Македонски форум за електроника
Дигитална електроника => Микроконтролери => Topic started by: LordZi on 07.05.2011, Saturday, 11:09:51
-
Ова е до сега најдобриот стробоскоп се лед диоди што сум го направил, бидејќи освен фреквенцијата на трепкање, може да се подесува и траењето на блесокот, што го прави многу флексибилен за употреба. Јас го пробав со две бели лед диоди од 10mm и стварно јако блеска, ако се стави појак транзистор и повеќе лед диоди комотно може да замено било кој стробоскоп со ксенонска цевка ;D.
На шемата не е нацртано, пин 8 оди на маса, пин 1 на плусот од напојувањето.
-
баш интересно, иако имав план да направам со не555, ама и онака го имам пикот па следен проект ми е ова :)
-
кој појак транзистор може да се постави наместо 2Н2222?Имам бели ЛЕД диоди,во колку по серија и со кој отпорник да ги ставам?
-
Пробај со некој BD... транзистор.
-
купив БД140,со него сите делови.Па треба да го започнам да го правам.
-
и јас само што купив делови па поосле ке го направам, само неам дома компјутер па ке мора шемава на лист да ја нацртам хх :)
EDIT: сколс нема да ти работи со бд140, купи 139 ;)
-
BD140 ти е PNP транзистор,а тебе ти треба BD139 или некој друг кој е NPN ;D
-
немај гајле,со БЦ547 ќе го активирам овој БД140 ;) :D
-
а може и некој појак да му мавнеме и цела дискотека да осветлиме хх :)
-
па да,ама овој БЦ547 е само за да го активира овој БД-то.А може и двата појаки да бидат па цела дискотека да осветлуваш.Или пак наместо диодите преку оптотиристор и еден тиристор да се поврзе сијалица некоја од 100вати,па со замена со појак тиристор поголема ватажа(рефлектор) :o ;D ;D
-
со блиц ке биде доста интересно и може со не555 да се направи, мислам дека поубав ефект ке даваат тие :)
-
абе нели едно ја правев со НЕ555 и сијалица,работи ама да го најдам и ќе го постирам на форум
-
имам шема и јас дома ама неам пц, иначе имаше во емитер со сијалица од блиц
извинете за офф ;)
-
Само што го направив стробоскопов и супер е ;D.Ме оќораве дур да го наштимам убаво да трепка хаха :D :D.Го направив на универзална,со 10 диоди 10мм :D.Само ми рокна едниот тример,дека беше некој кинески >:(.Да пазите кога ќе купувате,земете некои поквалитетни тримери,некои на PIHER,или па ставете потенциметри,иначе ќе ви изгорат ако се некои кинески... ;) :)
-
и јас го направив со бели сјајни диоди и супер е баш интересно :)
-
само што го завршив и јас.Правам сега една верзија на која ќе додадам оптотиристор и тирстор,па ќе може да има стробоскоп со 220в 100вати сијалица
-
Ништо не правиш со обична сијалица, со мали брзини на трепкање ќе ја биде, ама превише е трома за да трепка побрзо ;).
-
Дечки ај кажете некој брз транзистор,некој појак од овој 2N2222,дека рикна :D.Пробав со BD137 не бива,тромав е :D
-
како мислиш тромав е??
-
Дечки ај кажете некој брз транзистор,некој појак од овој 2N2222,дека рикна :D.Пробав со BD137 не бива,тромав е :D
Пробај со некој BD, BD139 или BD140, зависи, дали ти треба NPN или PNP ;).
-
Дечки ај кажете некој брз транзистор,некој појак од овој 2N2222,дека рикна :D.Пробав со BD137 не бива,тромав е :D
Пробај со некој BD, BD139 или BD140, зависи, дали ти треба NPN или PNP ;).
Па пробав,тромави се тие...Треба NPN да е...Овој рикна,некое кинеско ср*ње беше >:(.Трепкаше трепкаше и оп се намали светлината за 90% ;D
-
а бе што ти значи тоа тромав е....јас првпат слушам за таква некоја карактеристика на транзистор...
-
а бе што ти значи тоа тромав е....јас првпат слушам за таква некоја карактеристика на транзистор...
Вака,со овој 2н2222 трепка ептен брзо,и убаво се наштелува,како сакаш да трепка,колку трепкања во секунда ова она...А со овој БД трепка само по еднаш,едвај и трепка,затоа викам тромав е,не респондира брзо ;D ;D
-
Вака,со овој 2н2222 трепка ептен брзо,и убаво се наштелува,како сакаш да трепка,колку трепкања во секунда ова она...А со овој БД трепка само по еднаш,едвај и трепка,затоа викам тромав е,не респондира брзо ;D ;D
Не е тромав, едвај го венесуваш во ON (ACT), а во SAT најверојатно не ни влегува, тоа е проблемот, потребен му е помоќен сигнал за да се побуди како што треба ;).
