Ептен обврски не стигнав да одговорам.
Проблемот ти кажав дека е до електролитите,немало потреба од замена на стабилизаторот ама ај,за друг пат....Иначе ептен се со лош квалитет кинеските и со чуден размер ставани.Има напон од 15 волта ставаат електролит лимитиран на 16 волта......Кинеска работа.
И уште нешто што сакам да напоменам а немора да е така,читајки низ форумов гледам дека доста членови при работа поготово на Тв апаратите се базираат на проверка со ЕСР-метарот.Лично јас до ден денес освен во некои специфични околности кај некоја специфична електроника каде што се сретнуваат несекојдневни вредности ЕСР-метар не сум употребил.Единствено доверба имам во нов електролит.И затоа ги менувам колку што можам повеке.А посебно во напонскиот дел каде што ги менувам сите до еден па продолжувам натака,тоа секако во случаи како твојов.
И пак ке кажам дека не мора за сите ова да значи нешто.Јас работам на овој начин.