Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Предаватели => Topic started by: DX-er on 16.03.2010, Tuesday, 21:26:51
-
Предавателов ми направи кејф бидејки се работи за доста едноставна плочка која лесно може да се направи дури и со цртање со фломастер а деловите се релативно евтини и нема скапи излезни транзистори.
Се напојува со струја од 12-14V
Троши 0,1А
Фрекфенции: 87,5-108 MHz
(http://www.pira.cz/tx1.gif)
(http://www.pira.cz/tx1dps1.gif)
(http://www.pira.cz/tx1dps2.gif)
Кондензатори
C1, C2, C12 - 100 pF (ceramic)
C3, C5 - 0,22 uF (electrolytic)
C4 - 1,8 nF (plastic)
C13, C16, C17, C19 - 1 nF (ceramic)
C8, C9 - 10 pF (ceramic)
C10 - 47 pF (ceramic)
C11 - 8,2 pF (ceramic)
C14 - 60 pF trimmer
C15 - 35 pF trimmer
C18, C7 - 100 nF (ceramic)
C20 - 470 uF (electrolytic, 16 V)
Намотки
Жица со дебелина 0,7mm, дијаметар 6mm
L1 - 4,5 coils
L2 - 9,5 coils
L3 - 4,5 coils
Отпорници
R1, R2 - 10 k pot.
R3 - 33 k
R4, R7, R12 - 10 k
R5, R11 - 470
R6 - 27 k
R8 - 22 k
R9 - 270
R10 - 100
Диода и Транзистори
D1 - BB409 (BB109G, BBY31) varicap
T1 - BC547C (BC548C, BC547B)
T2 - BFR91A (BFR96)
T3 - BFR96
Oва е предавателот направен:
(http://pic.mk/thumbs/i212.jpg) (http://pic.mk/?v=i212.jpg)
(http://pic.mk/thumbs/i211.jpg) (http://pic.mk/?v=i211.jpg)
-
Само не ми е јасно од каде се менува фрекфенцијата ? Нема тример паралелно со L1.
-
фреквенцијата се менува со R1 а со тримерите на крајот излезната моќност на засилувачот
имам нешто сличен на овај затоа знам :D
-
фреквенцијата се менува со R1 а со тримерите на крајот излезната моќност на засилувачот
имам нешто сличен на овај затоа знам :D
Тримерите на крајот се за подесување на излезната импеданска што оди во антената т.е. Те филтер :)
-
филтер не филтер јаскога ја правев мојата кај мене пишеше за подесување на излезна моќност :D
-
Тоа така изгледа дека се подесува моќност бидејќи ако имаш неподесена импеданса всушност ја намалуваш моќта.
-
Тоа така изгледа дека се подесува моќност бидејќи ако имаш неподесена импеданса всушност ја намалуваш моќта.
Да. Овде игра таканаречениот Волтажа-Бран односот т.е. VSWR - Voltage Standing Wave Ratio и ни го кажува односот на стојните бранови. Стојни бранови нѝ се оние кои се одбиваат од антената и се враќаат назад во предавателот.
Пример, доколку имаме 1:2 SWR тоа значи дека од антената излегуваат само околу 80% од влезот.
Сѐ додека имаме лош SWR, џабе споредуваме антени/предаватели. Само кога ќе имаме SWR од 0 значи дека антената може ефикасно да работи и доколку има, да засилува .)
-
(http://senderbau.egyptportal.ch/images/2sc1970%20sender.jpg)
извор: http://senderbau.egyptportal.ch/400mwtransmitter.htm
-
Дечки дали некој од вас приметил дека на шемата аудиото се поврзува со колекторот од осцилаторот (Т1) а не на базата ? Вака нема да има звук, дали ова е намерна или случајна грешка не знам но како што видов на форумот каде е објавена шемата за предавателот лугето пишуваат дека го направиле предавателот и немале никаков проблем со тоа. Што е работата, знае некој?
-
Аудиото оди на варикап диодата која е исто поврзана со потенциометар за промена на напонот на неа а со тоа и капацитетот и фрекфенцијата. Бидејќи е ФМ модулација аудиото ја менува фрекфенцијата (модулира). Ова е различно од АМ модулацијата каде треба или да има модулационен трансформатор, или модулатор посебен или аудиото да доаѓа на базата.
-
Ама другите ФМ предаватели што ги имам видено аудиото влегува преку базата, тоа ме зачуди
-
Другите го модулираат сигналот со промена на работната точна на транзисторот а со тоа и фрекфенцијата.
-
Интересно е што типов не користел варикап диода па ставил LE диода :) Којзнае каков звук има така.
-
Полош :)
-
Ова да не светка на погласните тонови хехе
-
Предавателов ми направи кејф бидејки се работи за доста едноставна плочка која лесно може да се направи дури и со цртање со фломастер а деловите се релативно евтини и нема скапи излезни транзистори.