Место R6 и R7 стави потенциометар со вредност од околу 20K и штелувај, кога ќе добиеш најдобар „одзив“ на транзисторот, измери ги отпорностите помеѓу пиновите на потенциометаорот и стави адекватни отпорници ;).
-
Многу компликации :D,поедноставно е да купам друг 2н2222 ;D.
-
сега го пробав со обична сијалица и како што кажа Лорд Зи трома е.Не фаќа на големи брзини да се види трепкањето
-
сега го пробав со обична сијалица и како што кажа Лорд Зи трома е.Не фаќа на големи брзини да се види трепкањето
Па да де, не може со обична сијалица, премногу споро се пали и се гаси, тоа е проблемот :S. Сум пробувал и јас, ама не оди :S.
-
таа си се пали и гаси брзо, ама па жаречкото влакно споро се лади и заради тоа свети цело време...
-
таа си се пали и гаси брзо, ама па жаречкото влакно споро се лади и заради тоа свети цело време...
Да де, на тоа мислев ;).
-
Led Stroboscope (http://www.youtube.com/watch?v=_iowBBynng4#)
-
serdzoZI стави целосна шема, иначе вака темава не е вредна
-
Izvineta vaka nemam makedonska pordska me zafrkava kompjuterot nesto ete gore link so semata
-
Eве ја темата http://elektronika-mk.net/index.php?topic=5317.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=5317.0)
-
ги споив темите. не требаше посебна тема
-
ова може да се искористи како такт генератор со не-голема прецизност
-
го направив овој склоп ама не сака да работи, што ли се тие Ј2 и Ј3, на Ј2 пише 9V ?
-
го направив овој склоп ама не сака да работи, што ли се тие Ј2 и Ј3, на Ј2 пише 9V ?
Сигурно нешто си утнал,јас го направив и работи...Тие се конектори,што немора да ги ставаш...Ј1 и Ј2 ги спојуваш,а кај Ј3 поврзуваш напојување од 9V
-
ствано не знам што е работата, го проверив цел уред и се добро е поврзано.
Малечко ај дај ми го hex-от од тој ти што си го правел бидејки овој кога ке го ставам на програмирање гледам дека има празни колони
(http://img830.imageshack.us/img830/4271/wwwwp.jpg) (http://imageshack.us/photo/my-images/830/wwwwp.jpg/)
-
Да не ги заборави пин 1 и 8 од пикот да ги поврзеш?Иначе еве го хексот,истиот,LordZi што го има ставено:
:100000000428FF3FFF3FFF3FA820A7016F205008B3
:10001000A2005108A3000330A7006F205008A400DD
:100020005108A500A50CA40CA513A50CA40CA513A0
:10003000A50CA40CA51300302302031D21280A30AF
:100040002202031826280A30A200A3010030250648
:10005000031D2C2800302406031D31280230A40083
:10006000A50123082502031D372822082402031CAA
:10007000412804302202A4000030031C013F230267
:10008000A50023082102031D472822082002031887
:100090005728A00A0319A10A25082102031D522886
:1000A00024082002FF3003180030A6005928A001C0
:1000B000A101260803195E2805155F2805110230E5
:1000C000DB00FF30DA00DB0B66286928DA0B6628D4
:1000D00063284A30DA00DA0B6B2805286E28F030E6
:1000E000031383129F05F03083169F0483129F171A
:1000F0002708D000D00D5010D00D501050089F048C
:100100001F14D2209F141F08D2000030D2180130D3
:10011000D2005208013A031D8F28000083281E08D0
:10012000D200D3015208D300D2015208A8005308CC
:10013000A90083161E085204A8005308A900003025
:10014000A90483121F102808D0002908D100080034
:100150008B010313831696010130831290008130C6
:10016000831681000B308500051485100511851557
:1001700005168512073083129900233083169F00DD
:100180001F149F101F119F15813083129F00013093
:100190009F009F171F131F141F169F121F13A001EC
:1001A000A1010800073003138312DA00DA0BD62806
:1001B0000800FF3FFF3FFF3FFF3FFF3FFF3FFF3F85
:02400E00D43F9D
:00000001FF
-
имам поврзано напојување. хексот од првиот пост го имам испрограмирано, еве сега пак за секој случај ама залудно е. што може да е проблемот? ЛЕ диодата ја поврзувам со плус а минусот го добива од колекрторот на `2н2222
-
На лед диодите им носиш +15V?
