Македонски форум за електроника
Огласи и понуди => Продавам => Topic started by: AMPER on 21.12.2012, Friday, 12:41:31
-
Продавам 2 трансформатори 220V примар/ секундар 11.5 V 5А /60W,германско производство , работна температура 60 целзиуси, гланц нови - слим , како за халогени сијалици, по GE стандард, со комбинација на двата примара може да се добие 24V напон со 5А ,
Ги продавам поевтино од што сум ги купил по 380 ден парче ,мене ми се вишок
Гланц нови трафа !!!!
Дополнување , трафата се пресвлечени со двокомпонентна полиестерска смола , тоа им дава заштита од влага и во случај на преоптеретување заштитени се од пожар, има голем степен на феромагнетно искористуванје и димензиите им се компактни , нема лажење во снагата зад тоа стои реномиран германски производител , реално се некаде над 600 ден, и се по најсовремени светски стандарди , долг век на експлоатација под номинални услови на користење.
-
Може ли некоја слика од трафата ???
-
Слика може , но да ти кажам најискрено имам проблем како да ја вметнам ,дали може да ми помогнеш, мислам детално да ми објасниш како да ја поставам на текстот , нов сум на сајтот и сеуште го проучувам
Позз,
-
Најди некоја страна на нет што ке ја користиш како сервер каде што ќе ги уплодираш сликите, еве ти пример
http://imageshack.us/
, потоа откако ке зарвши се ќе ти даде линкови и до линковите пишува кој е за што. Имаш за на форум да ја поставиш, директен линк итн.
-
кажи ми те молам како линкот сто ке го поставам да биде код , посто веке еднас сум опоменат од модераторот да биде код
-
Тој линк, бидејќи е слика, не мора да биде код. Кога пишуваш порака, кликни на икончето "Вметнете фотографија", со што ќе се појават img тагови кадешто треба да го вметнеш линкот до сликата.
-
кажи ми те молам како линкот сто ке го поставам да биде код , посто веке еднас сум опоменат од модераторот да биде код
Тоа не важи за post-ирање на слики, сликите си се post-ираат најнормално, како слика. При upload-ирање на сликата, имаш forum code, може да го искористиш тој код, а може и да ја поставиш сликата со твој код, но ти треба директниот линк од сликата (линкот кој ја отвора само сликата, а не и дел од сајтот и рекламите на него). Кодот би изгледал вака:
[img]http://www.nekojsajt.com/slika.jpg[/img]
Во средина, меѓу свата img tag-а, го поставуваш линкот од сликата и тоа е тоа ;).