Македонски форум за електроника

Други технологии => Електроенергетика => Topic started by: batka on 06.08.2011, Saturday, 15:26:20

Title: Адаптер од 220 на 110V 1600W
Post by: batka on 06.08.2011, Saturday, 15:26:20
До мене доспеваат доста уреди ( лап топови пред се ) кои работат на 110V. Скапа варијанта е купување на нов адаптер на 220 V ,ама повекето луге бараат уредче за прилагодување.Освен тоа може и друга работа да се приклучи до 1600W потрошувачка. Еве еден предлог кој дефинитивно е евтино решение.
Title: Одг: Адаптер од 220 на 110V 1600W
Post by: Devil on 06.08.2011, Saturday, 16:19:51
интересен принцип на работа :)
интересен дизајн, јас имам нешто слично видено но како безтрансформаторски регулатор беше тоа, за поголема струја и напон, не како овие малите со кондензаторска спрега што се туку со SCR
Title: Одг: Адаптер од 220 на 110V 1600W
Post by: GigaWatt on 06.08.2011, Saturday, 16:32:21
Ова е добро, ама само за SMPS напојувања, или греачи, некои такви работи, фенови исто така, во принцип уреди на кои не им влијае многу брановата форма на наизменичниот напон. Ако на ова приклучите уред кој се напојува со трансформатор, можно е да имате проблеми со филтрирањето, а и самиот трансформатор можно е да грее повеќе :S. Така да, ова би било супер за лаптопи, копмпјутери, телевизори, монитори, но не и за засилувачи или мотори кои имаат ист RPM како и фреквенцијата на градската мрежа (мислам дека ова беа синхроните мотори ;D) ;).
Title: Одг: Адаптер од 220 на 110V 1600W
Post by: dejanpetrus on 06.08.2011, Saturday, 18:28:17
колеги имам едно прашање, што дел е тоа на сликата обележано и не пишува никакви вредности за него ?
(http://pic.mk/images/newpic1312648313.)
Title: Одг: Адаптер од 220 на 110V 1600W
Post by: Goce on 06.08.2011, Saturday, 18:54:20
Тоа е дијак ист е како тријакот само гејтот му е поврзан со втората анода тоа поврзување е внатрешно.
Title: Одг: Адаптер од 220 на 110V 1600W
Post by: Devil on 07.08.2011, Sunday, 02:28:42
„универзален“ дијак ви е BR100 :)
околу 10 денари е
Title: Одг: Адаптер од 220 на 110V 1600W
Post by: VLATKO* on 10.10.2011, Monday, 22:50:17
колеги имам отвртувач од америка донесен и работи на 110 волти,дали би можел да го употребам овој адаптер,иначе одвтрувачот е негде околу 400 вати.
Title: Одг: Адаптер од 220 на 110V 1600W
Post by: batka on 11.10.2011, Tuesday, 00:04:37
Може ,без проблем да го употребиш.
Title: Одг: Адаптер од 220 на 110V 1600W
Post by: mkfe on 14.09.2012, Friday, 15:28:25
До мене доспеваат доста уреди ( лап топови пред се ) кои работат на 110V. Скапа варијанта е купување на нов адаптер на 220 V ,ама повекето луге бараат уредче за прилагодување.Освен тоа може и друга работа да се приклучи до 1600W потрошувачка. Еве еден предлог кој дефинитивно е евтино решение.

Оваа шема е класична регулација со triac.

Не би ја препорачал за потрошувачи кои имаат директно на влез грецов исправувач и електролитски кондензатор за голем напон.

Излезниот напон од уредчето има шпицасто растење на напонот, кои гледано за грецот и електролитот ќе се манифестираат како шпицеви во струјата, односно кондензаторот ќе трпи "појаки" струјни удари за да се дополни .... при секоја полупериода, од вредноста на напонот до која се испразнал во претходната полупериода до максималната вредност од синусоидата.....

Мислам покрај грецот, може да страна за "брзо" време електролитот.

За сметњите не коментирам, тие и претходно се коментирани.

P.S.
Вакви влезови имаат обично switch-инг напојувањата.

Поздрав,
mkfe.