Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Предаватели => Topic started by: batka on 26.12.2010, Sunday, 18:53:09
-
Добив интересна шема со 2 транзистори ,од кои вториот има необична поставеност.На крај е поставен филтер ,кој е од типот ПИ со 2 кондензатори и калем. Дечките ја направиле и сега малку експериментираат.Дометот е скоро 300м со антена од 1метар! Калемот во осцилаторот е со 4 намотки 0,8 мм жица на тело 6 мм со извод на 1 намотка од страна на масата. Калемот во Пи филтерот има 5 намотки на тело 3 мм со жица 0,5 мм и со растегање се подесува максимален излезен напон!
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=3397.0;attach=2173)
-
Би требало да има околу 650 метри домет бидејки има и засилувач.... јас имам направено сличен ваков
-
Дефинитивниот домет е некаде 350 метри - потоа сигналот се губи и има шум.Зборуваме за градски услови.