Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Предаватели => Topic started by: BorceBT on 10.10.2009, Saturday, 03:10:33

Title: Причини за нестабилност на УКБ предавател
Post by: BorceBT on 10.10.2009, Saturday, 03:10:33
Стабилноста зависи од температурата. Температурата влијае на калемот, на кондензаторот ама најбитно е што влијае на транзисторот и отпорниците. Транзисторот е највиновен за „шетањето“ на фрекфенцијата. Значи, ако транзисторот помалку се загрева (работи со помали струи) помалку ќе се поместува фрекфенцијата. Меѓутоа ако работи со помали струи ќе има и послаб излез, така што ќе треба повеќе степени после него. Затоа поквалитетните предаватели без PLL имаат повеќе степени а некои користат и FET транзистори бидејќи е помалку осетлив на температурни промени во однос на појачувањето од обичните биполарни транзистори. Значи, најстабилен можен предавател би ти бил ако е изработен со FET со 2 гејта (се прави со другиот гејт негативна повратна врска за да се стабилизира) и после него уште 3-4 транзистори и сето тоа дава некои 1/2W максимум. Еве една шема на стабилен осцилатор со BF900: http://www.frn.net/tech/xmitters/fm/bf900/ (http://www.frn.net/tech/xmitters/fm/bf900/)

Иначе тој дава многу мал излез и треба да се засили со бафер - засилувачи (во A класа) и дури после со стандардни ВФ засилувачи (во C класа). Друго, за него треба стабилен напон и константна температура и ќе биде скоро стабилен како да има PLL, нормално ако можеш да го подесуваш прецизно со фрекфенцметар.

Идеите со користење на силикон за да се стабилизира предавателот од една страна можеби делуваат како температурна стабилизација (поголема маса која треба да се загрева) во не се добри бидејќи силиконот на калем комплетно ја променува индуктивноста а силикон на променлив кондензатор го заглавува  ;D