Се напојува со струја од 12-14V
Троши 0,1А
Фрекфенции: 87,5-108 MHz
(http://www.pira.cz/tx1.gif)
Predavatelov e najdobriot koga i da e izmislen definitivno, ednostaven, evtin, izdrzliv i otvoren za dogradba...Nema greski na semata, i najcesto i jas go koristam koga pravam poslabi i poneprofesionalni predavateli.
-
Излезниот транзистор БФР96 што ми беше сомнителен го сменив со нов. ставив нов тример 2-30пФ и предавателот се дигна и проработе. Сега според мое гледање не дава 400mW ама не е лош.
Има ненормално добар звук бидејки се работи за фазна модулација и е како кај антена5 и канал 77...
Иначе направив и некои други тестови, наместо варикап диода ставив LED и работеше само што даде по тап звук, после ставив 2N4001 и немаше звук и на крај ја вратив орогиналната диода ;)
Кој сака може да го направи и ке се изненади од супер динамичниот звук.
-
poveketo polusprovodnici mozat da se koristat kako varikap diodi samo sto kapacitetot e poveke ili pomalku a zavisi i od voltazata a i faktor na dobrota na koloto, led diodite se isto diodi i imaat kapacitet zavisno od naponot, znaci tuka se koristi dioda za promena na kapacitetot.
-
Излезниот транзистор БФР96 што ми беше сомнителен го сменив со нов. ставив нов тример 2-30пФ и предавателот се дигна и проработе. Сега според мое гледање не дава 400mW ама не е лош.
Има ненормално добар звук бидејки се работи за фазна модулација и е како кај антена5 и канал 77...
Иначе направив и некои други тестови, наместо варикап диода ставив LED и работеше само што даде по тап звук, после ставив 2N4001 и немаше звук и на крај ја вратив орогиналната диода ;)
Кој сака може да го направи и ке се изненади од супер динамичниот звук.
Нема потреба од експерименти со несоодветни компоненти. Единствено може да пробуваш со различни излезни транзистори, на пример со 2n 4427 или 2n3553, со различни променливи кондензатори или со различни VD. А инаку за овој ист предавател многу прашина се крена на еден друг форум пред некое време. Некои форумџии тогаш тврдеа дека овој предавател не работи и дека е без врска. Мило ми е што сега се докажува дека предавателов е супер.
-
Мислам дека има по интернет многу поеднставни и подобри(постабилни) предаватели.Побарај и пробај.Сепак најдобри резултати даваат поскапите верзии со ПЛЛ или кристал.
-
па овој ме заинтересира бидејки е релативно евтин, околу 160 денари ме фатија деловите а плочката е башка. Иначе да PLL си е PLL, тука збор нема
-
Кога сме кај ефтиното-еве еден многу ефтин баг.Нешто е појак од овој само не знам како е цо цена 3563,ама со кварцот(32Мхз имав ставено) не би требало повеке од 200 ден да кошта се (особено ако извадите делови од некој стар уред) ;).Јачината ке се движи меѓу 1-1,5 вати :)Еве и еден степен дополнително засилување.
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=765.0;attach=1426)
-
Деловите заедно со 2SC3628 да се 200 денари? Во тој случај 200 би бил околу 100 ден. а тој е 6W
-
2SC3628 го дадов како пример за линеарно појачало за овој предавател.Основната верзија е со 3563 и дава 1,5 вати(отприлика).Напонот е снижен на 6 В,но може да се доправи стабилизација на 6В за НФ делот и осцилаторот,а да се форсира 12В за излезниот транзистор.Тука може и 3866 да се стави,само треба да му се ограничи струјата со отпорник во емитерот.Еве ке дадам една табела која покажува каква улога има тој емитерски отпорник на излезната сила на предавтелот!
-
Ако се намали вредноста на емитерскиот отпорник тогаш сигналот ке биде појак ама понеквалитетен ;)
-
Квалитетот не зависи од овој отпорник. :DОд него зависи дали (или колку време) ке биде *жив* излезниот транзистор :D :D :D
-
Ако се намали вредноста на емитерскиот отпорник тогаш сигналот ке биде појак ама понеквалитетен ;)
Како мислиш понеквалитетен ?
-
Ако може некој да ми помогне ?
Го изработив предавателот но нема никаков сигнал, оваа шема ја има и на линков
http://pira.cz/entx1.htm
и пишува дека треба да приклучиш ламба на излезот кај антената за да ја прилагодиш моќноста, но кај мене на излезот кај антената нема напон поради тримерот (јас мислам така).. проблемот каде е незнам.