-
ставив само една ЛЕД за проба и тоа на ЛЕДот плусот е поврзан со 1к отпорник и на 12V а минусот си иде на колекторот од транзисторот
-
Минусите од 12V за диодите и 5V за пикот врзани ти се заедно?
-
Минусите од 12V за диодите и 5V за пикот врзани ти се заедно?
не, нели минусот на секоја ЛЕД треба да е поврзан со колекторот на 2Н2222 ?
-
Мислев на минусот од 12V напојување, треба да е поврзан на пин 2 од стабилизаторот 7805.
-
да да тоа е во ред, после стабилизаторот си има 5V на 3тата жичка и секако средната е минус.
знам дека транзисторот го местев према
http://www.alldatasheet.com/datasheet-pdf/pdf/15067/PHILIPS/2N2222.html
така да не е до него
двата потенциометри нели имаат 3 жички од кои средната (што се врти) иде на пикот а крајните две кои се 10к идат на плус и мунус (5 волти)
-
Да, тоа е ОК, изгледа имаш нешто превидено па не ти работи, провери уште еднаш дали е се поврзано према шемата. И уште нешто, ако ставаш една лед диода стави поголем отпорник пошто со 100 ома на 12V ќе се скува... ;)
-
1к имам
Meне ме чуди како може транзисторот да е поврзан вака: плус на емитер а минус на колектор, нели треба обратно ?
-
Oбратно треба да е,види да не си промашил...
-
Минусот е врзан на емитерот, види ја шемата поубаво... ;)
-
да во ред е, така имам залемено туку лошо сум напишал
-
Ај види по оваа шема: (http://pic.mk/images/8lGZ0.jpg)
-
најдов еден ладен лем, поточно емитерот немал допир со минусот а на око изгледаше допрено. Го залемив емитерот со минусот од напојувањето и ЛЕ диодата цело време свети и не трепка воопшто иако ги вртев и двата потенциометри.
Malecko шемата си е таа освен делот за напојувањето кој има повеке делови кај тебе но неможем да доставувам уште кондензатори бидејки немам место
-
Malecko шемата си е таа освен делот за напојувањето кој има повеке делови кај тебе но неможем да доставувам уште кондензатори бидејки немам место
Батали ги ти кондензаторите,види околу пикот...
-
дечки ова проработе!!! еве што било мајмунлукот, ладен лем во делот каде се спојува минусот со нозете од потенциометрите. Ова стварно прв пат ми се дешава на една проста шема да лемам и да не проведува струја и тоа на 2 места.
Фала ви за помошта во секој случај.
edit: се мислам дали да му ставам една LE диода од 1W, дали транзисторот ке издржи или да ставам уште еден транзистор како 2N3055 :D
-
едно предупредување:
Кога работите со монтажна плочка и правите водови со калај пазете многу добро и проверувајте со униметар бидејки тамо каде што се спојуваат еден со друг вод има шанса да има и ладен лем доколку добро не сте го стопиле калајот и од двата вода.
Ова намерно во посебен пост за да сите го видат.
-
edit: се мислам дали да му ставам една LE диода од 1W, дали транзисторот ке издржи или да ставам уште еден транзистор како 2N3055 :D
Овие 2N2222 мислам дека беа до 1-1,5W така што ќе скува,ако му ставиш диода од 1W.Bиди стави некој BD (BD137) транзистор само ќе треба да ги менуваш тие отпорниците од 4,7К и 22К...
-
јас па вака си мислам, да си стои се како што е со 2N2222 туку вака да направам, од колекторот (излезот) на 2N2222 да со поврзам со базата со некој BD137 а секако BD137 да е поврзан емитерот со минус и колекторот со излез кон ЛЕД од 1 ват. Што викаш за ова? Ке требаат ли тие отпорници на вториот транзистор ?
-
Aха,значи да ги поврзеш како во дарнлингтон спој,само што не е баш така.Треба колекторот од првиот транзистор да го поврзеш со колекторот од другиот транзистор,а емитерот да го споиш со базата од вториот транзистор...Според мене би работело вака,но пробај па пиши.
(http://4.bp.blogspot.com/_tWcsnP09Wj8/TDcqgo4wrCI/AAAAAAAAB2w/s-I0FZmJ2bc/s400/Darlington-transistor-pair-symbol.png)
-
А,дали би разгледале една ваква ефтина и ефикасна шема?
