Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Сè останато => Topic started by: DX-er on 24.03.2012, Saturday, 21:42:34

Title: Аналогна сателитска телевизија (спомени)
Post by: DX-er on 24.03.2012, Saturday, 21:42:34
Пред извесно време правев муабет со еден наш колега за сателитска телевизија, му спомнав дека кај аналогната сателитска телевизија...... се изненади малце бидејки ретко кој знае дека има и вакво нешто.
Имено во почетокот на осумдесетите години кога почна трендот на сателитски телевизии, истите беа многу малку и најчесто тоа беа само државните телевизии, што би рекол еден пријател: малку ама реални телевизии а не како сега, секој со пун џеб може да има сателитска телевизија. Во почетокот емитувањето беше аналогно и се емитуваше на 4GHz и 12GHz бандовите. Кај аналогната сателитска телевизија единствен проблем беше да се улови 100% добар сигнал а потоа се препуштавме на уживањето во странските канали. Секако доловувањето на силен сигнал е најлесно со голема парабола. Кај аналогната сателитска телевизија нема маани. Да да, ги нема мааните од сегашнава дигитална телевизија како пикселизација на моменти, пикселизација на брзи движења, не толку реални бои, не добар контраст, со еден збор сликата не е жива како кај аналогната телевизија!!!
Во деведесетите години беше експанзијата на аналогната сателитска телевизија па така во тоа време државните радио/телевизии од нашата околина се емитуваа на аналогната сателитска телевизија. Некои од нив се: Pink plus, RTS SAT, HRT1, РТЦГ, М-САТ, ЕРТ, TVSH, и секако нашата македонска телевизија! Секако во деведесетите најпопуларни кај нас беа RTS SAT, Pink plus и HRT1 па дури беа погледани дури и од нашиве канали, посебно дневникот на RTS SAT, и песните на Pink plus кои беа вистински хит во тоа време.
Денес на аналогната сателитска телевизија има само неколку канали кои може да се избројат на прстите од рацете и нозете. Мислам дека уште АСТРА емитува аналогни канали, додека другите компании од пред некое време престанаа со емитување на аналогните сигнали и ги исклучија аналогните транспондери. На голема жалост аналогната сателитска телевизија за само 1 месец ке отиде во неповратната историја и од неа ке останат само спомени и ништо друго.

Бидејки повекето членови немаат видено како изгледа слика од аналогна сателитска телевизија ви го претставувам ова видео кое е снимка од аналоген сателитски ресивер, сега е во дигитална форума и не го има оној квалитет на чист аналоген сигнал, ама колку толку да видите.

Astra 19.2°E: Analogue Satellite Channel Surfing 4th December 2011 (http://www.youtube.com/watch?v=NF_mhpua2X4#)
Title: Одг: Аналогна сателитска телевизија (спомени)
Post by: Z31GH on 27.03.2012, Tuesday, 17:20:38
Јас имам 32 години, а аналогна сателитска антена поставе татко ми уште кога бев малолетен, ако не се лажам имав 13 или 14 години. Сателитската антена беше купена од МЗТ- Скопје со пречник од 3 метра.
Сигналот беше одличен а ресиверот мислам дека беше марка Колумбија. Сега користам дигитална и не гледам некоја си поооосебна разлика, особено кога гледам некој добар филм. Чим се занесам во филмот исто е дигитална или аналогна
Title: Одг: Аналогна сателитска телевизија (спомени)
Post by: DX-er on 27.05.2012, Sunday, 22:11:12
вероватно на речиси сите ке им е се едно (е баш ми е гајле), ама сепак ке пишам па може ке се најде некој ентузијаст за дискусија. Информацијата е дека аналогната телевизија е исклучена во Европа и сето тоа што беше поврзано со неа отиде во историјата во неповрат, а секако и како позитивни спомени. Во останатите делови на светот сеуште функционира но е при крај да се изгаси и тамо. Кој нема нема гледано не знае кои се предностите во однос на дигиталната телевизија со стандардна SD резолуција. HD-то е подобро во секој случај ама пак ги има мааните од дигиталната телевизија.
Title: Одг: Аналогна сателитска телевизија (спомени)
Post by: MarkoMK on 27.05.2012, Sunday, 22:19:08
Заборави да кажеш дека лесно се декриптираа каналите (ако воопшто беа криптирани)  ;D ;D
Иначе гледам на бувљак ги има тоа аналогните ресивери, по 200-300 денари ги даваат... Па уште викаат и дека се исправни  ???
Title: Одг: Аналогна сателитска телевизија (спомени)
Post by: Devil on 27.05.2012, Sunday, 22:54:59
ефтини се, сега скоро и да се отфрлуваат ресиверите за сателитска телевизија, цените на кабловските оператори и останативе оператори кој праќаат телевизија се на одредено прифатливо ниво, сепак би можеле уште малку да ги намалат, па така да секој кој може избегнува поставување на сачови и слично, де работе сателитската де е исклучен каналот, па де нема слика пречки ова она...
Title: Одг: Аналогна сателитска телевизија (спомени)
Post by: DX-er on 27.05.2012, Sunday, 23:01:40
Да, кај аналогната телевизија имаше кодирање ама мислам дека само на сликата но не и на звукот.

Сега џабе ти е таков рисивер, исто како да купиш исправен пејџер и да фрлиш 200-300 денари кога не постои повеке фирмата што ги праќање пораките до нив, а нема како да пратиш порака на пејџер на друг начин.
Title: Одг: Аналогна сателитска телевизија (спомени)
Post by: Devil on 27.05.2012, Sunday, 23:13:21
па незнам дали ќе најдеш пејџер за 200-300 денари, прилично скапи се, барав јас ми требаа мене, работаат на сериска комуникација колку што знам, лесно би можело да се направи станица за нив со некој мал домет


ресивер се исплаќа за мали пари да купиш, имаш дисплеи трафо и слични корисни работи да извадиш од него :), ако веќе не може за друго да се користи
Title: Одг: Аналогна сателитска телевизија (спомени)
Post by: DX-er on 27.05.2012, Sunday, 23:32:01
Имаше едни пејџери на околу 150MHz работеа и такви се користеа во Бугарија и Русија, знам дека ентузијастите преправаа аматерска станица и ја поврзуваа со компјутер и преку некој програм кој глуми модем праќаа пораки на пејџерите. Тие да не биле со сериска комуникација? Овдешниве пејџери работеа на 462,ххх MHz и нешто имам читано на српски сајт дека со сигнал се снабдувале от ТВ предавателите на тие фрекфенции со тоа што една линија од TV PAL сигналот носела пораки за пејџерите... не знам колку сево ова е вистина но од друга страна Link Telecom не памтам да градеа предаватели низ државата туку кога се појавија како фирма оп одеднаш цела држава беше покриена со сигнал, а кај тогашниот Мобимак (ПТТ) сигналот допираше постепено од град до град :) Ако имаш нешто по опширно околу дистрибуцијата на сигналот до пејџерите пиши.