Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Антени => Topic started by: bicikle on 15.11.2011, Tuesday, 21:23:32

Title: Помош околу gain на антена
Post by: bicikle on 15.11.2011, Tuesday, 21:23:32
Значи ме интересира што е gain на антена, односно како антената го засилува сигналот и ако знае некој што е тоа изотопна, диполна итн антена... значи ен ми требаат формули за пресметки, него само суштински....
Фала
Title: Одг: Помош околу gain на антена
Post by: GigaWatt on 15.11.2011, Tuesday, 21:58:18
Доколку антената има фокус (најчесто се во форма на чинија овие антени), значи дека има и gain (засилување). Иако мислам дека терминот gain и не е баш најдобро искористен во овој случај (бидејќи антената сама по себе нема засилувач во неа туку е само пасивен приемник), сепак, мислам дека и во светски рамки нема друг термин. Во принцип, сите сигнали кои ги прима чинијата, се одбиваат од неа и се фокусираат во една точка (фокусот на антената), па примениот сигнал е многу појак одколку само еден проводник да биде приемник, па се вика дека „антената има засилување толку и толку dB“ и мислам дека репер точка во однос на која се мери засилувањето во dB е обичен долг проводник со опеределена должина (не ме земајте за збор за ова, не сум сигурен, можно е да беше и дипол антена).

Јас вака знам, ако грешам, корегирајте ;).