Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Монитори и ТВ приемници => Topic started by: slobo_n on 17.03.2010, Wednesday, 22:29:25

Title: Поправка на PC CRT монитор
Post by: slobo_n on 17.03.2010, Wednesday, 22:29:25
Проблемот е следен. При мали потреси мониторот ја спушта сликата надолу. Доколку ја поткренам десната страна од мониторот (да речеме со некој предмет), сликата се враќа во нормала, притоа при потреси може сликата пак да се намали. Најверојатно се работи за ладен лем, бидејќи мониторот работи во одредени позиции без многу мрдање. Сакам сам да го поправам, но досега не сум отворил монитор.
Title: Одг: Поправка на PC CRT монитор
Post by: Devil on 17.03.2010, Wednesday, 22:33:46
Значи се празнат влезните кондензатори од напојувањето
ќе видиш кај ти оди кабелот за напојувањето треба да има неколку поголеми такви кондензатори ним треба да ги испразниш тоа се прави со што се зема помоќен транзистро со некоја вредност повеке стотици оми и се допираат краевите на кондензаторите
вака ќе се испразнат
пред да почнеш со работа ќе фатиш со рацете за некоја чешма нешто цефка за водовод метална парно или слично за да се испразни електрицитетот од тебе пошто некои монитори се осетливи на тоа
Title: Одг: Поправка на PC CRT монитор
Post by: LordZi on 17.03.2010, Wednesday, 22:43:24
Најбезбедно е со отпорник од околу 50к/5W да ги споиш плусот и минусот на сите електролити за висок напон (напонот го пишува на нив) и да го подржиш малце додека не се испразнат, а после обавезно со волтметар да провериш дали се празни. Можеш да ги спојуваш и директно, на пр. со штрафцигер (изолиран!!!!), ама вака е посигурно.
Title: Одг: Поправка на PC CRT монитор
Post by: BorceBT on 17.03.2010, Wednesday, 23:03:59
Пази со методот со шрафцигер да ги спојуваш бидејќи се слуша гласно пукање од брзото празнење на струјата, шрафцигерот се оштетува а некогаш може да се расипе електролитот (да се краткоспои внатре или да прекине).
Title: Одг: Поправка на PC CRT монитор
Post by: slobo_n on 17.03.2010, Wednesday, 23:16:17
Најбезбедно е со отпорник од околу 50к/5W да ги споиш плусот и минусот на сите електролити за висок напон (напонот го пишува на нив) и да го подржиш малце додека не се испразнат, а после обавезно со волтметар да провериш дали се празни. Можеш да ги спојуваш и директно, на пр. со штрафцигер (изолиран!!!!), ама вака е посигурно.
Сепак се решив да ги испразнам со отпорник (најдов некои и со повисока вредност), со цел да го избегнам искрењето. Дали со празнење на горенаведените кондензатори, мози да се речи дека и катодната цевка е празна, и дали воопшто имам потреба да ја празнам истата (не дека ќе чепкам на неа).
Title: Одг: Поправка на PC CRT монитор
Post by: Devil on 17.03.2010, Wednesday, 23:17:50
хаха како ќе ја испразнеш неа?
таа е во вакуум  едино скршија и наполнија со воздух икупи си нов монитор :D
не треба нишо друго да се празни
Title: Одг: Поправка на PC CRT монитор
Post by: slobo_n on 17.03.2010, Wednesday, 23:24:58
хаха како ќе ја испразнеш неа?
таа е во вакуум  едино скршија и наполнија со воздух икупи си нов монитор :D
не треба нишо друго да се празни

Овде кажува дека и самата цевка можи да има смртоносен напон.
Code: [Select]
http://www.fixya.com/support/t102453-discharge_tv_tube

