Македонски форум за електроника
Дигитална електроника => Сè останато => Topic started by: BorceBT on 21.03.2010, Sunday, 19:52:21
-
Ова е од мене дизајниран прекинувач (вклучи/исклучи) кој работи на кој било далечински управувач:
Ќе го насочите далечинското кон овој уред, ке притиснете кое било копче (малку задржете) и уредот ке се вклучи. Притиснете пак кое било копче (малку задржете) и уредот ке се исклучи. Доколку држите постојано уредот ке се вклучува и исклучува. Уредот кој го вклучувате и исклучувате се поврзува на релето. На шемата има ознака доколку имате старо далечинско (на пример од нишки телевизор) да го поврзете на пинот 4 од интегрираното коло или доколку имате ново далечинско (по 1992-ра) да го поврзете на пинот 3.
Шемата:
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=802.0;attach=7725)
Изработениот тест склоп (имам ставено ЛЕД диода на релето за проба дали вклучува):
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=802.0;attach=241)
Сензорот за далечинското е стандарден сензор за далечинско од ТВ:
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=802.0;attach=243)
-
Дали лесно може да се најде во продажба ова CD4024 и колку чини од прилика?
-
лесно се наоѓа а за цена непозната
-
тоа приемникот дали ке го најдеш...јас си имав порачано 3 такви од vishay..
-
Лесно се наоѓа приемникот, цената му е меѓу 50 и 100 денари додека CD4024 би требало да го има во подобро снабдените продавници за електроника со разни цени, некаде може да е 20 денари а некаде и до 70-80 во зависност од продавницата и производителот. Во секој случај не е скап склопот.
-
дали може да се најде релеј кој ке се напојува на 6 волти а ке пракинува 220болти.сакам да го изработам проектот и да си го палам и гасам осветлувањето во собата.или добро би било да се модифицирта целата шема да се напојува од мрезата односно 220в за да се избегне употреба на извор за напојување на уредот
-
Пред месец дена го барав во Алфа интегралното го немаше и не го направив... :( Не знам дали сега има...
-
има за со PIC12F675 интересна шема за прекинувач
јас ја имам испробано работи 100% мислам дека ја има во форумот микроконтролери шемата
-
прекинувачот со пикот дали е како овој или има повеке команди ?
-
се програмира кое сакаш копче и само на него реагира
ништо друго не му пречи :)
-
А дали на пример може да се испрограмира (дали колото може) па повеке копчиња да имаат различни функции ? Како копчето за 1 програма да го активира првото реле, копчето за втора програма, второто реле и така неколку релиња.
-
не, шемата е наменета само за 1 реле
тоа што сакаш ти треба малку поинаку да се направи и со друг микроконтролер
-
Еве ти шема за со две независни релиња
http://www.ivica-novakovic.from.hr/IrOn-Off.htm#IrOnOff2
Работи 100%, се користи истото далечинско што ти е од ТВ, ДВД и сл., имам ставено две вакви во заедничка кутија и со нив си вклучувам светло и други работи во соба- има четири независни релиња за кои ги користам оние копчињата во боја (црвено, зелено, жолто, плаво) кои ги има на секое поново далечинско, тие не се користат за ништо па не сметаат на ТВ, ДВД и сл..
-
За што можи да се користи овај прекинувач со далечинско од ТВ?
-
Да вклучуваш / исклучуваш некој уред или светлото (некоја столна ламба).
-
Малце ми е нејасна шемава, зошто во интегралецов не е поврзан плус од напојувањето ?
-
има забораено борче да нацрта :)
треба да е поврзано на напојување и тоа на пин 14 е + напојување
-
Eпа ке пробам и оваа да ја направам па ке пишам впечатоци. Само се зафркнав, купив CD4020 а не CD4024 ;D
-
со тоа коло можеш д анаправиш некој бинарен бројач :)
-
Да се надоврзам на темава : ова беше многу актуелно 90-тите години.Тогаш направив една шема од САМ која успешно работи сеуште! Еве ке ги ставам скеновите,а ако имате прашања ке одговорам накнадно ,бидејки немам сега многу време.Само да напоменам дека е дадена и шема на далечински предавател со 4093 кој не мора да го направите( или ако сакате погонете го приемникот со него!) и приемник со 2 ИК и исправувачко-извршен дел ,кој реагира на определени команди на секој ИЦ далечинско.
-
со тоа коло можеш д анаправиш некој бинарен бројач :)
интересно! кажи ми како да направам и опиши накратко како ке брои ?
batka интересни шеми, вреди да се направат.
Еве ја корегираната шема:
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=802.0;attach=7725)
-
А до колкаво растојание фаќа ?
-
Дали би работело на далечинско од видео, марка CROWN ??? Ова е старо видео. И дали на ова шема (на излез на ова реле) смеам да поврзам сијалица 60-100W која работи на ~220V. ;D ??
И дали ова IR диодата можи да се извај од видео (марка CROWN, BLAUKPUNT, PANASONIC) ??
-
Дали би работело на далечинско од видео, марка CROWN ??? Ова е старо видео. И дали на ова шема (на излез на ова реле) смеам да поврзам сијалица 60-100W која работи на ~220V. ;D ??
