Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Предаватели => Topic started by: ShAdOw on 24.02.2011, Thursday, 22:47:45

Title: 200mW FM предавател
Post by: ShAdOw on 24.02.2011, Thursday, 22:47:45
FM предавател со јачина од 200mW.

(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=4180.0;attach=4051)
Title: Одг: 200mW FM предавател
Post by: batka on 25.02.2011, Friday, 20:00:30
Би требало да даде и повеке на излез,особено ако малку ја зголемиш побудата на 3866.Со добра антена и 1 ват ке излезе.
Title: Одг: 200mW FM предавател
Post by: DX-er on 25.02.2011, Friday, 20:30:03
Имам сличен предавател со BC547 и 2N3866 на излез. Можам да кажам дека на ниските фрекфенции дава 160mW а на високите до кај 110-120mW што сметам дека е солидно.
Title: Одг: 200mW FM предавател
Post by: daniel spasovski on 26.02.2011, Saturday, 09:09:42
И секако и јас да се надоврзам ... Напонот е пожелно да биде девет волти а колку е поголем напонот толку дометот ке биде поголем  ;) но за сметка на тоа предавателот ке биде нестабилен ( промена на напон > промена на фреквенција) , ке шета од својата основна фреквенција ;)
Title: Одг: 200mW FM предавател
Post by: batka on 27.02.2011, Sunday, 01:49:57
Имам сличен предавател со BC547 и 2N3866 на излез. Можам да кажам дека на ниските фрекфенции дава 160mW а на високите до кај 110-120mW што сметам дека е солидно.

Голема разлика е во однос на побуда со ВС 547 и БФ 494.Ако на овој предавател му се стави солиден модулатор или се одстрани мик. и се побудува од пр.ЦД ке се добие доволна побуда да го отвори 3866.Освен тоа со тримерот во емитерот на  излезниот тр. може да се зголеми колекторската струја и да се добие 1 ват,со тоа што требада се обезбеди добро  ладење на излезниот транзистор/При 12 В  треба 0,8А за да се добие 1 ват на излез што лесно може да се постигне.Ако напонот 12В е стабилизиран и добро филтриран, варикап диодата дава основа сигналот да не шета многу по скалата.Со добео ладење може да се оствари и добар сигнал.
Title: Одг: 200mW FM предавател
Post by: DX-er on 27.02.2011, Sunday, 02:22:53
Ако на овој предавател му се стави солиден модулатор или се одстрани мик. и се побудува од пр.ЦД ке се добие доволна побуда да го отвори 3866.
Како што те разбрав, и од аудио сигналот зависи ВФ снагата ? Како е можно тоа ? Значи ако имам приклучено аудио на предавателот тој ке има појака ВФ снага одколку ако немам приклучено аудио влез?

Освен тоа со тримерот во емитерот на  излезниот тр. може да се зголеми колекторската струја и да се добие 1 ват,со тоа што требада се обезбеди добро  ладење на излезниот транзистор/При 12 В  треба 0,8А за да се добие 1 ват на излез што лесно може да се постигне.
Мислиш на емитерската струја ?
Title: Одг: 200mW FM предавател
Post by: batka on 27.02.2011, Sunday, 04:01:16
Со аудио сигнал се модулира  494 и во зависност од влезниот сигнал се зголемува или намалува побудата за 3866.Не знам што не е јасно? Ако го намалиме отп.100К и ставиме појака варикап диода побудата ке се зголеми.
Во емитерот имаш тример кој се подесува да даде помала или поголема струја низ емитерот.Нас не интересира колекторската струја која е зависна од емитерската.И тоа правопропорционално.Ако се зголеми емитерската,нормално се зголемува и колекторската струја.
Title: Одг: 200mW FM предавател
Post by: DX-er on 27.02.2011, Sunday, 12:41:00
а за варикап диода, како мислиш да е по јака ? По јака по капацитет или и некоја друга карактеристика ?
Title: Одг: 200mW FM предавател
Post by: batka on 27.02.2011, Sunday, 21:28:28
Варикап диодата освен капацитет има ,како и секоја диода,способност да пропушти одредена јачина на струја.Има серии на диоди кои имаат поголема пропусна јачина .Тоа се специјални диоди наменети за предаватели,најдостапни од руско производство.Од друга страна,земете двојна варикап и двете диоди врзете ги паралелно,со што освен капацитетот ке ја дуплирате и јачината на струјата.После тоа ке видите дека побудата ке може да се зголеми.
Микрофонот дава динамика која е премала за максимална побуда.Максимална побуда може да даде сигнал чија синусоида не се намалува под одредено напонско ниво.ЦД плеерот ,мобилниот ,МР3 плеерот даваат различити напонски нивоа и степенот на модулација е различит.Сепак, побудата е значаен фактор кој го одредува степенот на модулацијата на предавателот.Колку е тој процент поголем,поголема е искористивоста на излазниот степен и секако се зголемува силата која се израчува во антена.
Title: Одг: 200mW FM предавател
Post by: DX-er on 27.02.2011, Sunday, 22:01:11
интересно нешто што до сега го немам приметено, иначе имам правено проби со аудио и без аудио ама немам приметено разлика во снагата. Затоа и ми е интересно ова нешто