали).


Споено мислење: [time]25 Мај 2013, 14:09:31[/time]
Оние граѓани кои гледаат телевизија преку кабелските оператори, Boom TV, MaX TV, и мислам телекабел нема да бидат засегнати со исклучувањето на аналогниот телевизиски сигнал и тие домашните телевизиски канали ќе можат да ги гледаат како и досега. Нормално плаќајки си ги секој месец сметките за услугите на операторите преку кои го добиваат ТВ сигналот.

Останатите граѓани коишто домашните телевизиски канали ги примаат со обична антена,бесплатно,  на постар модел на телевизор и не се претплатени на услугите на некој кабелски оператор или оператори како Boom TV, MaX TV,Телекабел, ќе треба да купат или посебен уред наречен сет топ бокс или телевизор којшто има вграден дигитален приемник – DVB-T стандард. Во двата случаи антена ќе биде потребна. Затоа не ја фрлајте старата антена!ке ви треба усте и ке си ја врши својата функција.


 :)

Споено мислење: [time]25 Мај 2013, 14:18:06[/time]
Помегу другото да додадам и ова , Дигиталниот начин на пренос на сигналот носи многи поквалитетни слика и тон и други нови услуги, а дигитализацијата  овозможува воведување и на 4G (четврта генерација на широкопојасни мобилни мрежи) со што се обезбедува голема брзина на интернет пристап.

 IN GENERAL,  ако сумираме се  , во добар правец се движат работите , процесот на дигитализација во радио комуникациите е незапирлив.Во Јапан веке оперативно се постигнати брзини на мобилен интернет 250Mb/second, во динамички режим со двизење на возило со 100КМ/Ч

 :)

Споено мислење: [time]25 Мај 2013, 14:33:04[/time]
И за крај уште нешто, дали можеби со влез на новите технологии во мобилните телекомуникации, ке се случи нешто исто и како со преод од аналогна на дигитална телевизија, те. дали овој систем на мобилни телекомуникациски услуги кои денеска го познаваме ке исчезне и ке биде заменет со нови посовремени платформи,кои од своја страна ке понудат услуги кои кои сега се потполно непознати и невозможни, тоа е нешто што за многу кратко време ке го видиме .

 :)

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 490
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Колеги , овие денови треба да ставам кабловска , ама само кабловска па сакав да ве прашам дали има начин да купам некој модем , или сплитер или како и да го наречам и наместо да го вметнам кабелот во телевизорот да си го поделам сигналот и да имам и интернет и кабловска .. Али секако , без да плаќам .. :D
изводливо е да се кради...плаќаш кабловска, а имаш и нет и тв, треба да се качиш на бандера, да го видиш кабелот кој оди до кај тебе и да го отстраниш филтерот! е другиот дел софтверски не го имам правено, и ти треба да купиш модем.

Најди некој шо го има тоа правено, затоа што не е наједноставно. А доколку успееш редовно плаќај за да не дозволиш да се качат на бандера. Ако видат, си нае*ал! :D

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Aналогната телевизија си заминува во историјата
« Reply #20 on 25.05.2013, Saturday, 16:34:40 (Edited 25.05.2013, Saturday, 16:36:16) »
 DVBT е само прелазна фаза и не верувам дека за долго ке остане во функција.Сепак иднината на телевизијата е секако директното сателитско емитување или уште поверојатно  интернет-преземањето,Зборувам за масовното користење на ТВ .Дотогаш ке биде веројатно измислен систем голем колку обичен УСБ стик преку кој ке може да се прима ТВ сигнал било каде да си идефинитивно и кабловска ,а и класичните предаватели ке отидат во историја.Сепак,аналогниот сигнал нема во потполност да згасне,бидејки некој компании веке размислуваат за некои други видови пренос на информации ,каде аналогната ТВ емисија може да се искористи.Ке почекаме и ке видиме,

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Aналогната телевизија си заминува во историјата
« Reply #21 on 25.05.2013, Saturday, 17:10:21 (Edited 25.05.2013, Saturday, 17:20:16) »
Да момци, точно во 24.00ч на 31 мај терестријалниот сигнал онаков каков го знаеме оди во историја ,овој преод има третман на револуција исто како кога се преоѓаше од црно бела телевизија во боја.

Па, искрени да бидеме, тоа и не беше некоја голема револуција. Сите знаеме зошто е толку комплицирано кодирањето и мултиплексирањето на аналoгниот колор сигнал, за да може да остане компатибилен со старите црно бели аналогни приемници. Што, од аспект на backwards compatibility е одлична одлука... можеби не толку добра од технички аспект (само се искомплицираа работите).

