Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Предаватели => Topic started by: DX-er on 02.06.2012, Saturday, 12:07:42
-
Во последно време стивна постирањето на теми од доменот на радиотехниката, имавме наезда од огласи, па сега ајде малку да се вратиме во нормала! Ви ја резентирам оваа супер добра буба. Супер добра бидејки е со екстра малце компоненти и работи само на една батерија. Еве за што се работи:
готов склоп
(http://tacashi.tripod.com/elctrncs/smplfmtr/fmtrans.jpg)
заедно со батерија и во кутија
(http://tacashi.tripod.com/elctrncs/smplfmtr/fmtrans2.jpg)
Шема
(http://tacashi.tripod.com/elctrncs/smplfmtr/smplfmtr.gif)
PCB и монтажна шема
(http://tacashi.tripod.com/elctrncs/smplfmtr/sheet.gif)
Напон: 1,1-3 волти
Потрошувачка на енергија: 1,8 mA на 1,5 волти
Опсег: 30 метри макс. на 1,5 волти
со стандардни NiCd батерии, на пример, 750mAh, АА големина батеријата ке трае околу 500 часа (а тоа влече 1.4mA на 1.24V) што е еднаква на 20 дена
извор:
http://tacashi.tripod.com/elctrncs/smplfmtr/smplfmtr.htm
-
Неможам да ги видам сликите..?
-
не сваќам само за намотката ако можи објасни.
-
Сликите се тука, не знам зошто не ги гледаш кај тебе. За намотката посети го сајтот, тамо е објаснето.
Овие денови ќе ја направам оваа буба и ќе ја истестирам како работи.
-
Pic.mk има некој проблем така да морав на форум да ја прикачам сликава ... Извинете , кој знае нека ја презакачи ...
Неможе ни слика на форум да се прикачи >:( :( Инаку место сликите , пишува : Tripod и тоа е тоа ... Стефан нека потврди ако го гледа и он истото ;)
-
Дечки сликите не се закачени на pic.mk туку се линкувани од сајтот на кој е објавена шемата.
Ај отворете го сајтот, тамо се истите слики.
Ако не да ги презакачам на некој хост ?
-
Мислев на слика од мониторов мој како доказ за тоа што гледам јас ... Printscreen во Paint ама ништо зашто pic mk неработи ...
-
Сега ги гледам океј е, инаку знае ли некој колку ке чини целиов склоп ?
-
околу 60-70 денари плус микрофонот
-
Јас сега бев до гац земав деловите,ама ниеден скоро не е со истиве вредности...Све различни се,незнам дали ќе работи како што треба.Ептен ќе треба да се штима...
-
Tранзисторот може да се замени и со PN2222, може и со BC109B. Мое мислење е дека може и со BC547C.
Malecko ти дале погрешни делови ли, кои се погрешни да видиме дали ке може и со нив? Во ГТЦ продаваат или во БТ беше ?
-
Не се погрешни него нема со тие вредности,изгледа нестандардни се...Во гац бев.Овие маливе од по неколку пико што се,тие се со други вредности,вака земав јас :
2=2,2пф
5=4,7пф
28=27пф
62=68пф
-
Кондензаторите не се критични,освен во осцилаторното коло (полупроменливиот).Сепак, за почетници е добро да започнат со некој проект каде има печатен калем,поради незнаење( или неможност!) да го направат калемот.Сепак, еве еден текст за оние кои почнуваат ,а е напишан одамна за просторите на бивша YU ,со тоа што некои од шемите беа превземени и од некои часописи,делумно или целосно.Тука ке најдете и некои одговори на прашањата за градба и подесување.
