Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Побарувања => Topic started by: munja on 05.09.2012, Wednesday, 15:01:16

Title: Антена и засилувач за факање сигнал од кабловскиот оператор ?
Post by: munja on 05.09.2012, Wednesday, 15:01:16
Живеам во зграда привремено во мојот стан нема приклучок за кабелска и ми бараат висока сума за приклучок, е сега јас пробав со една антена за надворешна употреба и ги факам сите канали од кабловската но проблемот е што кај некој сликата не многу лоша и бара многу местенје-подесуванје пример 3 4 канали е добри во одредена положба а за другите мора да се менува положбатаа, е сега прашањето дали со појачувач ке добријам подобри резучати и каква антена треба да користам за да немора да се врши толку подесување ? И да напоменам дека во близина на зградата има многу кабли од кабловската што значи тие го зрачат сигналот што јас го факам.
Title: Одг: Антена и засилувач за факање сигнал од кабловскиот оператор ?
Post by: GigaWatt on 05.09.2012, Wednesday, 16:14:54
Чекај малку друже, не ми е јасно ;D. Како фаќаш сигнал од кабловски оператор со антена за ТВ ;D?
Title: Одг: Антена и засилувач за факање сигнал од кабловскиот оператор ?
Post by: LordZi on 05.09.2012, Wednesday, 16:49:53
Не би требало, ама се фаќа, иако е сликата на некои канали со пречки, како што пишаа претходно ;) :), може и да замоташ жица наместо антена околу кабелот за кабловска и пак ќе фатиш некои канали, е сега нешто ќе е со снег, нешто ќе е добро.
Околу засилувачот - мислам дека со него дефинитивно ќе добиеш подобар сигнал, пробај со некој фабрички антенски или побарај шема на интернет, ама сепак не очекувај некои спектакуларни резултати.
Title: Одг: Антена и засилувач за факање сигнал од кабловскиот оператор ?
Post by: GigaWatt on 05.09.2012, Wednesday, 21:13:36
Живеам во зграда привремено во мојот стан нема приклучок за кабелска и ми бараат висока сума за приклучок...

А зошто едноставно не ставиш сателитска антена? Не е прескапо, а доживотно ти е бесплатно ;). Ќе имаш многу повеќе канали, плус, ќе ги имаш оние кои ќе си ги меморираш, а не оние кои ти ги праќа кабелската ;). Receiver заедно со Dish не е повеќе од 3000 или 4000 денари, ако можеш и сам да ја монтираш, уште подобро, нема да плаќаш за монтажата која би била околу 1500 денари ;). Најпросто, го насочуваш Dish-от на некој дел од небото и гледаш дали и каков е сигналот од Receiver-от ;) (дали има пречки, дали не, ако има, менуваш позиција, ова она, итн). За 100 евра имаш Receiver со Dish кој има мотори и контролата на моторите од Dish-от е преку Receiver-от, така да, антената сама си се позиционира на местото на кое фаќа некој сиателит (од менито во Receiver-от го бираш сателитот ;)). Веќе не се толку скапи како порано ;). Освен тоа, многу од Receiver-ите сега веќе имаат и RF излез, така да, можеш да си испрограмираш некои канали да ги праќа и како обичен RF сигнал и да се фати сигналот на обичен антенски влез од телевизор, што значи дека може да врзеш повеќе телевизори, не само еден ;).

Чисто како предлог, не значи дека не сакам да ти помогнам со проблемот... но некако ми изгледа како пара фрлена за џабе (зборувам за засилувачот за антена), а решението е краткотрајно (по некое време, ќе стават приклучок за кабловска и во твојата зграда, и пак ќе мораш да плаќаш за канали кои со сателитска антена ќе ти бидат бесплатни ;)).
Title: Одг: Антена и засилувач за факање сигнал од кабловскиот оператор ?
Post by: MarkoMK on 05.09.2012, Wednesday, 22:11:49

Ама кои канали ќе може да ги гледа со сателитската?? има ли бесплатни??
Title: Одг: Антена и засилувач за факање сигнал од кабловскиот оператор ?
Post by: GigaWatt on 06.09.2012, Thursday, 00:26:10
Ама кои канали ќе може да ги гледа со сателитската?? има ли бесплатни??

