Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Антени => Topic started by: DX-er on 02.12.2009, Wednesday, 01:17:59

Title: Дали е добра оваа антена
Post by: DX-er on 02.12.2009, Wednesday, 01:17:59
Случајно ја најдов оваа слика, само знам дека е за ФМ а други информации немам па ме интересира дали овој затворен дипол го бива за ФМ предаватели и дали со ваква антена ке има малце повратна снага?
(http://pic.mk/thumbs/slimjim.jpg) (http://pic.mk/?v=slimjim.jpg)
Title: Одг: Дали е добра оваа антена
Post by: BorceBT on 02.12.2009, Wednesday, 01:36:30
Не е лоша таа антена ама е многу тешко да се наштима за да биде добра. Добра е скоро колку Ground plane антена а зафаќа помалку простор ама за разлика Ground Plane е многу лесна да се погоди да е добра бидејќи скоро и да не треба штимање за неа.
Title: Одг: Дали е добра оваа антена
Post by: DX-er on 02.12.2009, Wednesday, 13:45:35
ме чуди следново, кај затворените диполи фактички се прави спој меѓу плусот и минусот од предавателот, нели тоа е опасно за излесниот транзистор и може одма да прегори?
Title: Одг: Дали е добра оваа антена
Post by: vmakre on 15.01.2010, Friday, 19:13:51
Бараш антена за FM опсег 88-108   или  за аматерски опсег од 144 ???
Транзисторот нема да прегори освен ако не ти е подесено ВФ ислезното коло
на резонанца со антенскиот систем.За тоа постојат кола за подесување на
импедансата на антените и доведување на системот во резонанца.
Тогаш транзисторот најмалку ќе се загрева , зошто целата енергија
ќе зрачи од антената.Ако не е подесено енергијата се враќа назад во транзисторот
се ствараат паразитни осцилации кои се враќаат назад во ВФ калемот и  го загреваат
транзисторот.
Title: Одг: Дали е добра оваа антена
Post by: DX-er on 15.01.2010, Friday, 21:25:08
 Антената ми е за 88-108.
Што викаш за штеловање на предавателот или појачалото на ваков начин?

(http://pic.mk/images/1263587357.jpg)

Кај ке свети највеке сијаличката тоа значи дека е најдобро наштеловано?
Title: Одг: Дали е добра оваа антена
Post by: BorceBT on 15.01.2010, Friday, 22:05:22
Полн си со идеи DX-er, се само да добиеш уште некој ват плус :D Не знам дали ќе можеш да подесуваш но идејата ветува. Само да те информирам дека ќе има два проблема. Првиот е што кога ќе ја доближиш приемната антена во близина автоматски ја менуваш импедансата (штелувањето) на предајната антена, што би значело дека треба да бидеш подалеку. Вториот проблем произлегува од првиот: за да може да светне сијаличка на подалеку (пола метар) ти треба 100W минимум :) Може да пробаш да направиш осцилаторно коло на излезот од приемната антена и да го наместиш да е на резонанција но сепак под 25W нема да светне ништо. Хммм... Пробај со LED диода може ќе свети и на подалеку?
Title: Одг: Дали е добра оваа антена
Post by: DX-er on 15.01.2010, Friday, 22:37:19
со лед диода во комбинација со еден кондензатор, диода и отпорник свети на 1m па дали далечина од 1m е добра за мерење?
Иначе склопот е како тие W метри што ги имаш закачено но наместо стрелка користам LED
Title: Одг: Дали е добра оваа антена
Post by: BorceBT on 16.01.2010, Saturday, 02:22:53
Може така да штелуваш снага ок, (за најјак излез) но за да видиш дали на таа снага има премногу хармоници ти треба сепак спектрален анализатор или ако немаш да шеташ со радио приемник горе-долу по фрекфенцијата да видиш каде и дали сметаш (се слушаш дупло).