Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Предаватели => Topic started by: batka on 14.01.2011, Friday, 23:08:30
-
Дх-ер бараше од мене шема на предавател од 50 вати,па еве ја шемата.Стара е а ја немам штампата и распоред на елементите.Треба да ја побарам. Штампата беше 20 х 7 см и секој транзистор и калем беа преградени,а калемите под агол од 90 степени.Напојувањето е во посебна метална кутија и напонот се води преку филтер од калем и два блока и преку коаксијален кабел!
-
batka фала за шемата, само кажи како да ги распознаам оригиналните транзистори од копиите ? Бидејки и така се скапи па уште ако се фалш а ги платам како оригинал >:(
-
Не ги купувај во МКД туку во странство пр.Солун!
-
а колку пари ќе дојдат деловите од Солун?
-
Не ги купувај во МКД туку во странство пр.Солун!
кај ке ги најдам продавниците во солун? дај адреси ако имаш или ГПС координати
-
Не знам координати,ама од коњот кога тргаш по Игнација,прва раскрсница лево па нагоре ,малку узбрдо има две големи продавници од кои редовно купував порано.Цени конкретно не знам,ама целата конструкција тогаш не фати мене (во кутија комплет) околу 300 ДМ ( марки беа- сега евра!)
-
А да обележиш на google earth за полесно ???