Како и да е, при преминот од црно-бела аналогна телевизија на колор аналогна телевизија, никој не мораше да купува додатна опрема за да може да го гледа колор сигналот (сосема добро си работеа и црно-белите и колор телевизорите), а сега, мора да купам додатна опрема за да можам да го следам новиот дигитален сигнал... па и не само тоа, додатната опрема не е обичен DVBT рисивер, туку е рисивер на Boom TV... а зошто па да морам да купам рисивер на Boom TV? Ќе ми објасни некој? Зошто да не можам да го користам било кој DVBT рисивер за примање и декодирање на дигиталната телевизија? По некоја логика, ако станува збор за стандарден DVBT сигнал, би требало да можам со било кој DVBT рисивер да го примам сигналот, нели?

Не сум против напредок, но сум против купување на додатна опрема за следење на нешто што бесплатно се емитира. Можеше паралелно да се пренесува аналогниот и дигиталниот сигнал определено време, на пример 10-тина години, се додека не се „исчистат“ сите аналогни телевизори од домовите на корисниците.

И уште една работа која исто така ме нервира, морам да имам AV односно SCART приклучок на телевизорот за да можам да ги следам програмите... добро, не биваше производителите да направат еден RF излез, како што често имаа VHS плеерите и рикордерите, па да можам сигналот да го следам и на постари телевизори без AV или SCART приклучок ::)?

Кај дигиталната телевизија има еден недостаток, имено ако живеете во рурално подрачје каде сигналот е слаб нема да можете да ја гледате дигиталната телевизија или сликата ке пикселизира до толку да не можете ништо да видите, а кај аналогната телевизија и да е слаб сигналот нешто од нешто ке видите, ке чуете и ке разберете. Ама во денешно време се се гледа од економски аспект, на еден канал може да се сместат повеќе дигитални, помала потрошувачка на стрија, помали расходи... од друга страна ХД.

Токму така... а да не спомнуваме и frame freezing... па ќе ти се одмили гледање на телевизија. Мене лично ако ме прашувате, префрлањево од аналогна на дигитална е одличен начин луѓето од руралните средини да ги откажете од гледање телевизија ;D.

И имам уште едно прашање, кога веќе сме на темата околу тоа кој го предава дигиталниот сигнал. Кој всушност го предава дигиталниот сигнал на телевизиите? Boom TV? Само Boom TV има право да го предава тој сигнал? Предавателите се негови? Ако е ваква ситуацијава, значи Boom TV има целосна контрола врз сигналот, а не медиумите чии сигнали се предаваат ::). Не знам за вас, ама ова мене ми изгледа на монополизација на пазарот и не гледам некоја придобивка од ова ::).

IN GENERAL,  ако сумираме се  , во добар правец се движат работите , процесот на дигитализација во радио комуникациите е незапирлив.Во Јапан веке оперативно се постигнати брзини на мобилен интернет 250Mb/second, во динамички режим со двизење на возило со 100КМ/Ч

Зар навистина ќе ми треба да гледам телевизија додека возам? Не се смета ова за дистракција? Мој познаник го казнија за јадење во кола ???... објаснувањето било дека јадењето претставува дистракција на возачот. Па во тој случај, јас не треба ништо да правам додека возам, ни да пушам цигара, ни да слушам музика, ни да правам муабет, а особено не да гледам телевизија ;D. Значи, всушност, со оваа „предност“, мене всушност ми се зголемуа ризикот за правење на сообраќајна несреќа ;D. Дури и јас да не сум оној кој гледа телевизија (на пример, сувозачот гледа телевизија), сепак, го слушам звукот, а и тоа е дистракција ;), нели. Се гледа, могу арно ми мисли на мене дигиталнава телевизиска технологија ::).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Одг: Aналогната телевизија си заминува во историјата
« Reply #22 on 25.05.2013, Saturday, 17:54:29 (Edited 25.05.2013, Saturday, 18:03:50) »
....
И имам уште едно прашање, кога веќе сме на темата околу тоа кој го предава дигиталниот сигнал. Кој всушност го предава дигиталниот сигнал на телевизиите? Boom TV? Само Boom TV има право да го предава тој сигнал? Предавателите се негови? Ако е ваква ситуацијава, значи Boom TV има целосна контрола врз сигналот, а не медиумите чии сигнали се предаваат ::). Не знам за вас, ама ова мене ми изгледа на монополизација на пазарот и не гледам некоја придобивка од ова ::).
...

Официјално се 3 оператори кои ќе го емитуваат дигиталниот сигнал: ЈП Македонска Радиодифузија, Оне и DigiPlus Media, ама последниов е дел од групацијата Оне, така да реално се два. ЈП МРД ќе ги емитува програмите на државнната телевизија (МРТВ) а Оне (и диги плус) на сите останати.


Инаку, и досега колку што знам, нема секој медиум сопствен предавател, особено оние што емитуваат низ цела Македонија.

