Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Антени => Topic started by: batka on 23.10.2011, Sunday, 17:07:29
-
Нацртот за антената ја добив со препорака.Бидејки е едноставна и лесна за градба во тек на дешешниот(утрешниот) ден ке покушам да ја направам.Да напоменам дека оригиналната конструкција е од колега од Плевља,Црна Гора и е сместена во цевка од 2 цола и фокусирана на параболична антенска конструкција за сателитска. Дометот е испробан на 4 км и дава задоволувачки резултати.Целата конструкција е изведена да двостран витропласт и ваше е само прецизно да ги нанесете мерките.Јас како конектор ке користам BNC и директно ке ја усмерувам некаде до 300-400 метри,каде очекувам прием прифатлив за конектирање на АДСЛ.
-
можам да а користам како пријемна или како давачка антена ???
-
Можеш секако да ја користиш,во секој случај кога е воспоставен линкот низ етерот антената прака податоци а исто така и прима од уредот со кој комуницира.
-
кај да го најдам тоа железото позади како цд што е?
-
Не е железо,ама имам неколку диска од ХДД и ке пробам со нив.Отворот на пластичната цевка е 5 см дијаметар па би можело да се употреби и парче алуминиум ,па и витропласт,битно е да има способност за рефлексија.
-
колку dBi е појачувањето ? Ако имаш инфо, пиши. Антенава нели е Yagi ?
-
имам и јас неколку од хдд може да а изработам и да ја ставам на куќата хах
-
колку dBi е појачувањето ? Ако имаш инфо, пиши. Антенава нели е Yagi ?
појачувањето изнесува 7dB
-
Еве податоци директно од страната на производителот.Сепак јас ке направам неколку преправки,барем што се однесува до механиката и конструкцијата на цевката ,држачите и приклучоците. Првите проби со антената ( штампата и поставениот кабел) ветуваат добри резултати. ;D
Споено мислење: 24.10.2011, Monday, 13:36:55
-
Ако WiFi уредот ти е 50mW пробај ја антената на 1km, ако ти е 100mW пробај на 3km и треба да се фати.
-
Батка, што бидна со антената, дали ја тестираше?
-
Дх- ер немам време да вршам мерења,ама ке кажам дека двете антени кои ги направив вршат работа! Се работи за комуникација од нашиот дуќан спроти Гимназијата во Велес и салата за ИТ технологија на Општина Велес,од каде со колегите експериментално,во неколку навтари,комуницираме и испраќаме податоци.Воздушната линија е околу 300 м и јас сум задоволен од сигналот (3 полни цртки кај Linksys-от).Антената е поставена на 4 метри од земјата на еден балкон,над дуканот
-
батка а каде најде плочка 2слојна дај ако имаш вишок ќе ти платам зошто сега немам време да правам обврски еден куп
-
Donis имам нешто уште од двослојниов витропласт,можеби за 1-2 антени,ама немам време ни можност сега да правам плочка.Не ти треба никаква посебна техника,само одбележи каде треба да бидат водовите на плочката ( со индиго) и на тоа место залепи селотејп или пластична налепница,па развивај во раствор - солна + пероксид. Проблем ми е транспортот ,најдобро да дојде некој и да земе директно.
-
batka a какви уреди имавте на двете страни, ако може моделите пиши ги, и колку mbps постигнавте?
-
Donis имам нешто уште од двослојниов витропласт,можеби за 1-2 антени,ама немам време ни можност сега да правам плочка.Не ти треба никаква посебна техника,само одбележи каде треба да бидат водовите на плочката ( со индиго) и на тоа место залепи селотејп или пластична налепница,па развивај во раствор - солна + пероксид. Проблем ми е транспортот ,најдобро да дојде некој и да земе директно.
