Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Антени => Topic started by: boko on 20.01.2012, Friday, 12:57:21
-
Здраво! Имам Motorola canopy антена што ги даваа од оннет за wimax интернет, ме интересира дали може да се искористи да фаќа wifi сигнали со оглед на тоа што работи на 5GHz или пак за нешто друго ?
-
Здраво! Имам Motorola canopy антена што ги даваа од оннет за wimax интернет, ме интересира дали може да се искористи да фаќа wifi сигнали со оглед на тоа што работи на 5GHz или пак за нешто друго ?
да не ја имаш здиплено од некаде? :D Како што знам таква антена не се продава.
-
дечките од оннет не се дојдени да си ја земат веќе две години
-
хахахаха за тоа дали ја има здиплено или не тоа е друго али сака да ФАЌА WLAN на комшијата 100% :D
-
Со волкава антена и од моите комшии ке фаќа ;D
-
boko најдобро да им ја однесеш во Оннет, бидејки истата ја должиш и кога тогаш ке ја побараат.
-
договорот со оннет е раскинат, кога го раскинав ми рекоа дека ке пратат екипа да ја земат антената бидејќи беше монтирана на кров, од тогаш поминаа две години и вчера ми текна да ја извадам. Ме интересираше дали ја има некој чепкано дали може да фати WLAN, за да знам дали да се замарам да праам кабелче за отклучување да можам да и пристапам софтверски
-
Антената можеш да си ја чуваш за спомен или да ја растуриш. На wifi нема шанса да уклучиш со неа.
-
ок! Фала! ке пробам да се врзам со друга canopy антена да видам барем за тоа ако можам да ја искористам.
-
мислам дека негде читав во тоа кривичните законци за вакви слични работи
е сега не сум сигурен колку време беше тоа, ама беше поголем временски период ако за тој временски период не дојде да си ја земе и покрај тоа што договорот е раскинат останува твоја
затоа т-хом опремата си ја продава, па и да раскинеш договор се останува за тебе па што знаеш ти прави му после :)
-
мислам дека негде читав во тоа кривичните законци за вакви слични работи
е сега не сум сигурен колку време беше тоа, ама беше поголем временски период ако за тој временски период не дојде да си ја земе и покрај тоа што договорот е раскинат останува твоја
затоа т-хом опремата си ја продава, па и да раскинеш договор се останува за тебе па што знаеш ти прави му после :)
да не е 10 години ?
-
и јас така мислам или 5 или 10 да не беа
ама мислам тоа дека беше за плац место, ама не сум сигурен, за вакви работи незнам точно колку е тоа
-
Безразлика колку време да е, во договорот мислам дека пишуваше дека опремата е дадена на користење и дека истата треба со раскинување на договорот стручно лице од оннет да ја земе, е сега поминаа две години јас немам никаков документ дека антената е кај мене и да дојдат да си ја земат ке им кажам дека е веќе ја имаат земено, тоа е нивна грешка т-хоме пример додека не ја вратиш опремата што ја немаш купено неможеш да го раскинеш договорот. инаку успеав да се врзам со друга canopy антена, има ли шанси да се направи да работи да фаќа 2,4ghz
-
не не, т-хом кога ја земаш опремата плаќаш нешто во готово и после зависно од договорот си плаќаш нешто минимално дали на 1 година или на 2 години ти е договорот, ако го прекинеш договорот после ова време за кое си потпишал, се останува за тебе, а инаку за времетраење на договорот ти не можеш да го раскинеш тој договор :)
тоа е така направено, или ќе го раскинеш но мислам дека треба нешто таму да се плаќа, а сите знаеме колку сме заинтересирани да платиме за нешто ;D
-
еве користам 3мах од т-хоме кога потпишав догвор не платив ништо за опремата освен 1200 за вториот ресивер и само тој останува за мене ( така пишува во договорите ) тоа беше пред скоро две години а сега мислам дека се плаќа нешто за опремата, а инаку во право си доколку сакаш да го раскинеш договорот пред да истече се плаќаат пенали, затоа 15 дена пред истекување на договорот одиш во салон и го раскинуваш
-
епа да едниот го даваат на поклон, ама кога го земаш ти потпишуваш договор на одредено време, ако сакаш да раскинеш во тоа време тогаш ти им го враќаш, ако си останиш до крај на договорот мислам дека нема да ти го земат
јас секогаш кога продолжувам договор им земам по нешто (поточно татко ми) дали тоа ќе биде модем, рутер, ресивер, телефон или што и да имаат :)
зошто ако нештото го даваат за џабе и после останува за мене да не го земам
ако за ништо за делови ќе се најде :)
или ќе го продадеш или замениш за нешто :P
околу антената, не може оваа да се употреби за насочена врска ?
или за насочена антена за интернет, нека го извади тоа од напред што е приемникот и нека стави стикче со тоа би требало да може да се користи :)
-
еве и помош ако сака некој да ја отклучи canopy антената, се прави специјален кабел со RJ-11 конектор (ист како за телефон само сто има место за 6 жици) од едната страна а на другата страна кусо ке ги споите 6ти и 4ти пин зелена и портокалова .
Pin 1 → white / orange ← Pin 1
Pin 2 → white / green ← Pin 2
Pin 3 → white / blue ← Pin 3
Pin 4 → green ← Pin 6
Pin 5 → blue ← Pin 5
Pin 6 → orange← Pin 4
(http://img99.imageshack.us/img99/323/rj11es9.jpg)
(http://img99.imageshack.us/img99/4383/dscn0536nv1.th.jpg)
се става кабелот во антената се прави рестарт на антената и после се пристапува преку пц од 169.254.1.1 нема пасворд, и може да се пристапува само додека е ставен специјално направениот кабел на default plug
инаку антената е лиена за да се отвори треба да се искрши
Споено мислење: 21.01.2012, Saturday, 00:36:58
јас користам веќе четири години од т- хоме и ништо ми немаат дадено дури и адсл модемот пред 2-3год го платив, сега ми истекува договорот па се двоумам дали воопшто да го продолжам овие од близоо( каблетел) имаат далеку подобри понуди
-
Ова е одлично нешто.. Доколку начекам ваква антена ЧД ке пробам...
Иначе и јас сум долгогодишен корисник на max adsl од t-home и можам да кажам дека знаат да дупат работа малце околу интернетот, да се намали брзината, па да се зголеми.. Но тоа е, татко ми се закопа 4 години по 1000 денари да плаќа рати за лап топ што го купи, и сега 4 години нема мрдање од кај нив, Таков е договорот за 4 години користење, Иначе немам зборови за другото имаат многу стабилен интернет (не паѓа конекција) телевизијата е со одлична слика а телефонот јас лично не го користам многу па нема да коментирам за него :D
-
оваа технологија canopy не ми се допаѓа бидејки не е компактибилна со други уреди од други производители, само Моторола ги прави овие антени и тоа е се. По домет не се којзнае што.
Wimax е подобар каде каде, ама 4G ке биде врв над се до сега.