Ехеееееееееееее ;D. Па повеќето се бесплатни ;D. Овие за вести (CNN, BBC), сигурно се, Euro Sport, и таа исто би требало да е. Има сигурно многу ;).

Еве листи на бесплатни телевизиски сателитски канали ;). Голем дел од нив се и HD ;D. Ако Receiver-от ти прима HD сигнали, ќе ги гледаш и во HD верзија ;). Меислам дека од првиот линк листите се од Eutelsat и Astra, ама не ме земајте за збор ;).

Code: [Select]
http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_free-to-air_channels_at_28%C2%B0E
Еве листа и на Македонски бесплатни канали ;). Повеќе од доволно се ;).

Code: [Select]
http://www.lyngsat.com/freetv/Macedonia.html
Title: Одг: Антена и засилувач за факање сигнал од кабловскиот оператор ?
Post by: munja on 06.09.2012, Thursday, 09:38:47
Вака сега добра е идејата за сателитска антена но не сакам да купувам и инсталирам антена на место во кое привремено живеам, а у мегувреме успеав мојот кабел да го допрам до кабелот  од кабловската на врвот е разголен и е нправен слично како дипол антена и ги факам сите канали од кабловската со солиден квалитет, е сега прашањето ми е дали еветуално би можел да имам проблеми со законот ако ме забележат ?
Title: Одг: Антена и засилувач за факање сигнал од кабловскиот оператор ?
Post by: LordZi on 06.09.2012, Thursday, 09:53:40
Ако те приметат од кабелската ќе ти го скинат кабелот, до сега не сум чул некој диво приклучен да завршил на суд поради тоа, обично само ги исклучуваат.
А ако сакаш да бидеш чист пред законот и пак да имаш нешто што ќе го носиш со тебе и во друг стан, земи си boom tv ;).
Title: Одг: Антена и засилувач за факање сигнал од кабловскиот оператор ?
Post by: munja on 06.09.2012, Thursday, 10:53:21
Ке ги разгледам можностите и за боом тв инаку мојот кабел само е доближен до кабелот од кабловската 
не е директно поврзан фактички немам направено приклчок на диво.
Title: Одг: Антена и засилувач за факање сигнал од кабловскиот оператор ?
Post by: GigaWatt on 06.09.2012, Thursday, 16:23:18
Вака сега добра е идејата за сателитска антена но не сакам да купувам и инсталирам антена на место во кое привремено живеам...

Да да, во тој случај идејата со сателитската антена отпаѓа ;).

... инаку мојот кабел само е доближен до кабелот од кабловската 
не е директно поврзан фактички немам направено приклчок на диво.

Да, ама пак може да те исклучат. Конкретно тоа, не е нелегално (барем јас колку што знам), ама па и они „не пијат нафта“ ;). А да се докажуваш на суд, нема поента. Можеби и ќе победиш на спорот, ама па што ако победиш ;). Пак нема да имаш кабловска ;). Пари и време фрлени за џабе...
Title: Одг: Антена и засилувач за факање сигнал од кабловскиот оператор ?
Post by: Zdravkovski on 06.09.2012, Thursday, 16:32:01
Quote
а у мегувреме успеав мојот кабел да го допрам до кабелот  од кабловската на врвот е разголен и е нправен слично како дипол антена и ги факам сите канали од кабловската со солиден квалитет, е сега прашањето ми е дали еветуално би можел да имам проблеми со законот ако ме забележат ?

Ај ако сакаш и не ти е тешко стави слика од тоа како ти е изведено да видиме или објасни подобро па може и некој друг ќе искористи нешто гага  :D.
Title: Одг: Антена и засилувач за факање сигнал од кабловскиот оператор ?
Post by: munja on 06.09.2012, Thursday, 18:36:42
Сликата е направена на брзина и од малку лош агол значи никаква филозофија мојот кабел кој е оголен на врвот околу 10cm e допрен до црниот кабел од кабловската и резултатот е одличен, ако дојдам до некоја собна антена со појачувач ке пробам и со неа па ке пишам резултати ;)

(http://img213.imageshack.us/img213/1889/81596518.jpg)

[датотека избришана од администраторот]