батка да пратам човек да земе пиши у пп колку пари да направам една ми треба мене да имам добра покриеност сакам да правам мрежа за податоци не интернет за интернет имам убава покриеност у куќата
-
Донис,ова антена е прилично усмерена и за друга намена.Значи ,направи ја ако имаш потреба од трансфер на поголема далечина праволиниски (оптичка видливост) .Ако сакаш кружна поларизација (околу куќата!) ова антена нема да те задоволи,па барај некоја вертикална ( неусмерена) антена.Иначе ,од среда ке бидам (конечно) на работа и ке се чуеме како да ја земеш плочката ( ако ти треба!?)
-
batka a какви уреди имавте на двете страни, ако може моделите пиши ги, и колку mbps постигнавте?
пиши и за ова ;D
donis92 имаш двострани плочи во продавниците за електроника и не се скапи.
-
batka a какви уреди имавте на двете страни, ако може моделите пиши ги, и колку mbps постигнавте?
пиши и за ова ;D
donis92 имаш двострани плочи во продавниците за електроника и не се скапи.
ама дхер пробелем е во неготино што нема продавници за електроника, па така да морам да одам некаде во близина или пак ск а не сум во план сега баш така да ќе си а платам јас колку кошта
-
Дх -ер ти кажав немам мерки и податоци: два Линксиса 54Г се поставени на 300 м.растојание и комуникацијата е одржлива со 3 црти по мерачот ( 5 вкупно). Мрежата е стартувана ( пробана ) со 50 тина мб/сек.Повеке не можам со сигурност да ти кажам,треба да се измери.Пробана е на неколку пати и работи,ама подробно,кога ке почнеме да ја користиме комплетно.Засега ,моментално,мируваме бидејки секој си имаше некои свои обрвски.Преку овој рутер што е поставен кај нас треба да се контролираат два други рутера кои се во слободната интернет зона во Младинскиот парк.Ке експериментираме малку кога ке има време.Ако ти треба Донис ке ти пресечам едно парче 126х49 мм па прави! Само,велам,после среда ке бидам послободен и ке се чуеме!!
-
значи сте имале од двете страни уреди со снага 18dBm (евентуално повеке ако се флешувани) и на конекцијата ви се напишало 54Mbps што значи дека реалниот трансвер не е толку со гаранција, мора да е до максимум 24mbps ма да не верувам бидејки тоа го имам постигнато само со два уреди еден до друг при 100% сигнал. Така да претпоставувам дека сте добиле до кај 2mbps што не е лошо.
Иначе 54mbps е само на хартија, во реланост е max 24.
-
Нешто си грешка! Ние не трошиме Интернет - ние правиме наша мрежа,што е сосема друга работа . Системот е само пробан,ама не сме направиле детални проверки и тестови.Затоа,откога ке биде се готово ке кажам како антената се понаша
-
.Ако ти треба Донис ке ти пресечам едно парче 126х49 мм па прави! Само,велам,после среда ке бидам послободен и ке се чуеме!!
важи батка јас имам расипани хдд па ќе направам една
-
Нешто си грешка! Ние не трошиме Интернет - ние правиме наша мрежа,што е сосема друга работа . Системот е само пробан,ама не сме направиле детални проверки и тестови.Затоа,откога ке биде се готово ке кажам како антената се понаша
ако ако, се едно е што ке пуштип во мрежата дали интернет или не. работата е што тоа што го гледаш на компјутер дека се конектирало со 54mbps е лага на произведителите или само во теорија (стварно не знам) и нема шанса да проведе 54mbps во реалност, имам тестирано повеке пати.
Во најдобри услови имам извадено 24mbps (не-интернет туку праќање на поголем фајл во мрежа)
-
Yagi антена за 2,4ГХз имам доста направено.
Доколку прецизно се изработи дава многу добри резултати околу 20-25 ДБ.
Сегментите ги правев од бакар 10мм2 пресек 3,3мм
основата е плексиглас 10мм или 2х5мм
Имам усте плексиглас ако сака некој
поздрав
-
дали ќе можеш да ја сликаш готова како изгледа ?
и објасни малку ако сакаш, како од што се прави
-
Јагицата е веке скапа работа .Овоа антенче ми работи добро .Постигнува 24mbps без проблем. И не би чепкал повеке,затоа што работи во рамките на 300 метри како што треба и јас сум задоволен!