-
Со овој стробоскоп со пикот имаш многу поголема флексибилност, пошто освен брзината на трепкање, може да се нагоди и времето на импулсот и паузата, што кај овие едноставни шеми со 555 го нема. Е сега, ако гледаме од економска страна, се знае што е поефтино... ;)
-
Ако се помачиш и задлабочиш малку 555 знае многу да изненади.Само не ја гледам логиката - ЛЕД стробоскоп- знаеме колкава е брзината на палење на влакно и на лед.
-
Зошто, со лед се прави одличен стробоскоп, особено со некоја диода од 1W или 3W, иако и овие белите 5mm не се лоши, брзината на палење и гасење на лед диода не заостанува зад ксенонска лампа, додека сијалици со влакно се веќе друга приказна... ;)
-
Зошто, со лед се прави одличен стробоскоп, особено со некоја диода од 1W или 3W, иако и овие белите 5mm не се лоши, брзината на палење и гасење на лед диода не заостанува зад ксенонска лампа, додека сијалици со влакно се веќе друга приказна... ;)
значи со ЛЕД од 1 ват ке биде подобро и појако ке свети одколку 20 5mm LE диоди ?
Ако е така да го сменам транзисторот, само што отпорници да ставам ?
-
Зошто, со лед се прави одличен стробоскоп, особено со некоја диода од 1W или 3W, иако и овие белите 5mm не се лоши, брзината на палење и гасење на лед диода не заостанува зад ксенонска лампа, додека сијалици со влакно се веќе друга приказна... ;)
значи со ЛЕД од 1 ват ке биде подобро и појако ке свети одколку 20 5mm LE диоди ?
Ако е така да го сменам транзисторот, само што отпорници да ставам ?
Не верувам баш дека 20 диоди ќе ги замени една од 1W,теоретски не ми изгледа дека е така...Иначе тоа со транзисторот,не менувај отпорници него само додади уште еден и направи дарлингтон спој...
-
ама во тој случај ке треба да ги извадам отпорниците за да емитерот од првиот транзистор биде поврзан само со базата на другиот транзистор, без отпорници како во сегашнава изведба
-
колку пари е пикчето колеги? па да ви кажам планирам да го спремам до нова година, да биде малку пошизички аххаа 8) 8)
-
40-60 денари, не е баш ефтино
-
колку пари е пикчето колеги? па да ви кажам планирам да го спремам до нова година, да биде малку пошизички аххаа 8) 8)
Околу 60-70ден е пикот,другото е ефтино...
-
зависи кај пазаруваш, некаде е 65 некаде е и 150 ден.
-
Сепак да знаете дека стробото со лед ја нема брзината и е потромаво од класичното .Ова се однесува за професионални работи.
-
го направив овој стробоскоп http://elektronika-mk.net/index.php?topic=5317.msg64248#msg64248 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=5317.msg64248#msg64248) со NE555 (бидејки во последно време многу се дружам со IC 555) еве впечатоци, со потенциометарот се подесува траењето на светлосниот импулс а додека паузата не се контролира и е фиксна. Паузата е 1/10 од времето (од прилика) и е многу кратка, значи гледаш како свети ЛЕД-от ама со брзи прекини. Тоа е додека потенциометарот е на 0, а пак ако потенциометарот до ставиме на крај (20к) ке видиме дека ЛЕД-от ке свети и одвреме навреме ке се гаси и пали со што соодносот ON/OFF би бил 50/1. Во секој случај стробоскоп со 12F675 води бидејки кај него може да се подесува и паузата.
Како и да е, кај овој стробоскоп доколку го наместиме потенциометарот на 0, ке брка работа.
EDIT: со TLC555 ама ич не чини, и немој некој да го направил со TLC555 па да вика дека шемата не чинела, нека стави класично NE555.
-
Дх-ер,ајде експериментирај уште малку : 560 оми намали го на 220 оми ,а кондензаторот 100МФ на 47,33 или 10 Мф.Па кажи ги после резултатите.
-
Дх-ер,ајде експериментирај уште малку : 560 оми намали го на 220 оми ,а кондензаторот 100МФ на 47,33 или 10 Мф.Па кажи ги после резултатите.
со намалување на кондензаторот добив само помала пауза која скоро не се ни приметуваше, со 22uF не се приметуваше ич и изгледаше како цело време да свети ЛЕД. Ставив 1000uF и паузата се зголеми! Потоа ставив 100 оми, наместо 560 оми и приметив дека паузата е подолга и од самото светење на ЛЕ диодата што е секако добар знак.