Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Предаватели => Topic started by: BorceBT on 10.10.2009, Saturday, 01:43:02

Title: 10W AM предавател со електронска цевка
Post by: BorceBT on 10.10.2009, Saturday, 01:43:02
Ова е 10 ватен АМ предавател за средни бранови со електронска цевка.

(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=46.0;attach=12599)

Калемот е како кај AM радио, кристалот е од 600 до 1800KHz во зависност од фрекфенцијата што сакате да ја има предавателот. Кондензаторот што не се чита е 1nF а отпорникот 22K. VFPr е ВФ пригушница од 100uH (ја има во продавниците и личи на отпорник од 1W).
Title: Одг: 10W AM предавател со електронска цевка
Post by: DX-er on 31.12.2009, Thursday, 01:19:01
само да најдам ваква и ке го направам предавателов.

Борче дали познаваш некој што го има направено?
Дали треба да се напојува со 220V од штекер (наизменична струја) ?
Аудиото како би го поврзал?
Title: Одг: 10W AM предавател со електронска цевка
Post by: BorceBT on 31.12.2009, Thursday, 01:44:29
Треба да се напојува со исправена (со грец) струја и исфилтрирана со кондензатор. Оригинално би требало да се напојува со изолационен трансформатор. Исправената струја од штекер ќе има 300V еднонасочен напон но бидејќи аудио треба да донесеш преку модулационен трансформатор (поврзи обичен трансформатор 15-30W 220V/6V или 220V/12V) напонот малку ќе падне заради трансформаторот и во суштина ќе имаш околу 200-220V кои ќе го напојуваат. Напомена дека модулациониот трансформатор треба да биде поврзан во серија со плусот и тоа примарот (делот 220V) додека аудиото се носи на 6 или 12V делот од тој трансформатор, најдобро од излезот на некој засилувач (наместо звучникот го приклучуваш да го „вози“ трансформатрот). Сите знаеме дека специјално наменските модулациони трансформатори ќе имаат подобар квалитет на звукот од обичните кои се дизајнирани за 50Hz но со подесување на еквилајзерот на аудиото може да се добие добар звук.
Title: Одг: 10W AM предавател со електронска цевка
Post by: DX-er on 31.12.2009, Thursday, 01:46:50
двете намотки VF PR се по 100uH?
Отпорниците од колку W да се?
Кондензаторите и тримерот дали би издржале толкава снага, да не пробијат?
Дали има брум?
Title: Одг: 10W AM предавател со електронска цевка
Post by: BorceBT on 31.12.2009, Thursday, 01:59:35
Двете намотки се по 100uH. Отпорниците за секој случај стави ги да се по 1W мада мислам дека нема да греат ни ако се помали. Кондензаторите треба да се минимум за 250V фала богу (неможе од тие малите да се става, се работи за високонапонски склоп сепак треба да се има тоа во предвид). Тримерот... :) тоа не е тример. На шемата гледаш нацртан тоа е променлив кондензатор од големите (со стрелка) што ги има во старите радија со ламби (оние што се со паралелни решетки што влегуваат една во друга кога ќе ги вртиш). Дали има брум? Има малку :) зависи од тоа колку ти е филтриран напонот добри (стави 400V/400uF кондензатор за да има многу малку) ама сепак малку мора да има (за да нема ич се решава на друг принцип, ти гледај прво проработи го за тоа подоцна). И пази! Има високи напони и конзензаторот од 400uF ако е полн сеуште и ако го пипнеш верувај мнооогу боли ако не те и убие недај боже.
Title: Одг: 10W AM предавател со електронска цевка
Post by: LordZi on 31.12.2009, Thursday, 10:36:55
Колку домет може да се очекува од 10W AM предавател во град, меѓу згради и сл.(со антена обична жица)?
Title: Одг: 10W AM предавател со електронска цевка
Post by: BorceBT on 31.12.2009, Thursday, 11:51:21
Со обична жица како антена на AM (MW) максимум километар, два. Со добра (голема) антена многу повеќе. Овој домет се смета за во град да шеташ и да фаќаш низ градот со обично AM радио.
Title: Одг: 10W AM предавател со електронска цевка
Post by: LordZi on 31.12.2009, Thursday, 12:46:05
Пошто ги имам сите делови, може да го пробам овој предавател, ама прво да ми разјасниш некои работи, рачунај дека со ВФ техника немам ич искуство (освен две шпиун-буби ;)).
Дали ќе можеш да ги обележиш изводите од лампата со бројки, вака ме буни која решетка е која :), исто така дали има спој меѓу средната и горната решетка на шемата (кај што е шкртано).
Околу калемот - дали може да се искористи готов од џепно AM транзисторче, од тие малите што се мотани со ВФ плетеница на мало плоснато феритче?
Title: Одг: 10W AM предавател со електронска цевка
Post by: DX-er on 31.12.2009, Thursday, 16:41:09
Друже Борче се мислам дека ке има над 30km домет бидејки самиот канал кај АМ е 9KHz и би требало да има многу поголем домет. Фрекфенцијата е таква што тешко слабее за разлика од високите фрекфенции. Мислам дека на отворено ке има 30km ако го пуштиш во град и шеташ по планините ке го слушаш. Во град мислам дека ке има 2-3km поради ширењето на тие бранови меѓу згради + сметњите од кабелскиве, трафостаниците, базните на моб. ел.... Ова е само мое мислење што не значи дека потполно точно
Title: Одг: 10W AM предавател со електронска цевка
Post by: BorceBT on 31.12.2009, Thursday, 19:55:01
За LordZi:

Меѓу средната и горната решетка нема спој (затоа е шкртано, не важи тој спој). За изводите, мислам дека ти текнува дека ги има овде на оваа шема, истата ламба е:

http://elektronika-mk.net/index.php?topic=32.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=32.0)

Спојот G3-К e интерен (во ламбата).

За DX-er:

Се слагам со тебе со дометот но рачунај дека на таа ниска фрекфенција добра антена би се сметала четврт-бранова што би значело вертикална исправена шипка висока барем 40 метри. Тоа неможе да го направи аматер дома така да ќе мора да се задоволи со жица од 20 метри (осмина-бранова антена) и тоа поставена или хоризонтално (хоризонтална поларизација - полошо) или пуштена жица од некоја висококатница надолу (вертикална поларизација - подобро). Меѓутоа во тој случај и зградата со нејзината метална конструкција (арматура) би ги впивала наместо одбивала тие бранови (заради ниската фрекфенција) и со тоа дометот ќе биде 10 пати помал (2-3км) него да имаш висока исправена антена од 75-80 метри како што имаа АМ предавателите низ Македонија (ако некој памети).
Title: Одг: 10W AM предавател со електронска цевка
Post by: DX-er on 31.12.2009, Thursday, 21:02:20
него да имаш висока исправена антена од 75-80 метри како што имаа АМ предавателите низ Македонија (ако некој памети).
па и така АМ предавателите низ македонијава не се користат а антените стојат за украс па греота е така да стојат, може да се искористи некоја  ;)
Title: Одг: 10W AM предавател со електронска цевка
Post by: BorceBT on 01.01.2010, Friday, 04:02:53
Хехе, а линкот до предавателот да ти биде на ФМ :)
Title: Одг: 10W AM предавател со електронска цевка
Post by: DX-er on 08.01.2010, Friday, 23:38:45
LordZi ако го направиш и ако го продаваш кажи?
Title: Одг: 10W AM предавател со електронска цевка
Post by: LordZi on 08.01.2010, Friday, 23:59:17
Хе,хе, ти ќе добиеш повластена цена... ;D
Title: Одг: 10W AM предавател со електронска цевка
Post by: MAKEDONIA on 03.04.2010, Saturday, 15:55:46
да ви казам сум правел предаватели 1967 бидеjки немаше делови користев обично радио за модулација
се вика хајсингова модулација на G2 знаци  втората ресетка се напожува преку излезниот трансформатор од радиото
бидејки треба за 10 вати предавател 5в ати модулатор
Title: Одг: 10W AM предавател со електронска цевка
Post by: DX-er on 03.04.2010, Saturday, 17:21:09
Одлична работа, него како антена што користевте?