-
Не се погрешни него нема со тие вредности,изгледа нестандардни се...Во гац бев.Овие маливе од по неколку пико што се,тие се со други вредности,вака земав јас :
2=2,2пф
5=4,7пф
28=27пф
62=68пф
шкртнативе сигурно нема да прават проблеми, а овие другиве не би требало, пробај. Мислам дека едино може да не иде баш до 87.5МХз или до 108МХз ама тоа ке го средиш со стеснување или ширење на калемот. Како и да е нема гајле :)
-
Го склопив,ама слабо ми оди штимањето...Eднаш некако го погодив негде накај 90MHz беше,титна се слушна од микрофонот звук и се изгуби.Не е како што треба изгледа ова тримеров што го имам,кога ќе го притиснам со штрафцигерот одозгора врз тоа осовинката како да се наштимува,нема добар контакт изгледа...Ќе видам во пон. да земам нов тример па да видам дали ќе го биде (ако не чекичот ;D)
-
Не го штимај со метален штрафцигер! Земи пластика ( лажиче од сладолед! ;D) направи го погодно за вртење и со него пробај.Прво пробај дали си во опсег со тример на средина и со растегање на калемот! Кога ке го ставиш до приемник и ке го растегаш ( или собираш !) калемот треба нешто како сметња да премине преку звучник! Тоа е знак дека си * тука некаде* па со тримерот * фино ке го подесиш!.Може да ставиш и некои 10-20 пФ кондензатор паралелно со тримерот,па да добиеш фреквенција.Или ако имаш малку навивки,стави уште 2-3.
-
Вака направи, најдобро да ја приклучиш бубата на батерија од која до предавателот ке има што пократки жици. Микрофонот да е залемен за плочката или пак да има пократки жици. Препорачливо е да е ставен склопот во некое метално кутивче доколку се поседува такво. Друго нешто, глеј кондензаторот да е со поголем опсег од оној што е наведен, за да можеш да идеш на поголем опсег од фрекфенциите. Исто така можно е да се измести фрекфенцијата доколку ја доближиш раката до него или пак си го наштимал и ја тргнеш раката на поглема далечина. Најди место на радиото каде е сосем чисто и нема соседни радија, па наштимај да работи на таа фрекфенција и кога ке ја тргнеш раката од предавателот и да се измести малку фрекфенцијата да може да ја најдеш на радиото блиску до претходната. Најважно, ако имаш пластичен штравцигер штеловај со таков. Прво пробај со мала антена (жичка) која е 15cm, ако си задоволен од работата после стави и 70cm жица.
Пиши што си направил, после стави и слика и напиши рецензија за него :)
-
Некако успеав да го наштимам,ама само пишти,и од време на време сецка,негде на 95.1MHz е...Сега ќе пробам да му пуштам сигнал од компјутер,без микрофон да видам дали ќе префрли нешто.
-
Оддалечи го од радиото или намали го радиото, тоа е радиофонија и не е страшно, се случува секаде.
-
Dx-er, симни ги сликите и презакачи ги на друг хост не ги отвора, џабе се поставени вади ликови од трипод само...
-
И ја не ги гледам сликите.
-
Бидејки сликите кај некои ги покажува а кај некои не, сепак сликите од почетокот на темата "тегнат" од базичниот сајт, а овие слики што ги закачив се ставени на хост сервер па затоа ги ставам во посебен пост, бидејки може да се случи да падне хост серветот па да ги изгубиме а вака тие од првиот пост ке се прикажуваат кај некои луѓе. Мислам дека треба да ги исчистите колачињата во пребарувачот, или да направите рифреш неколку пати.
(http://Pictat.com/t/2012/6/2/10752fmtrans.jpg) (http://Pictat.com/show.php?i=/2012/6/2/10752fmtrans.jpg)
(http://Pictat.com/t/2012/6/2/18603fmtrans2.jpg) (http://Pictat.com/show.php?i=/2012/6/2/18603fmtrans2.jpg)
(http://Pictat.com/t/2012/6/2/32061sheet.gif) (http://Pictat.com/show.php?i=/2012/6/2/32061sheet.gif)
(http://Pictat.com/t/2012/6/2/26402smplfmtr.gif) (http://Pictat.com/show.php?i=/2012/6/2/26402smplfmtr.gif)