Сакам да направам исправувач за заварување на базични електроди, потребни се 160А(толку е трафото) и напон околу 5-60 волти, па сакав да ставам 8 диоди од по 100А или ако имаш некои 150-200 А диоди...И да имаш диоди од 200 Амп нема да можеш да заваруваш со базична електрода затоа што освен диодите (4 во мост) треба да имаш и DC пригушница која би тежела околу 1/3 од трафото. Без таа пригушница лакот се гаси и електродата лепи. Друго, трафото најверојатно не ти е 5-60V туку ти е 40V до 42V како кај секој апарат за заварување кој работи со нормални (рутилни). електроди. Ако имаш напон на празен од 65V не ти треба исправувач. Тој трансформатор заварува базична електрода без исправување. и Трето и да имаш апарат кој работи со базична електрода. За да заваруваш со базична електрода и со најдобриот апарат треба да си PRO. Таа тешко се пали а треба да ја "тераш" со многу краток лак. Тешка е за работа. Заварувањето не е лемење.