Бадијата и нова плочка да направиш,ако истите грешки ги направиш! Подобро побарај низ Гугл какви се грешки има направено ( намерно или ненамерно) авторот и каде и како се исправени! Дури мислам дека и едно ИК беше обратно врзано.Значи,правило е да почнеш со нешто поедноставно.Сигурен сум дека само со унимер не се прави толку сложен предавател.Сепак не е се во лемењето на елементите и готово! Не си ниту прв ,а ни последен што заглавил така.Сепак е ова малку посложен проект и бара искуство со помалку сложени уреди.РФ техниката бара и солидно познавање на работата на елементите,познавање на работа со ТТЛ сонда,осцилоскоп ( скоро обавезно),а за подесување на предавателот се потребни и други ,пред се познавање на антени,употреба на SWR метар,неколку ситни * финти* .И на крај- за овој предавател постојат законски ограничувања и следат ригорозни казни ако те фатат во нелегално емитирање.Со ова опрема која сега ја има АЕК,верувај тоа е лесно.
И на крај- Многу е тешко од слика да се укаже грешката.Вакви проекти без мерење,проверка дел по дел,степен по степен,не е можно со гледање да се поправат.
Добар линк:
http://www.vasynet.com/downloads/index.php?dir=doc2/elektro/elektro/FM%20ado-vevo/FM%20Ado-vevo%20(htm)/Egyeb/&sort=date&order=asc