Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Засилувачи => Topic started by: LordZi on 03.06.2012, Sunday, 09:10:05
-
Написите се од списанието Електор и во нив се разработуваат повеќе лампашки засилувачи и засилувачи за слушалки кои користат низок аноден напон до кај триесетина волти. Пред се овие шеми се наменети за експериментирање, значи не може да се извади максимумот од лампите, но затоа не требаат високи напони и сл. и се безбедни за сите да ги пробаат и да го откријат лампашкиот звук.
Јас лично планирам да ги пробам шемите со PL504 која работи на напон од само 27V, па ќе ги презентитрам резултатите.
-
Да,моментално ова е хит.А во доменот на предпојачувачите се повеке се прават транзисторски ,со батериско напојување.При тоа се бараат транзистори со метални кукишта (ВС 109с,....) и фолиски блок кондензатори,без многу електролити.
-
Ја пробав шемaта со PL504, прво со обично мрежно трафо 230/28V на излез, фалеа дел од басовите и високите, после ставив излезно трафо ама со 5к/8оми импеданса (иначе треба 800/8 оми), звучеше доста подобро и погласно и на крај му закачив еден стар ама квалитетен 800 омски звучник директно без излезно трафо, со него звучеше најдобро, типичен топол лампашки звук, добри басови и високи. Го пробав и со слушалки според другата шема, добро работи и со нив. Потрошувачката на колото е околу 300mA.
-
потврда и од мене дека работи шемата со pl504. :) јас ја пробав на 800 омски звучник и звучеше супер само треба да се направи предпојачало за да биде поосетлив засилувачот, а може и да се зголеми анодниот напон со тоа се зголемува и осетливоста.
-
Сепак, сметам дека излезниот степен мора да биде со повисок напон ... со тоа засилувањето е во линеарниот дел од кривата.
Знам дека сите предпојачалца кои кинезиве ги нудат во последни време, работат токму така, на некои 18-21V на анода, додека во катода имаат максимум 300mV.