Македонски форум за електроника
Останато => Софтвер => Topic started by: BorceBT on 14.01.2010, Thursday, 14:34:33
-
Овде ќе ви претставам релативно едноставна а моќна програма за цртање на печатени плочки. Се работи за Sprint-Layout 5.0 која јас редовно ја користам а добра страна е што лесно се цртаат нови елементи и на веб страницата на компанијата која ја произведува може да се најдат дополнителни библиотеки со елементи.
Слика од програмата:
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=422.0;attach=12795)
Линк за симнување на демо верзијата:
http://www.abacom-online.de/demos/sprint-layout50(demo).exe
-
Навистина ме интересира како ги импортирате фајловите на шемите од sPlan 6.0 во Sprint-Layout 5.0, јас пробав и или не знам како да ги зачувам, или нешто не е во ред со софтверот ???
-
Хммм... не знам, ако знае некој екстерен конвертор или плагин нека не информира.
-
Па не знам, нели као демек можеле да се импортираат шеми од sPlan во Sprint-Layout, барем јас така разбрав... ??? Или погрешно сум разбрал... ??? Пошто ми треба на крај да ми провери прогамот дали ППК-то е правилно нацртано, односно дали е иста електричната шема и монтажната шема, да не сум згрешил некаде, затоа ;).
-
има една алатка TEST со неа линија по линија ќе испитувате :)
-
А таа алатка е за Sprint-Layout, нешто како plugin? А нема некоја алатка која самата ја проверува монтажната шема врз база на електричната ако претходно на електричната шема назначиш интегрирано коло, распоред на пинови, такви работи?
-
не може да се експортира од с-план во спринт, барем јас незнам а долго време ја работам спринт
тоа не е плугин туку е алатка во самата програма како молив со крст на врвот мислам дека изгледа така, нема можност за автоматски да прегледа дали има грешки
-
А некој друг програм кој ја има таа опција знаете? Некој го спомна Eagle, добар е? Може да се експортира шемата и потоа да си направам монтажна шема, па врз база на електричната програмот сам да провери дали монтажната шема е точна?
-
Altium ама незнам колку ќе се снајдеш ;D
тежок е ама има една интересна функција, кога експортираш од шема во плоча добиваш едни лини со кој ти се поврзани елементите за да знаеш што со што е, после ког аќе ги споеш со вод тие лини се губат, програмава е малку тешка и е само за нешто посложено ако работиш, но сепак пробај ја можеби ќе може да ја сработиш :)
-
Таа функција кај Eagle ја има, значи врските ги експортира во линии и компоненти поврзани на пиновите со танки линии и тоа се вика Ratsnest. Потоа рачно или автоматски се прави Route на секоја линија посебно или сите заедно (автоматски). Мислам сепак дека Sprint Layout е наменет за поедноставни плочки кои би ги работеле рачно и би биле лесни за проверка. Некогаш кога е мала плочка побрзо е да се направи во Sprint Layout бидејќи е едноставен и лесен за работа но ако имате сложен склоп во кој сигурно ќе изоставите некоја линија ако одите рачно без Ratsnest тогаш можеби е подобро да користите Eagle, Protel и слични помоќни (но побавни) програми.
-
Па искрено и јас тоа мислев. На крај дојдов до тој заклучок. Eagle горе долу иста тежина има како и покомплицираниве програми, веќе фатив OrCAD Layout да го работам, така да ќе продолжам него да го работам, плус има Smart Route Calibrate, така да, горе долу (ако правилно ги дефинираш компонентите во електричната шема) сам си ги прави плочките. Можеби ќе треба некои мали корекции на крајот да направиш, ама корекциите се навистина мали. Единствена работа која не ми се допаѓаше беа лемните точки за интегрираните кола кои беа, така, малку простички (само правоаглни имаш на избор), додека кај Sprint-Layout има многу убави форми за бирање ;). Подоцна дознав дека имало библиотеки на официјалниот сајт (па и на сајтовите на некои од производотелите на компоненти) каде што имало лемни точки за колата со убава форма (елиптични за сите лемни точки, освен за правоаголна за првиот пин ;)). Ама ако, ќе си ги имам и sPlan и Sprint-Layout инсталирано, зашто се навистина едноставни и прости за работа ;). Па дури и за покомлицирани шеми, колку за да ја нацрташ електричната шема sPlan е супер ;D.
-
Јас знам само дека имав една програма што нацртаните шеми освен и додавање на компоненти се додадват и разни видови инструменти, осцилоскопи,волтметри и т.н со форматирањето на пц ја игубив и би бил благодарен ако му текне на некој за програмава да ја симнам.
-
electronics workbench мислиш ... јас знам дека на неа има осилоскопи волтметри и слично
-
Јас ја спуштив ама без кракот ништо неможиш да правиш ѓабе ви е програмава ако го немате кракот .јас го најдов кракот заедно со програмата програма.па сакам да го споделам со вас ;D
Забрането е ставање warez на форум, линкот е избришан!
-
Дали некој знае како можам да цртам плочки на оваа програма, ама заземјувањето да ми биде заедничко?