Зависи од релето, ако е наменето да прекинува висок напон (220V), тогаш да, може ;).
И дали ова IR диодата можи да се извај од видео (марка CROWN, BLAUKPUNT, PANASONIC) ??
Провери дали е истата диода, иако прилично сум сигурен дека ова би функционирало со скоро било која приемна диода која има три изводи ;).
-
А до колкаво растојание фаќа ?
Растојанието зависи од повеке работи: прво ако пред приемната диода се стави темен филтер за ИЦ дометот ке боде поголем.Исто е добро и ако се стави некоја собирна леќа.Во просторија има домет како секој далечински за ТВ - неколку метри.Ако диодата за прием е ставена во подножјето на лустерот,може да прима сигнал било од која страна на собата (кружно).Кај мене е така поставена.
-
Дај ако сакаш објасни за тоа темен филтер за ИЦ ?
-
Па тој филтер е пластичен обично,темна кафена до виолетова боја и го има во секој далечински управувач.Ги филтрира и пропушта само ИЦ зраците а сите други ги ослабува.
-
А да ми текна, иначе порано првпат кога го заприметив си реков шо ке му е ова клаено, не му смета на
ИР диодата .. :D
-
Неможам да најдам CD4024, бар нема во БТ!
-
А батка ти склопот го напрај по ова шема или по шемата од на Девил со микроконтролерот ?
-
Гледај која шема јас ја постирав.Со 74HCT123 и 74HCT74 е другата шема.Пробајте и со обични ТТL ,треба да работи.
-
ja направив шемата ама не работи добро, кога ке го ставам во напон склопов по малку време само се активира (релето) иако не сум го активирал со далечинско. Исто така ако со далечинско го исклучам релето, по некоја секунда само ке се уклучи. Што може да е проблемот и дали има решение или да го демонтирам ?
-
Пробај зголеми му ја вредноста на кондензаторот C.
-
не ја гледам поентата на кондензаторот, нели тој е само за чистење на брум?
-
не ја гледам поентата на кондензаторот, нели тој е само за чистење на брум?
Па не баш, не е само за чистење на брум, функционира и како заштита од ненадејно појавување на импулс. Со поголема вредост би требало да се елиминира овој проблем ;).
-
ja направив шемата ама не работи добро, кога ке го ставам во напон склопов по малку време само се активира (релето) иако не сум го активирал со далечинско. Исто така ако со далечинско го исклучам релето, по некоја секунда само ке се уклучи. Што може да е проблемот и дали има решение или да го демонтирам ?
Која шема ја направи? Ако е она на Борче,стави во базата на транзисторот еден отпорник од 1 до 10К ( со експеримент одреди го!) и нема да се отвора транзисторот поради доаѓање на повисок напон на базата.Кондензаторот може да се зголеми до 0,47 мФ,ама и не мора.
-
да, шемата е на борче, ај ке пробам така па ке ти кажам што сум направил.
-
Пробав со разни отпорници од 1 до 10к и залудно, пак се активира самиот.
Со појак отпорник се активира покасно одколку со послаб.
Како и да е, склопов ке го демонтирам бидејки не работи како што треба.
Само остана нејаснотиијата, што е тоа во логичкото коло што дава напон на релето кога не треба?
-
амо остана нејаснотиијата, што е тоа во логичкото коло што дава напон на релето кога не треба?
Тоа треба со осцилоскоп да се види, можеби и диодата се активира на било какви промени, дури и светлосни, така да, можно е тоа да е проблемот.
-
амо остана нејаснотиијата, што е тоа во логичкото коло што дава напон на релето кога не треба?
Тоа треба со осцилоскоп да се види, можеби и диодата се активира на било какви промени, дури и светлосни, така да, можно е тоа да е проблемот.
не е до неа, пробав и со скриена диода и пак исто
-
Може звучи смешно, ама пробај во скроз темна просторија спушти ролетни и пробај, или стави таков филтер како што кажа батка, ако пак несака тогаш нека помагаат по искусните.. :)
-
ке пробам и така ама 99.9% не е тоа, знам дека се само-активира на исто време по уклучувањето.
Едино нешто, да пробам на 6V да уклучам а не на 5V како сега. Ама па да не прегори сензорот и колото на 6V бидејки тоа му е максимална волтажа.
-
Па пробај и така не би требало да рикне пошто му е дадена 6V како максимална ваљда ке издржи 1В + - ....ако не е тајна од кај го зема сензорот и колку пари од прилика .. ?
-
60 денари во ГАЦ
Иначе ке пробам и без сензор, ако и тогаш се активира, одма иде на демонтирање на колото :)
-
Moжеби и е до колото,бидејќи кај нас све е кинеска роба :D.Ако имаш некое друго со него да пробаш...
-
колото е од Тексас инструмент, кај нас се е кинеско, нема друго... едино е марка
-
Верувај и тие ги ископираа веќе...Ако ти личи по знакот дека е од TI,пак е кинеско,знам јас сега земав едно друго LM коло,на километар се гледа дека е кинеско :D
-
Исто и кајмене така некогаш само уклучва и исклучва по неколку секунди, иначе без филтри и сл работи домет до 29метри има и работи склопчето.