Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Аудио техника => Засилувачи => Topic started by: dejanpetrus on 01.02.2010, Monday, 13:48:44

Title: проблем со аудио засилувач 80 wati
Post by: dejanpetrus on 01.02.2010, Monday, 13:48:44
имам еден проблем и ако знаете би ве замолил да ми помогнете.
проблемот е тоа што изгледа имам пробиено некој транзистор а не знам кој е.На звучникот му довага јака струја.
шемата е од старите времиња а на нет најдов шема слична на оваа само со други транзистори а кондензаторите и отпорниците се со приближната вредност како на сликата (со црвена боја се транзисторите кои се на мојта шема, некои од нив и не се ни произведуваат веке)
.па би ве замолил да ми одговорите дали ако ги заменам транзисторите по новата шема ке биде се во ред.
 :)

(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=515.0;attach=133)
Title: Одг: проблем со аудио засилувач 80 wati
Post by: SaleSk on 01.02.2010, Monday, 14:30:01
Па прашањето ти е малку нелогично, односно никој не е баба Ванѓа па да предвиди дали со замена на транзисторите ќе ти проработи појачалото. Доколку сакаш совет односно патека по која би требало да го прегледаш и да го поправиш, би требало да имаш и минимално познавање од електроника. Ти рече дека не знаеш ниту како да ја провериш исправноста на транзисторите...немој оваа критика да ја сватиш како злонамерна, туку како добронамерна...
Најпрво треба да одредиш кој транзистор ти е неисправен и да ја најдеш причината за тоа...Доколку не ја одстраниш причината, повторно кога ке ставиш други транзистори ке се случи истото, односно ке ти прегорат во момент...Треба да се проверат побудните транзистори, излезните транзистори, да се проверат жичаните отпорници дали се во ред, и одкако ке се заменат неисправните делови потребно е и да се заменат електролитските кондензатори...90% се суви бидејќи ова појачало е релативно старо. По комплетната замена на сите набројани делови, ке биде потребно подесување на мирна струја, бидејќи без да го направиш тоа, повторно цркнување на појачалото не ти бега после некое кратко време....
Поздрав и среќна работа.
Title: Одг: проблем со аудио засилувач 80 wati
Post by: dejanpetrus on 02.02.2010, Tuesday, 12:04:47
ги сменив кондензаторите и отпорниците и ги ставив 2N3055 транзисторите и пак е истото ме интересира дали наместо транзисторите со црвена боја ке можам да ги заменам со тие од шемата, и ако може дали ке треба и да се смени нешто во шемата.
Title: Одг: проблем со аудио засилувач 80 wati
Post by: BorceBT on 02.02.2010, Tuesday, 16:19:03
Значи не е можно да ти дава на излез (на звучникот) јака струја бидејќи има кондензатор на излез од 1500uF. Да не не ти е ставен или можеби е пробиен, смени го!