Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Антени => Topic started by: DX-er on 08.01.2010, Friday, 16:21:47

Title: FM антена
Post by: DX-er on 08.01.2010, Friday, 16:21:47
Дали некој од вас користел ваква антена и што мислите за неа, дали има многу подобар прием на ФМ сигнал и дали може да се користи за ФМ предавател?
(http://www.loging.mk/products/sliki/ANTENAFM.JPG)
Title: Одг: FM антена
Post by: vmakre on 15.01.2010, Friday, 18:53:34
Ова е обична хоризонтална дипол антена со кружен облик за да
може да фаќа во сите правци 360 степени (не мора да ја вртиш)
Диполот нема никакво појачување така да ова е исто како да имаш
обична стап антене како за кола што е.
Појачувањето на антената произлегува од насочувањето
на сигналот т.е. од тоа колку е помал аголот на примање
толку е поголемо појачувањето.
Значи ако имаш антена за сите правци имаш нулто (референтно) појачување.

Post Merge: 15.01.2010, Friday, 19:29:34
Ако бараш антена за предавател што сакаш стави
ама мора да фаќа во сите правци 360 степени.Значи диполов е добар
за предавател само појачување нема освен ако сакаш во одреден правец
да зрачиш.
Ако си приметил на бандери за предаватели има само
стап антени вертикални .Нема тука многу филозофија
тоа е тоа, додека за примање е друго кога ќе почнеш
да редиш на антената директори и рефлектори таа станува
насочена (мора да ја вртиш во тој правец) и при тоа се добива
појачување зависно од бројот на елементи.
Кај предавателите недостатокот од снага на антената многу лесно
се надополнува во активниот систем (електрониката).
Доколку за примање ако имаш лоша антена која ти прима шумови
ако ставиш појачало ќе ти ги појача и шумовите.
Title: Одг: FM антена
Post by: DX-er on 15.01.2010, Friday, 22:40:42
Диполот нема никакво појачување така да ова е исто како да имаш
обична стап антене како за кола што е.
а ако ставам стап антена наместо дипол (две шипки) дали ке има проблеми како со голема повратна снага или слично?
Title: Одг: FM антена
Post by: GogoStip on 23.02.2010, Tuesday, 10:37:25
Можеш да користиш верикална антена, тоа е половина од дипол антената или ламбда четвртина(еден крак од дипол антена), или ако си заинтересиран да предаваш само во 2 правеца можеш да фазираш 3 вертикалки и имаш наочен сигнал кој емитира напоредно е поставеноста на антените, т.е ако се поставени антените север-југ ,тие емитираат  исток-запад :D :)
Title: Одг: FM антена
Post by: DX-er on 23.02.2010, Tuesday, 12:22:27
интересно, но колку е ефикасноста тој тип на сигнал (88-108МХз) да се насочи? Бидејки знам дека на ниските фрекфенции освен тешко што се насочува сигналот пак ке се фаќа и во други правци а плус и на ниските фрекфенции со секој поминат километар сигналот ке се шири со аголот на зрачење
Title: Одг: FM антена
Post by: GogoStip on 23.02.2010, Tuesday, 21:29:06
Незнам колку е ефикасно, ама знам дека ќе можеш да го пренесеш на подолго растојание, но ако земеш во обзир дека колку е поголемо растојанието толку се поголеми губитоците на радио сигналот, а тебе зошто ти треба таа антена можеш да ми дадеш одговор за да можам да ти кажам каква антена да користиш.
Title: Одг: FM антена
Post by: DX-er on 24.02.2010, Wednesday, 22:33:39
не ми треба насочена за ФМ, ако сакам насочен сигнал тој треба да е над 1GHz :)