Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Предаватели => Topic started by: batka on 21.09.2012, Friday, 04:39:20

Title: Стабилен двостепен ФМ предавател
Post by: batka on 21.09.2012, Friday, 04:39:20
Од вакви предаватели ме боли глава,бидејки најчесто се работат од апсолутни почетници и има доста проблеми кои се јавуваат поради елементарно незнаење.Ама ова шема ја изработија *стари* мајстори и од прва проработе без проблеми.Сите податоци се тука: место BF494 ставиле 2N2222 .Мој совет при проектирање на плочката да не ги ставате калемите преблизу (значи не премногу минијатурна плочка),степените може да се одделат со преграда од парче бакарен  или во краен случај конзервен лим,излезните калеми со 7 навојки ставете ги под агол од 90 степени.Заподесување направете еден прост мерач со две намотки на тело 8 мм и сијалица од 3,5V ,споени паралелно и со тримерите и растегнување на намотките покушајте да добиете максимум светење на сијаличката.Намотката L2  ставете ја во L1. Антената беше 70 см вертикала на извлекување поставена на метален држач преку пластична изолација и поставена на околу 4 метри висина.Домет? - боли глава-цела населба во круг од километар ја направија *попара* и не верувам дека некој слушаше нешто другона FM цело попладне, освен Леб и Сол и Лева патика ;D ;D ;D Еве шема и основни податоци:
Title: Одг: Стабилен двостепен ФМ предавател
Post by: DX-er on 21.09.2012, Friday, 09:57:43
место BF494 ставиле 2N2222
Може и BF220 наместо BF494 само што ке има помала снага со замената.
Наместо 2N3866 ставете го 2N4427 и ке имате по силен сигнал.