Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Антени => Topic started by: Cyberking on 27.10.2010, Wednesday, 00:20:18
-
Имам Wi-Fi картичка вградена во компјутерот која имаше мало антениче ии факаше многу слабо конекции и , а пред некое време и ми се скрши така да скоро ич не фака .Потребно ми е да направам Антена која ке ја приклучам на компјутерот или да ја поврзам во Wi-Fi картичката и да ја извадам на балкон за да факам бежичните конекции од градот ...антената да не биде многу голема одприлика горе доле како порано антените што беа за Телевизија :) !(бидејки живеам во зграда и сум највисоко на 6ти спрат). Дали е ова можно да се направи ,да се изведе и колку би чинело :)!
-
Оваа е испробана и е топ (само да знаеш дека е насочена):
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=33.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=33.0)
-
ја разгледував сега ...но изгледа погрешно ме свати мене ми треба да се приклучи кабел или да се залеми и на ви-фи картичката вградена во компјутерот наместоо малото антениче(кое и веке го немам хД ) или пак да се приклучи наместо мрежниот ии преку кабелот да се извади антена до балкон со која ке факам мрежи :)
-
Потребно ми е да направам Антена која ке ја приклучам на компјутерот или да ја поврзам во Wi-Fi картичката и да ја извадам на балкон за да факам бежичните конекции од градот
-
Потребно ми е да направам Антена која ке ја приклучам на компјутерот или да ја поврзам во Wi-Fi картичката и да ја извадам на балкон за да факам бежичните конекции од градот
И што ќе ти го тој интернет,ќе треба да чекаш пет саати за да се наполни оноа од youtube. :D
-
Пробај ги овие
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=2510.0;attach=1514)
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=2510.0;attach=1516)
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=2510.0;attach=1518)
-
Па тоа е целта да се направи да факам што појак сигнал доволно да ги факам конеквиите на 200-300м во круг
-
Во пракса мене најдобри резултати ми даде АМОС(побарај на интернет).На овој лап топ ја немам шемата.
-
а да си направиш колинеарна антена од коаксијален кабел
бидејќи брановата должина е кратка (4цм) може да се направи од голем број на фазирани диполи па дури и 18-20 и должината ќе дојде некои 80цм - 1м. се тоа ќе го ставиш во пвц цевка 15-ка и си имаш антена што има многу големо појачување (20 и кусур dBi) а и не е толку груба на изглед ко овие другите (не сакам да навредам никого) :)
зрачењето е кружно па ако ја ставиш на врв на зграда ќе фаќаш се околу тебе во радиус поголем од овој што го имаш зацртано а и нема да мораш да ја ротираш наваму натаму
-
20 децибели појачување нема да има он у никој случај да добие со таква антена тоа е сигурно а и ако е стави он на покрив ке има многу големи загуби во коаксијалец пошо сигурно нема да дава 4-5 евра за метар квалитетен коаксијален 50 омски кабел така да нека си напрае за у собата некоја наједноставна да фане некој комсија :)
-
Еве ти антена со 15дБ засилување ,пробано проверено и тестирано стави само БНЦ конектор за на шасија на неа и трк до логин 200 ден рп-сма конектор со рг58 кабел колку метри сакаш кази си на лице место ти го кримпаат од другата страна бнц за рг58 ке си ставиш и за 500 ден некаде имас 15-до 17 дб ви-фи антена за мерак е сега едина лоша страна и е изгледот (за сметка на сите останати придобивки :] ) . позз
http://yu1aw.ba-karlsruhe.de/shorten3dcra.pdf
Кодирај линкови !!!
-
...ако е стави он на покрив ке има многу големи загуби во коаксијалец...
100% ако користи ефтин кабел пошто кај обични коаксијалци загубите на 2.4ghz загубите се мнооооогу големи. чарето е да компјутерот го стави близу прозор а антената надвор на прозорот поврзана со кoмпјутерот на најкратко растојание.
со рг58 кабел колку метри сакаш ...
немој голема должина од овој кабел по право не се препорачува за вака висока фрекфенција на некои 2 метра должина ќе имаш најмалку 2-3 децибела губиток
-
нема грешка 0,2 0,3 дб загуба на метар на 10м 3дб што и не е проблем,а 20метра имам пуштано рг 6 што ама ич не го препорачувам за оваа намена па имам остварено конекција и над 1километар така да ич да не се секираш до 10м без проблем монтирај .
-
нема грешка 0,2 0,3 дб загуба на метар на 10м 3дб што и не е проблем,а 20метра имам пуштано рг 6 што ама ич не го препорачувам за оваа намена па имам остварено конекција и над 1километар така да ич да не се секираш до 10м без проблем монтирај .
загубите на 2400МХз се многу поголеми!
-
рг-58 не се користи во вхф а не пак во ухф загубите ке бидат огромни како што и претходните рекоа но како сакате пробајте ке видите ( ако можете да најдете од некаде рг-213 од некој радиоаматерски клуб или по порачка од алфа или некаде каде што може да го има ке биде најдобро )
-
рг-58 не се користи во вхф
a за VHF (3m) што се користи ?
-
рг-213 има у логин 140 ден/метар
инаку на 2м може и рг-58 да се користи, само не се препорачува поголема должина на кабелот
-
рг-58 не се користи во вхф
a за VHF (3m) што се користи ?
за толку не е проблем 2-3 метра ама само пази како ке ти бидат поврзани конекторот со кабелот и кабелот со антената најдобро е што помалку оголено да има значи од ширмот одна антената да почнува бидејки се што е надвор од ширмот зрачи и може да те зафркава swr от
-
бидна нешто од антената или си купи некоја ??? :)
-
да бе стварно ајде дај некое инфо , толку опции доби а не кажуваш што направи ??? ??? ???
-
не направив...најдов една дома собна антена ...од ТВ која ја поврзав и факав добар сигнал што ми заврши работа за тоа што ми требаше ...иначе имам во план малце да се ослободам да видам нешто да направам што ке факам подалеку и појак сигнал :)
-
Направи антена специфично дизајнирана за 2.4GHz и ќе имаш многу подобри резултатио отколку антени наменети за други бранови подрачја.