Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Предаватели => Topic started by: DX-er on 10.12.2009, Thursday, 21:06:49
-
ФМ предавател кој според авторот е 250mW
L1 5 круга на ферит-тример 7mm
L2 4 круга
Ако се користи 58cm жица како антена и се напојува со 12V ке се добие домет од 5km
(http://pic.mk/images/image001.gif)
Шемата е превземена од
http://www.virtualx.50megs.com
Што мислите за ова предавателче, вади ли бар 100mW а да не зборам за 250mW?
-
Бидејќи е со две осцилаторни кола би требало да извади 250mW меѓутоа стабилноста на фрекфенцијата ќе биде проблем тука.
-
не не, осцилатор е BC548 а 2N3866 не е осцилатор, мислам дека е излезно појачало
него ме зачуди што ли е ова обележаното, не е ниту L1 ниту L2 туку пише само 4,7u а не е ни електролит
(http://pic.mk/images/image0ipi.gif)
-
Реков: осцилаторни кола, не осцилатори. 2N3866 е засилувач но во Ц класа (со подесувачко осцилаторно коло) со што би добиле поголемо засилување од обичните предаватели од овој тип (со аудио + 2 транзистори). 4.7u е всушност пригушница за да ја држи базата на 0V (реков дека засилувачот е во Ц класа. Пригушницата немора да е 4.7uH (микрохенри), може да е 1-10, тие се во форма на отпорници (читај тука: http://elektronika-mk.net/index.php?topic=298.msg1019#msg1019 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=298.msg1019#msg1019) ) и ги имаат подобро снабдените продавници за електроника.
-
a добро таа пригушница нели може да се намота со жица околу ферит, нели е тоа филтер?
-
Колку ти се исплати да се зафркаваш да ја моташ има во логин си мислам дека беа околу 50 ден
-
не бе, ке ставам еден ферит на кој има намотано жица со над 30 намотки, таман ке биди. :)
-
На отпорник од 1W намотај 20-тинак намотки со танка жица и ќе добиеш 4 до 5 uH.
-
Извинете што тупам со таа намотка но во намотки и индуктивност немам познавање, па ме интересира следново, ако намотам 20 намотки на отпорник од 1W би добил 4-5uH но дали е проблем ако имам повеке uH од тоа што е на шемата на пример ако намотам повеке намотки и тоа на феритно јадро, дали би било ист ефект за предавателот или ке биде полошо?
само не ми е јасно со тоа што спомна дека има два осцилатори, како што гледам мислам дека првиот БЦ транзистор е за аудиото односно аудио предпојачало а вториот БЦ е осцилатор oдносно 1 осцилаторно коло. Друго не гледам.
(http://pic.mk/images/333.jpg)
-
Намотката може да биде поголема најубаво да експириментираш ке видиш како ке се понаша предавателчето а второто осцилаторно коло ти е во RF излазниот засилувач на намотката L2 има паралелно променлив кондензатор.
-
e фала ти друже, сега ми се разјасни, и Борче ми пишал ама не сум го сватил добро.
ова е делот од појачалото
(http://pic.mk/images/image0fmf.jpg)
Не ми се јасни повеке работи:
-Има само 1 тример а мислам дека би требало да има уште 3
-Нема ниту влезна ниту излезна намотка
-Нема 3 блок кондензатори од по 100n како што има обично мегу водовите и минусот за "впивање" на некои самоосцилации
-Нема феритен филтер на плусот за чистење на РФ сигналите да не се "излеваат"
-
Добро примети. Тоа го скратил дизајнерот заради да биде шемата поедноставна и поефтина. А изгубил на снага, стабилност и на квалитет ама тоа е тоа, би требало да работи задоволително и без тие работи. Тие работи се моралност на засилувачи од повисоки снаги сепак!
-
a вака да не има мало појачување на синусоидата а повеке да има хармоници и самоосцилации?
-
Повеќе хармоници сигурно од посебен излезен добро дизајниран засилувач, ама помало од тоа да нема воошто осцилаторно коло а да има само калем.
-
4.7u е всушност пригушница за да ја држи базата на 0V
како е можно да биде волтажата 0 на базата? Колку и да има намотки (и 200 да се) пак ке има волтажа.