A овде најдов начин како да ја испразнам и цевката
Code: [Select]
http://www.edaboard.com/ftopic186885.html
Title: Одг: Поправка на PC CRT монитор
Post by: DX-er on 17.03.2010, Wednesday, 23:31:59
да, затоа ако скршиш екран кој е исклучен во истиот ден има многу јака експлозија која секако ке ги дигне на нозе комшиите а пак ако скршиш екран кој седел 15-20 години во ТВ во некој подрум или дома со миленце :) многу малце ке се слушне бум.
Title: Одг: Поправка на PC CRT монитор
Post by: Baze on 18.03.2010, Thursday, 02:10:05
ехеј луге полека.....значи тоа е точно дека катодната цевка има висок напон во редици од 15 киловолти.Тоа ти е онај еден кабел кој влегува во мониторот. Еве како изгледа... (http://pic.mk/images/images1268874738.jpg) таму каде што е гумичката,тој дел влегува во мониторот.Тој напон мораш да го испразниш на маса...земи два штравцигери ИЗОЛИРАНИ со едниот ке ја поткрениш гумицата и ке забележиш метален дел под гумицата.Со првиот штравцигер допри го тој метален дел а со вториот дел добри го првиот штравцигер и воедно и екранот од задната страна.Задната страна на екранот(како графит) е поврзан на маса.Со тоа го испразна тој напон и можеш да работиш понатаму.

Споено мислење: 18.03.2010, Thursday, 02:13:33
слобно прашај се што не ти е јасно
Title: Одг: Поправка на PC CRT монитор
Post by: didy on 19.03.2010, Friday, 21:55:19
Проблемот е следен. При мали потреси мониторот ја спушта сликата надолу. Доколку ја поткренам десната страна од мониторот (да речеме со некој предмет), сликата се враќа во нормала, притоа при потреси може сликата пак да се намали. Најверојатно се работи за ладен лем, бидејќи мониторот работи во одредени позиции без многу мрдање. Сакам сам да го поправам, но досега не сум отворил монитор.
  • Малку прочепкав по нетов и забележав дека прво треба да го испразнам екранот од напон, бидејќи може да предизвика изгореници(ако не и полошо?) ако некаде го допрам. Како да го направам тоа?
  • Дали има и некои други кондензатори кои чуваат во себе опасен напон и како да ги испразнам и нив?

За проблемот што го имаш не треба ништо да празниш, освен да е исклучено од мрежен непон.
На вратот од екранот имаш намотки за вертикален и хоризонтален отклон на снопот електрони,, потребно е да ги следиш жиците од овој склоп, едните водат до високонапонското трафо, и тоа е хоризонталниот отклон, а другите водат до вертикалниот степен и тоа е најчесто интегралец на ладило, во негова околина има електролити, а најчесто моше да е отпорникот во вредност од неколку ома преку кој се напојува интегралецот, или тримерите кој служат за центрирање на сликата.
Се надевам ќе се снајдеш
поздрав
Title: Одг: Поправка на PC CRT монитор
Post by: DRAMAN on 20.03.2010, Saturday, 00:54:00
Околу празнењето не се замарај многу. Дефинитивно не е толку опасно ( сум испразнил многу мрежни конд. на себе  ;D) Убаво ти објасни колегата во предходниот одговор околу вертикалнот степен и ладните лемови во него. Би додал само да провериш и околу електролитските кондензатори во вертикалата зошто и ладните лемови на нив знаат да ја соберат сликата само на една половина на екранот. Поздрав
Title: Одг: Поправка на PC CRT монитор
Post by: Baze on 20.03.2010, Saturday, 11:29:01
Провери и суви кондензатори..ако има менвај
Title: Одг: Поправка на PC CRT монитор
Post by: Gestak on 20.03.2010, Saturday, 12:53:33
Ако сакаш полесно да го нјадеш дефекот,само свтрија плочата на горе да ја гледаш од долу,само пази да не ти допира на електронската цевка кога ке ја завртиш нагоре и пази да не ја допреш од долу  да испразниш некој кондезатор на тебе  :), и уклучиго мониторот да дава некоја слика и земи еден штравцигер свртиго обратно и со рачката,гумена пластична да е и чукај околу делот на виско напонскиот тенсформатор, касакадата,кондезаторите.Она што ти кажуваа погоре клегите. 
Title: Одг: Поправка на PC CRT монитор
Post by: didy on 21.03.2010, Sunday, 12:32:15
тоа со чукањето под напон не е за тебе сигурно, едноставно во делот на верткалниот степен се прелеми, монтирај као што треба па потоа вклучи напон. таа постапка е за поискусни сервисери
поздрав