Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Приемници => Topic started by: batka on 11.02.2011, Friday, 09:06:43

Title: ФМ приемник на 1,5В
Post by: batka on 11.02.2011, Friday, 09:06:43
Бидејки * на големо* се подготвуваме за натпревари ,маливе електроничари секојдневно  ме * бомбардираат* со прашања,нови шеми и конструкции. Им ветив дека поуспешните ке ги поставан на Форумов.Денес ја одбрав ова едноставна конструкција,направена во пластично кутивче на две уни плочки.Иновативноста на дечкиве нема крај,па еве една шема која е успешно направена и работи.Тоа е ФМ тунер -приемник кој се слуша на мали случалки или може да се приклучи и на појачувач ( засега од ПК).Првиот транзистор е БФ199 ( тоа се нашло!) а другите три се  ВС547.Интересно е дека приемникот работи и без антена,ама добро би му дошла мала антена ( о,5 м подебела жица ,сериски со едно кондензаторче од 5-6 пФ) во колекторот на првиот транзистор).Очекувајте подобар прием во вечерни часови.Во Велес се *уловени* - МР 1,2 ,Антена 5,Канал 77,велешките локалци...
Title: Одг: ФМ приемник на 1,5В
Post by: DX-er on 11.02.2011, Friday, 10:28:33
Одлично, само стави и монтажна а и некоја слика ако може
Title: Одг: ФМ приемник на 1,5В
Post by: GigaWatt on 11.02.2011, Friday, 13:45:55
Одлично, само стави и монтажна а и некоја слика ако може

Колку што прочитав, на универзална е правено, нема монтажна :S.