-
тоа прашање оди тука
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1934.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1934.0)
погледни ја темава можеби ќе најдеш нешто што ти треба
-
Може некој да даде линк од каде може да ја симнам програмава, но не демо верзија?
-
Такви работи само преку ПП, никако на форум...
-
дали некој би можел да ми објасни накратко како може да го снимам проектот т.е. да го конвертирам некако да може да го печатам.., пред да си го преинсталирам компјутерот она за печатење ми го преврлаше автоматски во Power Point (Microsoft Office) е сега може само во слика и никакво излегува.
-
симни си некој пдф принтер, јас користам Bullzip PDF printer, тоа ти е како виртуелен принтер, ама фајлот ти го дава во пдф формат и можеш после тоа да си го принташ....
-
немам принтер но дали можам да го направам само да го изнесува во пдф формат и како
-
немам принтер но дали можам да го направам само да го изнесува во пдф формат и како
http://www.bullzip.com/products/pdf/info.php
-
благодарам
-
Дали кога се принта пцб треба да биде активирана опцијата „mirror"?
-
не треба, со тоа ќе ти излези однопаку сликата
-
одлична програма што се повеќе ме фасцинира
Споено мислење: 21.02.2012, Tuesday, 22:04:59
ок еве една плочка од еден мој проект што е при крај, сепак треба уште малку да се поработи на неа. Левиот дел на плочката е регулатор на напон за исправувач од 20А а десниот дел е напојување за дигитални мерни инструменти, волт и ампер метар, кое што треба да биди посебно и со посебен трансформатор. Овде е верзија 4, не е 5 оти таа ја имам :)
добра програма е, чиста 5-ка
(http://i1086.photobucket.com/albums/j460/transkop/ispravuvac20aplocka.png)
-
верувам дека е најдобра, сепак за нашите потреби мислам дека sprint layout е сосема доволна. Јас како радиоаматер и како хоби електроничар не се разбирам во микроелектроника, а и мислам дека секој од нас ќе даде чиста 5-ка за sprint layout ;)
-
Еве јас нешто што работам
1. Адаптер за PIC програматори мојата најнова верзија
(http://pic.mk/images/jvqBZ.jpg)
2. Напојување 0-45V 0-ХА (при дизајн е регулацијата за струја)
(http://pic.mk/images/aLTHl.jpg)
3. Проектот на кој моментално работам, DDS генератор на сигнал
(http://pic.mk/images/UCX07.jpg)
последното е во прототип фаза, моментално работам на дизајн на првичната шема и на софтверот, а како ја цртам шемата цртам и надополнувам на плочата :)
-
добро изработено од твоја страна, тебе ти е сигурно тоа и професија а се гледа дека си многу навлезен во електрониката
-
па и не ми е професија, студент сум, ова онака за тепање време работам, и кога ми треба нешто (кога правам нешто/дизајнирам нешто ново)
инаку не е нешто посебно
напојувањето е правени по стандарди со запазување на димензиите и слично, другите се така начкртани :P
-
До Devil
2. Напојување 0-45V 0-ХА (при дизајн е регулацијата за струја)
-Дали на форумов го има негде ова напојување, ако го нема дали би можел да ја поставиш таа шема и сета друга документација потребна за напојувањето ?
-
има само еден дел од напојувањето, го има делот за регулација на напон, гледаш дека е при дизајн, значи неможам сега да го поставам, ќе го довршам деновиве и ќе го поставам после
ќе ги има сите потребни документи и се околу тоа достапни на форум
првата верзија беше 0-30V како што се гледа и на сликата (ако запримети некој) ова е малку надградена :)
-
Дали во овој програм може да надоврзам друга шема изработена со истата програма ?
-Значи имам нацртано 2 шеми и еднава сакам да ја надоврзам со другава што е нацртана па дали може тоа да се направи ?, јас пробував некако да ја внесам ама не сака.
-
Дали во овој програм може да надоврзам друга шема изработена со истата програма ?
-Значи имам нацртано 2 шеми и еднава сакам да ја надоврзам со другава што е нацртана па дали може тоа да се направи ?, јас пробував некако да ја внесам ама не сака.
Можеш вака да направиш,едната плочка да ја сочуваш како макро и после кога ќе ја отвориш таа другата,оваа само да ја додадеш,исто како макро...Како да додаваш компонента (транзистор) само овде ќе ти биде цел склоп ;D
-
Дали во овој програм може да надоврзам друга шема изработена со истата програма ?
-Значи имам нацртано 2 шеми и еднава сакам да ја надоврзам со другава што е нацртана па дали може тоа да се направи ?, јас пробував некако да ја внесам ама не сака.
Можеш вака да направиш,едната плочка да ја сочуваш како макро и после кога ќе ја отвориш таа другата,оваа само да ја додадеш,исто како макро...Како да да додаваш компонента (транзистор) само овде ќе ти биде цел склоп ;D
Е фала многу.
