Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Видео техника => Topic started by: at.koce on 21.09.2011, Wednesday, 22:58:48

Title: Како да го сменам DB-15 конекторот од монитор?
Post by: at.koce on 21.09.2011, Wednesday, 22:58:48
Малце погоре од конекторот ми е прекинат кабелот и ми ги меша боите. Јас сакам да го скратам и да ставам нов конектор ама немам никакво искуство со тоа па вашата помош добро би ми дошла (не ми се даваат 300 ден. во Логинг за да го сменат). Благодарам  :)
Title: Одг: Како да го сменам DB-15 конекторот од монитор?
Post by: Urahara on 21.09.2011, Wednesday, 23:15:33
Постапката би идела вака,

1. Купуваш нов конектор
2. Го сечеш стариот конектор (што е можно пократко т.е. поблиску до расипаниот конектор)
3. Го лемеш новиот конектор
4. ?????
5. PROFIT
Title: Одг: Како да го сменам DB-15 конекторот од монитор?
Post by: GigaWatt on 22.09.2011, Thursday, 00:04:38
Провери да не се само пинчињата на конекторот, често се случува тие да прават проблеми, така да, прво нив пробај исчисти ги ;).

А инаку, наједноставно ти е да смениш цел кабел, од мониторот до D-SUB конекторот, со некој друг кабел од некој стар монитор, ова од искуство ти го кажувам ;). Е сега, можно е да има некојажила плус или минус другиот кабел, ако има плус не е проблем, ако има минус е проблем, затоа ќе го изброиш бројот на жили на двата конектори, отвори ги и двата монитори и брои ;).
Title: Одг: Како да го сменам DB-15 конекторот од монитор?
Post by: bicikle on 22.09.2011, Thursday, 01:44:49
не се стандардни ?
Title: Одг: Како да го сменам DB-15 конекторот од монитор?
Post by: at.koce on 22.09.2011, Thursday, 07:24:02
До пинчињата не е проблем зато што видно е прецвикан кабелот. Да сменам цел кабел пак не ми се исплати зошто треаб да го отворам мониторот и пак да лемам и прелемувам. Ако некој менувал само конектор нека ми каже само на што да припазам  ;D
Title: Одг: Како да го сменам DB-15 конекторот од монитор?
Post by: batka on 22.09.2011, Thursday, 08:53:02
До пинчињата не е проблем зато што видно е прецвикан кабелот. Да сменам цел кабел пак не ми се исплати зошто треаб да го отворам мониторот и пак да лемам и прелемувам. Ако некој менувал само конектор нека ми каже само на што да припазам  ;D

Прво - кај CRT мониторите има неколку типа кабли,така што и да купуваш треба да видиш добро каков кабел купуваш.
Најдобро е цел кабел да смениш ,кога веке се зафаќаш со работа. Второ - со инструмент добро провери ги пиновите и каблите по боја и нивниот распоред.Мора малку да се помачиш,нема друго.Eве и распоред на пиновите,ако ти притреба.
Title: Одг: Како да го сменам DB-15 конекторот од монитор?
Post by: GigaWatt on 22.09.2011, Thursday, 13:03:40
не се стандардни ?

Па некои постари монитори немаат on/off пин (standby пин/жила), некои имаат некои додатни пинови кои нудат некои дополнителни опции, контрола над некои работи. Во принцип, ако го менуваш кабелот со монитор произведен по 2000 година, не би требало да има разлика, би требало да бидат „стандардни“ ;).

До пинчињата не е проблем зато што видно е прецвикан кабелот. Да сменам цел кабел пак не ми се исплати зошто треаб да го отворам мониторот и пак да лемам и прелемувам. Ако некој менувал само конектор нека ми каже само на што да припазам  ;D

Верувај, поедноставно е да лемиш и прелемуваш внатре во мониторот одколку во самиот конектор, D-SUB конекторите се малку тешки за лемење :S, многу пинови имаат :S, сум пробал затоа знам ;).

Исто така добра опција е да го исечеш само прецвиканиот дел, да ги преспоиш каблите и со термо црево да ги изолираш едни од други, како и надворешно да ги изолираш ;). Плус, со термо црево ги заштитуваш и од вода/влага ;), одколку само прелепување со обичен изолирбанд ;). Се разбира, ова е изводливо само ако прецвиканиот дел не е преблиску до конекторот.
Title: Одг: Како да го сменам DB-15 конекторот од монитор?
Post by: bicikle on 22.09.2011, Thursday, 13:50:59
а да најш исправрен кабел па да ги врзиш, т.е. да го наставиш стариот од кај шо е цвикнат?
Title: Одг: Како да го сменам DB-15 конекторот од монитор?
Post by: kursum on 22.09.2011, Thursday, 17:14:40
најдобро да го отвориш и да видиш како е врзан внатре кабелот. може да се спојува на повеќе различни места и во тој случај ќе мора кабел од иста таков монитор да бараш. нема стандарден кабел.
да го пресечеш тој што го има и да го споиш конектор, ако знаеш каде точно е прецвикан, тогаш само отфрли го тој дел. жиците се со разни бои па не може да ги погрешиш.
после треба само добро да го изолираш кабелот со фолија да не има пречки.

Title: Одг: Како да го сменам DB-15 конекторот од монитор?
Post by: at.koce on 22.09.2011, Thursday, 18:56:25
E овој пат не ве полушав и гo сменив конекторот, не беше тешко лемењето само малце време потрошив додека да откријам која „жичка“ каде оди и успеав, сеа е се топ :D
Title: Одг: Како да го сменам DB-15 конекторот од монитор?
Post by: GigaWatt on 22.09.2011, Thursday, 20:27:27
ОК, со среќа да си го користиш мониторот ;).