Споено мислење: 25.05.2013, Saturday, 18:03:50
...
Зар навистина ќе ми треба да гледам телевизија додека возам? Не се смета ова за дистракција? Мој познаник го казнија за јадење во кола ???... објаснувањето било дека јадењето претставува дистракција на возачот. Па во тој случај, јас не треба ништо да правам додека возам, ни да пушам цигара, ни да слушам музика, ни да правам муабет, а особено не да гледам телевизија ;D. Значи, всушност, со оваа „предност“, мене всушност ми се зголемуа ризикот за правење на сообраќајна несреќа ;D. Дури и јас да не сум оној кој гледа телевизија (на пример, сувозачот гледа телевизија), сепак, го слушам звукот, а и тоа е дистракција ;), нели. Се гледа, могу арно ми мисли на мене дигиталнава телевизиска технологија ::).
....

ова се однесуваше за трансфер на податоци  не за телевизија..
може и други намени да има... на пример родителот да постави камера на возилото и да гледа каде вози неговото дете :)  ;D ..., сега можда не е баш најдобар пример ама
Life is too short to remove USB safely ..

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3185
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Да де, може и големиот брат да постави камера (и микрофони) во возилото за „твое добро“, нели... ;)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Да де, може и големиот брат да постави камера (и микрофони) во возилото за „твое добро“, нели... ;)

Да да, се разбира ;). Се е за мое добро ::).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline AMPER

  • Нов член
  • *
  • Posts: 14
Одг: Aналогната телевизија си заминува во историјата
« Reply #25 on 25.05.2013, Saturday, 21:01:11 (Edited 25.05.2013, Saturday, 21:06:53) »
Краен рок за исклучување на аналогното емитување на телевизиските содржини во Европа е 2015 година, а го утврди Интернационалната телекомуникациска унија.
-Тоа значи дека обврската за дигитализација е меѓународна, но сепак секоја земја одлучува за начинот на кој ќе премине кон дигитално емитување


Споено мислење: 25.05.2013, Saturday, 21:06:53
Со стартот на дигитализацијата од 1 јуни  ќе се ослободи поголем фреквенциски опсег што ke овозможи за 16 пати да се зголеми бројот на програми (од сегашните 49 на 400) што ќе им се понудат на македонските граѓани кои ќе ја следат телевизиската програма преку дигитален сигнал. Поради неколкукратното зголемување на преносните капацитети

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Слава и на аналогната телевизија ,добра беше,добро и се стори.Нема да жалиме за неа,а и дигиталнава по содржина не е ништо содржински подобра од предходната.Бидејки не сум претеран зависник од телевизија,мене лично многу тоа не ме погодува ;D ;)

Offline AMPER

  • Нов член
  • *
  • Posts: 14
ОК, момци тоа е тоа , сега на ред доагаат радијата , кај да е за кратко време и тоа ке се случи, од FM radio ке одиме на DAB - Radio шоуто мора да продолжи

 ;)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Краен рок за исклучување на аналогното емитување на телевизиските содржини во Европа е 2015 година, а го утврди Интернационалната телекомуникациска унија.

Јасно ми е која и е целта на ITU и не е да им се овозможи на граѓаните подобар телевизсики прием... крајната цел, како и секогаш, се пари и корпорациите кои ќе ќарат со овој премин ::). На крајот на краиштата, најголеми „спонзори“ на ITU се токму телекомуникациските гиганти ::).

Со стартот на дигитализацијата од 1 јуни  ќе се ослободи поголем фреквенциски опсег што ke овозможи за 16 пати да се зголеми бројот на програми (од сегашните 49 на 400) што ќе им се понудат на македонските граѓани кои ќе ја следат телевизиската програма преку дигитален сигнал. Поради неколкукратното зголемување на преносните капацитети

Колку поголем избор имам, толку повеќе не сакам да гледам телевизија.

Нема да жалиме за неа,а и дигиталнава по содржина не е ништо содржински подобра од предходната.

Токму тоа што сакам да го кажам. Од што имам толку голем „избор“, искрено веќе не сакам да имам избор.

ОК, момци тоа е тоа , сега на ред доагаат радијата , кај да е за кратко време и тоа ке се случи, од FM radio ке одиме на DAB - Radio шоуто мора да продолжи

И ќе треба да купуваме нови радио приемници ::)... ајдеееееее, се јово наново ::).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Ако има некој поупатен во DVB-T технологијата ме интересира нешто, во зоната D8 во која е Скопје има МРД има 6 предаватели, а како што знаеме во тој реон има 2 фрекфенции односно 23 и 52 канал. Па како нема интерференција бидејки сите трансмитери емитуваат на тие два исти канали ?




Друго нешто што ме интересира е поврзано со LTE технологијата, дали некој знае со колку mW или W максимум зрачи мобилниот телефон кога ја користи LTE мрежата и колкав може да биде максималната оддалеченост измеѓу базната станица и телефонот?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.