Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Антени => Topic started by: DX-er on 10.10.2009, Saturday, 19:07:19

Title: Антени
Post by: DX-er on 10.10.2009, Saturday, 19:07:19
Најбитно тука е тоа дека за да имаш соодветна отпорност за приклучување кон FM предавател/приемник коаксијалниот кабел што доаѓа од антената треба на околу 25cm од каде што е поврзана на антената да направиш 5 намотки со самиот кабел (кабелот го моташ во 5 кругови и го врзуваш да не се одмота). Радиусот на круговите е околу 15cm. Исто така после овој „калем“ треба да има минимум 1.5m кабел кој потоа ќе се приклучи на FM предавателот/приемникот.
a дали вака ако направам ке се намали повратната снага или нема врска со тоа?
Title: Антени
Post by: BorceBT on 11.10.2009, Sunday, 02:52:08
Би требало ако тоа е единствена причина за повратната снага. Ако име и друга причина сепак ќе има повратна снага. Други причини се несоодветна антена (во должина), самата должина на кабелот, квалитетот на кабелот, конекторите а понекогаш и самото појачало не е подесено добро.
Title: Антени
Post by: GogoStip on 23.02.2010, Tuesday, 10:49:41
За прием на радио сигнали дипол антената е одлична, инаку дали ке ставиш жичка од 30цм или бакарни цевки од 1,5м нема да има некоја разлика, можеш да ставиш обична лиснаста жица само убаво оптегни ја, ако се појавува мев не е сташно :D некогаш .
Инаку SWR-от е битен за предавање и тогаш е битна должината на антената и поставеноста.
Р.Ѕ:Пробај да ја мрдаш антената од вертикална положба во хоризнотална(иако најчесто е вертикална) за подобар приме , тоа зависи од поларизацијата на брановите :D
Title: Антени
Post by: DX-er on 23.02.2010, Tuesday, 12:26:42
Ме интересираат две работи

Према тебе дали може да се искористи лиснати жици (жичан дипол) за ФМ предавател од неколку вати и дали ке има проблем со повратна снага и се друго?

Дали ако антената е наменета за 108МХз према должината, истата ке може да се користи и за 87,5МХз без да има некој проблем како повратна снага, греење на транзисторите?
поздрав

Title: Антени
Post by: Aleks on 23.02.2010, Tuesday, 12:32:24
Ме интересираат две работи

Према тебе дали може да се искористи лиснати жици (жичан дипол) за ФМ предавател од неколку вати и дали ке има проблем со повратна снага и се друго?

Дали ако антената е наменета за 108МХз према должината, истата ке може да се користи и за 87,5МХз без да има некој проблем како повратна снага, греење на транзисторите?
поздрав



Може да се искористат такви жици. Најдобро е да направиш J-Pole дипол за поголем опсег значи SWR-от да не игра многу улога на 108 и на 88.

Најдобро е да си купиш од оние прачките за варење по еден метар што се, 3-4 од нив и со нив да си насправиш антена. Многу добро функционираат.
Title: Антени
Post by: Georgi on 23.02.2010, Tuesday, 15:56:57
Еве да ги одедиш димезии на J-Pole антена во однос на фреквенцијата:

Code: [Select]
http://www.aralb.org/Commitees/Technical/J-POLE/design_a_jpole_antenna.htm
Title: Антени
Post by: DX-er on 23.02.2010, Tuesday, 21:06:13
a aко е така значи може да се направи добра дипол антена од обична жица и тоа да е процврстена на нешто за да стои право и нема да има ниту повратна снага, ниту било каков друг проблем и ке биде како диполот по сите перформанси?
Title: Антени
Post by: Aleks on 23.02.2010, Tuesday, 21:07:37
a aко е така значи може да се направи добра дипол антена од обична жица и тоа да е процврстена на нешто за да стои право и нема да има ниту повратна снага, ниту било каков друг проблем и ке биде како диполот по сите перформанси?

Со колку моќост планираш да предаваш со антената ?
Title: Антени
Post by: DX-er on 23.02.2010, Tuesday, 21:09:45
па нека е 2W do 7W
Title: Антени
Post by: GogoStip on 23.02.2010, Tuesday, 21:15:03
a aко е така значи може да се направи добра дипол антена од обична жица и тоа да е процврстена на нешто за да стои право и нема да има ниту повратна снага, ниту било каков друг проблем и ке биде како диполот по сите перформанси?