-
или отвораш едната го копираш тоа што ти треба и со командата опен ја отвораш другата плоча и ја пастираш само во новиот отворен прозорец :)
-
od mobilen.
kade mozam da najdam bibloteki so somboli za Sprint Layout 5.0
-
или отвораш едната го копираш тоа што ти треба и со командата опен ја отвораш другата плоча и ја пастираш само во новиот отворен прозорец :)
Пробував нешто такво ама не ми успеа, па пишав..
-Нема врска важно средив, со тоа од малечко
-
od mobilen.
kade mozam da najdam bibloteki so somboli za Sprint Layout 5.0
на страната на abacom имаш еден куп библиотеки, во нив има скоро се што ти треба, плус можеш многу едноставно сам да си изработиш :)
-
Дали може да се додаде нешто како белешка во оваа програма ? Пример:
-Од сите делчиња што ми се напишани вредностите и ознаките во notepad да можам да ги внесам внатре и да ги сместам во некој ќош, да не мора да ги пишувам со алатката text секое поединечно на секое.
-
десно горе во ќошот имаш едно копче сино со буква i во него кликни тука копирај тоа од note pad или од каде веќе копираш и стави ги таму во тоа прозорчето што ќе ти го отвори :)
-
ѓаволе а како може сам да си направам елементи ?
-
земи нацртај си ги, паковањето со црвени надворешни линии, а она што треба да се леми со зелени
селектирај се десен клик --> направи група --> во делот кај што се (од десна страна) библиотеките имаш една дискета клик на неа и сни ми го делот :)
-
Фала многуу ;)
-
Да не има некој готово библиотеки направено за интегрални кола, од серијата TDA.
-
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1934.msg56329#msg56329
-
Ај некој ако има нацртано макро за сокет за лампа да ми го прати.За овие стандардниве лампи ECC82/EL84...
-
Изволи Џони, првата е за нормално да стои од горе на PCB, втората за лемење од доле - од страна на водовите...
-
Да не има некој готово нацртано за грец од тие 35 амперските за на плочка да го ставам? Зборам за тие металните како коцка што се
-
не се ставаат тие на плоча, гледај некако изведи да си го намонтираш на куќиште, немам димензии ќе ти го нацртав, последниот пред некој ден го намонтирав :S
-
Има во datasheet димензии, може врз база на тоа да се направи ;).
http://www.datasheetcatalog.com/datasheets_pdf/K/B/P/C/KBPC3506.shtml
-
Еве го :D
само модифицирајте го видете како треба правилно да стое на плоча да не е обратно (мирор) исцртан :D
-
Дали има некој начин да нацртам плочка во овој програм ама да биде двослојна, слоевите да ми ги стави еден по друг и само да стискам на едното првиот слој да ми го јави стискам на другото вториот слој да ми го појави??
-
има, кај што се слоевите ако кликнеш на таа бојата ќе ти го пречкрта едниот слој и ќе го гледаш другиот, ама за да го правиш тоа кликни прво кој слој сакаш да го гледаш да ти го избери тој па после да го „пречкрта“ другиот слој :D
Види сликава за појасно
(http://img69.imageshack.us/img69/4567/layerhi.jpg)
-
батки, ќе може да добијам макро лмк од 7 сегментен дисплеј?...ќе ве замолам побрзо бидејќи хитно ми е
фала однапред :P
-
Еве ти, има посебно еден, и по неколку споени :D
-
Девил, фала за брзината (уште тогаш веднаш нацртав)...ќе ми треба и од тастер макро, ќе може да добијам ако има некој?
-
Има едно 13-тина различни измери си го оригиналниот и види кој би ти одговарал најдобро :D
Ти се изнацрта ама проект нигде не видовме :D
-
ја правам лемната станица на macobt, веќе постоечки проект :P
-
Дали некој може да ми прати макроа (комплет) бидејќи јас ги изгубив, ги чував на стикче и се втера вирус и мораше да го форматирам... ако некој ги има како такви најубаво би било цела таа папка во .рар да се спакува и преку е-маил или како било да ми пратите, или тука да се стави па ако на некој му притреба да може да ги сметне.
-
Еве ги моите, има некои работи плус ќе видиш, некои работи се наоѓаат на друго место од стандардното, ама ќе се навикнеш ако ништо повеќе можеш сам да си ги преместиш кај ти треба
https://hotfile.com/dl/200772740/24d0ae2/MAKROS.zip.html
-
permanent mirrors:
https://www.box.com/s/uv8jvxftalwz6ojxnhap
https://www.megacloud.com/s/d7LFLxbqTE/MAKROS.rar
-
Благодарам ;)
-
дали ке може некој од вас да ми прати крак за овој програм бидејки го имав ама погрешка го избришав, ми треба за брзо време иако го пребарав цел интернет и неможам да најдам, фала однапред
-
Дали има некој да стави готови фајлови за седум сегменти дисплеи, мене поточно ми требаат за 0.47 инчи, ама не е штетно доколку ги има некој да ги стави сите. Фала однапред :)
-
Сеуште никој? :(
-
Што поточно ти треба? Ти требаат макроа?
-
Сега го учам, инаку да ... за препис може и готови макроа, Те молам.
-
И мене ми требаат макроата уште поодамна, доколку имаш за седум сегментен ми требаат тие :)