Author Topic: Потребна ми е шема за регулирање на бројот на вртежи на електромотор  (Read 1672 times)

Offline JovanOH

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 203
  • Gender: Male
Еден другар сака да направи регулација на бројот на вртеши на електромотор за 9VDC. Регулацијата на бројот на вртежи треба да се прави со помош на промена на струјата, а не со промена на напонот, па сега би ве замолил некој да даде предлог шема за да се изработи уредов.

Се извинувам ако темата не е поставена на соодветно место.

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
ааах...па ако се менува струјата ке треба да се менува и напонот...али ако сака со константна струја да го контролира нека направи некој извор на константна струја и готова работа...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline malkjos

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 81
Еве една добра работа (импулсно ширинска контрола)
Пробаја, работи добро
поздрав

Offline mkfe

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 151
Почитуван JovanOH,

Вие ни кажавте дека се работи за DC мотор за работен напон од 9VDC.

Меѓутоа, не специфициравте каков е моторот по изведба/тип? Дали е со четкици, дали има возбудни/побудни намотки или е со природни магнети, дали е без четкици (со магнетни сензори),.... и т.н.

Истотака, под "контрола на вртежи", лесно е да се направи контрола на вртежите под константно оптеретување на моторот, која контрола ќе се задоволи со едно рачно подесување на вртежите.

Но во случаеви на променливо оптеретување на моторот, е многу посложена тема.....каде што без автоматизирана контрола,  би се свело на постојано рачно менување на контролата (вртежите) за да се одржуваат констатни вртежи при различни оптеретувања ...

Напонот и струјата низ моторот се зависни меѓу себе (случно на коментарот на malkjos), и при промена на едното се менува и другото. Дополнително, со промена на оптеретувањето, вртежите како и во зависност од типот на изворот на електрична енергија на кој е поврзан моторот (контролерот), пак се менуваат напонот/струјата на моторот (макар и кажано како ефективни вредности на напон и струја).

Шемата што Ви ја приложи malkjos, е убава, и квалитетно работи кај DC мотор со перманентни магнети и четкици (проверено). При што повторно ако се промени во поголем дијапазон оптеретувањето на моторот, последица е промана на вртежите. При зголемување на оптеретување, вртежите опаѓаат.

P.S.
Една од постарите методи за контрола на вртежи, ако се посакува одржување на константни вртежи при променливо оптеретување, е со мерење (сензори за) вртежи на моторот, кои "вртежи" како сигнал се носат како повратна врска во контролерот.

Поздрав,
mkfe.

Offline malkjos

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 81
Со таа шема јас имам направено центрифуга за цедење на мед.
Работи на 12 волти а моторот е 100 тина вати. (јака струја)
Работи многу добро.
Поздрав