На твоето прашање ќе дадам едноставен одговор дека може, но не е така едноставно, обично пресметка за дипол антена се прави на растојание од земја 0, колку е повисоко толку е пократка антената, значи повратна снага-SWR ке има зависно од колку добро е подесена антената(должината) тоа ќе си видиш сам неможеш да пресметаш зависи од местополошбата и иколните предмети, можеш да ја поставеш и косо до агод од некои 30-40 степени ;) и гледај да е на чисто.но внимавај ДИПОЛ АНТЕНАТА НЕМА НИКАКВО ЗАСИЛУВАЊЕ ИЛИ 0dB значи ќе пробаш што како со SWR ке ја кратиш на повеќе наврати и готово, или мој совет за локално радио користи вертикална антена  ;D
Title: Антени
Post by: DX-er on 23.02.2010, Tuesday, 21:19:10
чек, не те разбрав, ако е повисоко ставена антената треба да е помала? ја знам дека должината зависи фрекфенцијата но ме интересираше друго, значи при добра местоположба, ист агол, исти временски услови :) дали обичната жица (жичен дипол) ке има исти перформанси како и диполот за тие снаги што ги наведов погоре?
Title: Антени
Post by: GogoStip on 23.02.2010, Tuesday, 21:25:26
Code: [Select]
http://en.wikipedia.org/wiki/Dipole_antennaДа жичен дипол ќе ја заврши работата, инаку висината игра улога во SWR-от  ;D
Title: Антени
Post by: DX-er on 23.02.2010, Tuesday, 21:27:41
Е ова не го знаев, значи диполот не смее да биде никако потпрен на под (било да е бетон или земја) туку треба да е на висина, а колку треба да изнесува минималната висина од земјата за да нема повратна снага?
Title: Антени
Post by: GogoStip on 23.02.2010, Tuesday, 21:31:24
Е ова не го знаев, значи диполот не смее да биде никако потпрен на под (било да е бетон или земја) туку треба да е на висина, а колку треба да изнесува минималната висина од земјата за да нема повратна снага?

Дајдобро е да е во воздух , колку е повисоко толку е поголемо растојанието што ќе го постигнеш, дипол антената најчесто се постаува на висина од ламбда до ламбда четвртина(ламбда за овие фреквенции е околу 3м)
Title: Антени
Post by: Aleks on 23.02.2010, Tuesday, 21:33:21
a aко е така значи може да се направи добра дипол антена од обична жица и тоа да е процврстена на нешто за да стои право и нема да има ниту повратна снага, ниту било каков друг проблем и ке биде како диполот по сите перформанси?

На твоето прашање ќе дадам едноставен одговор дека може, но не е така едноставно, обично пресметка за дипол антена се прави на растојание од земја 0, колку е повисоко толку е пократка антената, значи повратна снага-SWR ке има зависно од колку добро е подесена антената(должината) тоа ќе си видиш сам неможеш да пресметаш зависи од местополошбата и иколните предмети, можеш да ја поставеш и косо до агод од некои 30-40 степени ;) и гледај да е на чисто.но внимавај ДИПОЛ АНТЕНАТА НЕМА НИКАКВО ЗАСИЛУВАЊЕ ИЛИ 0dB значи ќе пробаш што како со SWR ке ја кратиш на повеќе наврати и готово, или мој совет за локално радио користи вертикална антена  ;D

Вертикален дипол сака да направи.
Title: Антени
Post by: DX-er on 23.02.2010, Tuesday, 21:34:15
значи диполот ако е ставен на висина од 3 метри од подот нема да има проблем со повратна снага???

А тогаш каква улога има балунот односно 4-5 намотки од кабелот со дијаметар од 15цм ???

Иначе да, вертикален дипол како што користат и другите
Title: Антени
Post by: GogoStip on 23.02.2010, Tuesday, 21:55:44
Ако не се лажам балоонот е за прилагодување на импедансата, диполот има импеданса од 75 ома а излезот од предавателот50
Мој предлог, користи вертикална натена има здачење во сите правци исто како и диполот, но е помала (но недостаток е потребата од радијали). немаш балоон немаш ништо и имаш засилување од 0.4dB
Title: Антени
Post by: Aleks on 23.02.2010, Tuesday, 22:12:57
@DX-er

Набави си ја оваа книга :

Code: [Select]
http://www.amazon.com/Practical-Antenna-Handbook-Joseph-Carr/dp/0071374353
Title: Антени
Post by: GogoStip on 23.02.2010, Tuesday, 22:16:10
Алекс во право ли сум за Балоонот?
Title: Антени
Post by: Devil on 23.02.2010, Tuesday, 22:17:40
Не ја купувај книгата ќе ти дам линк да си ја симнеш :)

И за другите кој сака линк да си ја симне нека пиши ПП
пошто по форумите забранет е варез