Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Предаватели => Topic started by: DX-er on 08.02.2010, Monday, 19:27:19

Title: Стабилност кај Фм предавателите со 1 транзистор
Post by: DX-er on 08.02.2010, Monday, 19:27:19
(http://pic.mk/thumbs/2010020819.jpg) (http://pic.mk/?v=2010020819.jpg)

По огласниците име многу огласи што продаваат вакви мали фм емитувачи со соленикава цена  >:( знам дека тоа нема ни 10 дела :). Сега ме интересира, дали овие "играчки" имат стабилна фрекфенција бидејки ако немаат мислам дека нема ни да си ја извршува својата лоша намена па така ако биде наместена на една фрекфенција а после 5 минути забега на некоја друга фрекфенција (поради поместување на антена или едноставно допир со рака) каде што има друга станица и овој сигнал е многу послаб и нема да се слуша. Па мене ме интересира од стручен аспект како постигнуваат воопшто некаква стабилност? ПЛЛ 100000по10000% нема во тоа.

На сликата ги ишкртав некои информации па мислам дека не ги кршам правилата, доколку не избришете ја одма.
Title: Стабилност кај Фм предавателите со 1 транзистор
Post by: BorceBT on 08.02.2010, Monday, 21:50:52
Обичен еднотранзисторски осцилатор ;)
Title: Стабилност кај Фм предавателите со 1 транзистор
Post by: DX-er on 08.02.2010, Monday, 22:03:19
Баш така и мислев, но еве јас тие што ги имам направено со еден транзистор биле ненормално нестабилни па затоа не ми е јасно, зар и нивните се такви или имаат некој марифет?
Title: Стабилност кај Фм предавателите со 1 транзистор
Post by: BorceBT on 08.02.2010, Monday, 22:15:22
Има финти ама за тоа во друга тема (надвор сме од темата).
Title: Одг: Стабилност кај Фм предавателите со 1 транзистор
Post by: DX-er on 08.02.2010, Monday, 23:25:11
отворив нова тема. Па сега ме интересира мене а и другите кои сакаат да направат едноставен предавател со 1 транзистор но прилично стабилен, како го постигнуваат тоа тие што ги прават тие буби?
Title: Одг: Стабилност кај Фм предавателите со 1 транзистор
Post by: BorceBT on 09.02.2010, Tuesday, 02:33:29
Најголемиот проблем со стабилноста е температурата на транзисторот, кондензаторите и калемите. Ако транзисторот го работиме на мала снага нема да грее и единствен проблем ќе ни биде температурата на околината. Тоа на наједноставните предаватели се решава со додавање на мал NTC (термо) отпорник кој преку фиксен отпорник ја „поправа“ работната точка на базата на транзисторот во зависност од температурата и фрекфенцијата останува релативно стабилна. Друга „финта“ е користење на FLL (Frequency Locked Loop) кој е многу поедноставен од PLL (Phase Locked Loop) и може да се изведе дури и само со 1 транзистор (бафер) на излез од осцилаторот кој ќе „враќа“ напон на базата на првиот во зависност од фрекфенцијата со што ќе го „држи“ првиот транзистор на наместената фрекфенција без разлика колку е температурата. Трета работа е користење на кристал но да работи во режим на „фрекфенциски множител“ или што би рекле „на повисок хармоник“. Тоа би значело да се направи кварцен осцилатор кој на пример ќе користи кристал на 26.600MHz а ќе осцилира на 4 пати поголема фрекфенција (на 106.4MHz). Проблемот е што тие шеми за жал ги нема на интернет (бидејќи некој очигледно прави пари од нив) а јас засега немам многу време за да експериментирам и издизајнирам шеми со сите типови на стабилизација. Ако некој убаво ме разбра што сакам да кажам овде може да експериментира и да ги објави резултатите овде (или како и сите да ќути и да продава на Pazar3 :D)
Title: Одг: Стабилност кај Фм предавателите со 1 транзистор
Post by: DX-er on 09.02.2010, Tuesday, 21:00:38
ова интересно ми изгледа, баш сакам да ги прбам сите начини но ке ми треба и твоја помош оти немам претстава како би го извел тоа. За ќутење НИ НА СОН. Ке им ја откриеме тајната на тие што продаваат буби за 300 денари а гарант реалната цена на тие делови не е ни 50 ден.