-
Базата ја држи на 0V за DC напони (Ц класа на засилувач) а AC напоните непречено доаѓаат на базата бидејќи пригушницата за висофи фрекфенции (100MHz) претставува голем отпорник (нешто како да има 10К отпорник од база кон маса).
-
Направив споредба со појачало во Ц класа со 2SC1971 и видов дека се добро е споено на шемава (малово предавателче) значи секоја жичка на транзисторот си е на место каде што треба НО ПАК НЕ ГРЕЕ, ај некој ако има некаква идеа нека каже што ли е проблемов ???
-
А да пробаш калемите во излезното RF појачало да ги залемиш под прав агол да не си сметаат вака
-
ама да беше тоа проблемот, туку не грее транзисторот ич и како да не е поврзан на напон.... има довод на сигнал но не излегува ништо, на крај и да нема влезен сигнал штом транзисторот е под напон треба да грее.
-
Си мислам дека е слаб сигналот од осцилаторот и неможе да го побуди 2SC1971 ако не пробај да направиш уште еден засилувач пред RF излезното појачло да го засилиш сигналот од осцилаторот
-
не не тука е со 2N2219 а иначе ова појачало го споредував само со друго појачало со 1971 за да видам дали се е добро врзано
-
Сеа што видов на шемата делот од Audio со делот со осцилаторот ти се споени со отпорник а да ги споиш со кондензатор на пример 4,7 uf и да видиш што ке случи
-
ама така е шемата а и добро звучи аудиото :)
-
а да го провериш ти за секој случај транзисторот дали е исправен ?
-
Пробај пак а ако нејке тогаш додај уште еден степен мегу осилаторот и RF засилувачот само да не е во C класа базата да не на нула со калем си мислам дека вака ке работи коа ке го побудиш со поголема снага и обавезно калемот од излезното RF појачало во C класа што е на колекторот свртиго обратно зошто вака си сметаат со осцилаторт
А и Devil има добра идеа може да е и до тоа
-
Ако не е побудена базата на транзисторот доволно неможе да почне да засилува односно што викаш да грее иако е под напон
-
Не ист во C класа најобичен VF засилувач во А класа да добиеш негде 100mW за да може да почне да работи засилувацоч во C класа бидејки на неговата база е потребен нпон од (0.6 V) за да почне да засилува
-
а имаш некоја испробана шема за ФМ засилувач во А класа?
-
па имаше негде на форумов со транзистор и со фет ги тестирав и двата супер работеа можеш еден од нив да искористиш
-
а која е подобра?
-
Со фетот од него добив подобри карактеристики имаше поубаво засилување и не добив многу хармоници
-
јас ја направив таа другата шема ама изгледа требаше да ставам дриг кондензатор на излез наместо тој што е на шемата а и на сликата излезот е од емитер намесно од колектор, тоа ме зачуди.
-
Добар си е излезот од емитер само треба да се смени кондензаторот на излеz си мислам дека го тестирав со 10pf
-
значи ти вака ја направи (баш вака) и работеше?
(http://pic.mk/images/dc80mbuffe.jpg)
-
Да баш така и како што има Борче нагласено стај калем на плусот
-
само се мислам дали BF199 или BFR 91-96 кој е подобарза таа намена?
-
Јас го тестирав со BF199 а добар е и BFR96 а со BFR91 ке имаш помало засилување
-
само едно ме чуди, зошто базата се напојува со + (плус) преку 56К а не со - (минус) преку отпорник?
Бар на шемите што ги имам видено за предаватели така стоело дека базата треба да биде поврзана со минус и тоа преку феритен филтер.
како на сликиве
(http://pic.mk/thumbs/2009121400.jpg) (http://pic.mk/?v=2009121400.jpg)
(http://pic.mk/thumbs/2010010818.jpg) (http://pic.mk/?v=2010010818.jpg)
-
Бидејки работи во А класа за да може да засили послаби сигнали ако базата ја ставиш на нула со калем тогаш ке поминува само наизменична компонета и ке треба појак сигнал за да го засили над (0,6 V) а тука со отпорникот го поларизираш транзисторот дирекно и без влазен напон транзисторот помегу база и емитер има (0,6 V) и ако му дојде послаб сигнал ке може да го засили без проблем
-
ок, фала за информациите па останува да ги купам деловите и да го направам па ке пишам :)
-
Дали има некој завршна шема од ова ?