-
Не знаеме вака и ние.Дај некоја слика,монтажна шема,плочка...Провери ли дали се транзисторите во ред,дали осцилаторот работи.Ова шема има надоградба со уште еден транзистор и ледица,побарај ја како надополнување.За подесување треба знаење,инструменти,како мерач на поле ,SWR метар.Провери си ги транзисторите,посебно излезниот бидејки ако не е тримерот добар прво страда транзисторот.Аје да видиме како изгледа кај тебе,со слика.
-
Не мислам дека ќе помогне сликата ,но еве.
-
Овие тримери * не се тримери* односно подобро е да си најдеш керамичкитримерчиња.Второ.стави монтажна шема,да видиме дали има некоја грешка.Тоа можеме по видување да го кажеме,а за подетално рековме - измери ги прво транзисторите,бидејки од прво пуштање може да изгори излезниот транзистор ,ако нема можност за израчување на ВФ енергијата.Друго,мораш да ставиш соодветна антена на излез и да го прилагодиш осцилаторот на некоја фреквенција во радио-дифузното подрачје.Направи си калем од неколку намотки и паралелно врзи сијаличка 3,5V (оние за фенерчиња),а потоа доближи го до калемите и прати како се однесува појачувањето на светлината на сијаличката.
-
Прво почетник сум :) (затоа и прашувам). Второ тримерите ги купив од продавница, само такви имаат,имам некој ќерамички ама незнам и неможам да ги ги измерам можно е и овие што ги купив да ги смешав на плочката, ќе купам нови. Трето мислам дека шемата е во ред и транзисторите се исто така во ред бидејќи добив сигнал до 10м со гибање на намотките. Четврто не знаев дека со менување на антената треба пак да се прилагодува . Петто фала многу. :)
-
Не мислам дека ќе помогне сликата ,но еве.
каде ја најде монтажната плочка? На pira.cz е подолгнавеста плочката.
-
Прво почетник сум :) (затоа и прашувам). Второ тримерите ги купив од продавница, само такви имаат,имам некој ќерамички ама незнам и неможам да ги ги измерам можно е и овие што ги купив да ги смешав на плочката, ќе купам нови. Трето мислам дека шемата е во ред и транзисторите се исто така во ред бидејќи добив сигнал до 10м со гибање на намотките. Четврто не знаев дека со менување на антената треба пак да се прилагодува . Петто фала многу. :)
Плочката веројатно сам ја правел,како ми изгледа.Штом си добил сигнал( прво тоа не го кажа така!) веројатно се работи за неприлагодување на излезниот степен со антената.Процедурата е таа.Нагоди ја фреквенцијата со намотките ( ми изгледаат преголеми и со потенка жица мотани!) ,а со тримерите и мерачот кој ти го предложив пробај да добиеш максимум на сијаличката.Трето- најди си SWR /WAT метар и мери го сигналот кој оди на антена.Ако користиш напојување од мрежа 220В ,тоа треба да биде ДОБРО филтрирано и стабилизирано!
-
Монтажната шема е иста само малку ја изменив и смалив (преместив некој вод).Второ сигналот го добив од ко прашав не пред тоа.Трето го напојувам со напојување од компјутер. Четврто антената не ми е наместена, имам коаксијален кабел триестина метри. Тој треба да го фиксирам и потоа да нагодам се што треба на предавателот??? Дали има врска тоа што мислам да оди низ куќатапа да излегува надовор на покривот и дали би добил повеќе ако го приклучам на стара антена?
-
Кај предавателите не се препорачува промена на плочката (модификации) бидејки може да имаш многу најразлични проблеми. Затоа те прашав дали си ја нашол некаде или сам си ја преправал. Мора да ставиш антена за да добиеш во домет а само со кабел ке имаш мал домет и може да ти прегори BFR96.
Tримерите треба да ти се наштимани со помош на инструмент.
-
Импедансата на антената заедно со кабелот треба да е 50оми???? И како можи да се измери?
-
Колега,очигледно треба да си најдете малку повеке литература од ова област.Ти препорачувам да ја најдеш на .нет книгата на др.Божо Метзгер * Прирачник за радио-аматери и техничари * .Таму има добри објаснувања за овие твои прашања.Прво само со коаксијален кабел без антена лесно се гори излезниот степен ,а домет без антена е = 10 м ( зрачи од кабелот).Најди шема на дипол антена за ФМ опсегот и направи си антена,па потоа ке зборуваме за подесување и домет.Ке ти треба и SWR метар и малку знаење околу подесувањето.И друго: подобро направи си соодветно напојување,ПС напојувањето не е соодветно за ова намена!
-
Уште да стави и стерео кодер на предвател со компјутерско напојување има да биде од предавател пиштало.Компјутерското напојување работи на 15 килохерци фреквенција а стерео кодерот на 19 пилот фреквенцијата и кога сето тоа ке се избуричка има да пишти како свирче.Моно ке работи нема да има проблем ама стерео тешка работа.