Размислував за сите 3 варијанти и мислам дека со првата варијанта со термо отпорникот се стабилизира фрекфенцијата која би била изместена од промена на температурата но пак со мрдање на антената пак фрекфенцијата би се изместила, со мрдање на аудио и напокувачките кабли пак ке се измести. Најважно е што со мрдање на антената ке се измести фрекфенцијата.

Втора варијанта со FLL ме заинтересира, и мислам дека и со промена на температура, промена на волтажа, мрдање на антената, преместување на аудио и струјните кабли фрекфенцијата ке остане иста, дали добро те разбрав?
Имаш некоја испитана шема за FLL (Frequency Locked Loop)? Баш ме интересира што е ова и дали е толку ефикасно како PLL.

Третата варијанта нели ја има во PLL верониката, тамо мислам дека се користи кристал од 6,2 или 6,4MHz и мислам дека тој е множител на фрекфенција, или пак служи за друго?
Title: Одг: Стабилност кај Фм предавателите со 1 транзистор
Post by: BorceBT on 10.02.2010, Wednesday, 00:30:19
Шема за FLL немам а нема ни на нет нормално немаше да ја отвориме темата да имаше :) Треба да се издизајнира нешто само тоа е чарето. Иначе за третата варијанта не, нема врста тој кристал на верониката е само за PLL-от, јас зборувам за директен осцилатор со кристал.
Title: Одг: Стабилност кај Фм предавателите со 1 транзистор
Post by: DX-er on 10.02.2010, Wednesday, 00:37:16
А према тебе која од тие 3 варијанти е најдобра? Јас мислам дека е под 2 но не мора да значи дека сум во право.

За третото со кристалот ако е на 26,6МХз и се помниожи со 4 ке се добие 106.4MHz а ако сакам да добијам 106,2 или 107,1MHz или тогаш ке ги множи со пример 3,95 или со 4,15 ?
Title: Одг: Стабилност кај Фм предавателите со 1 транзистор
Post by: BorceBT on 11.02.2010, Thursday, 00:57:17
Третата варијанта може да се направи најлесно само имаш ограничени фрекфенции бидејќи овде во Македонија немаме избор на кристали. Иначе множењето не е всушност множење туку ја „фаќаш“ осцилацијата на кристалот на некој хармоник, значи цел број, 2,3,4,5....пати повисока фрекфенција итн (не децимали).
Title: Одг: Стабилност кај Фм предавателите со 1 транзистор
Post by: DX-er on 11.02.2010, Thursday, 01:01:36
Е тоа е проблем што не може да иде на сите фрекфенции од 88-108MHz а и самиот хармоник нема квалитетен звук, еве кога ке слушнам хармоник тој е со лош звук и како некои Hz од самиот тон да се слушаат а некои не. Него за тоа FLL не сватив како мислиш да ставам бафер на излезот и тој да врака на база?
Title: Одг: Стабилност кај Фм предавателите со 1 транзистор
Post by: BorceBT on 11.02.2010, Thursday, 01:18:20
Не реков дека фината со кристалот ќе биде многу квалитетна. Прво, ќе има релативно мала модулација бидејќи кристалот и нема да може многу да го „шетаме“ фрекфентно бидејќи нели се работи за ФМ модулација ама во основа ќе брка работа и тоа пак со 1 транзистор. А со решението за FLL значи ќе треба минимум 3 транзистори + уште некои елементи и развој :)
Title: Одг: Стабилност кај Фм предавателите со 1 транзистор
Post by: DX-er on 11.02.2010, Thursday, 01:25:57
а кои се тие 3 транзистори и други елементи? Ама за развој не знам :) хехе ај тоа третото со ваша помош ке се надмине а после се фаќам за работа и правам, сликам, закачувам на форум со детални впечатоци за работата и стабилноста.