Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Предаватели => Topic started by: ivica.s on 17.10.2010, Sunday, 13:12:12

Title: ФМ буба која работи на 3 волти
Post by: ivica.s on 17.10.2010, Sunday, 13:12:12
Значи бубава е мој дизајн и работи проверено. Интересно е тоа што користи најобични BC549 транзистори. Секако вие можете да ставите BF199, кај осцилаторот и излезот ама ова нема драстично да го подобри дометот (проверено).

Пожелно е C7 и C9 да бидат тримери, (на мојата буба намотките можат да се штелуваат, а кондензаторите се фиксни), ама ако немате тримери или променливи намотки можете да ја направите по шемата, само што ќе треба да ги растегнувате намотките на L1 за да ја наместите бубата на саканата фреквенција.

Бубата инаку е многу стабилна, и ова е пред се резултат од малиот напон на напојување кој не се менува многу додека батериите се трошат.

Мојата буба е изработена  со техника на градба “од точка до точка“ при што се елементите се така распоредени за водовите да бидат што пократки.

Повеќе за оваа техника на:
  
Code: [Select]
http://www.sm0vpo.com/blocks/deadbug_0.htm
Ако сакате секако можете да изработите плочка, изгледот на плочката го немам оти никогаш не сум ја изработил оваа буба со плочка  ;D

Дометот е до 100 метра со пречки, и до 200 на отворен простор.

Еве ја шемата:

Еве некој слики од мојата буба, (сликани се со веб камера оти дигиталниот ми е во дефект и е на поправка)

Од администрација: Шемата и сликите се прикачени во attachment-от.
Title: Одг: ФМ буба која работи на 3 волти
Post by: DX-er on 17.10.2010, Sunday, 13:20:42
Браво за темата, одлична буба. Вреди да се направи бидејки со само 3V има 200m домет а тек со 9 или 12V напојување може да има и 1km домет. Имаш репутација за темава а мора да те пофалам бидејки темата ги има сите потребни делови како објаснување за работата на бубата, твои слики од истата и линк од страницата.
Title: Одг: ФМ буба која работи на 3 волти
Post by: Buzzer on 02.10.2012, Tuesday, 00:42:16
ја направив бубава и бев задоволен со квалитетот. Потоа некој елемент прецрка или сум имал некој ладен лен и неможев да и најдам шо и е мааната и ја пратив на Дрисла :P. Сепак, другарче бара да му ја изработам и на него па ако може реаплоуд на сликите зашто ја немам шемата :/
Title: Одг: ФМ буба која работи на 3 волти
Post by: ivica.s on 19.10.2012, Friday, 22:49:51
Еве ја шемата:

(http://www.freeimagehosting.net/t/vbfql.jpg) (http://www.freeimagehosting.net/vbfql)


и еве неколку слики од изработената буба:

(http://www.freeimagehosting.net/t/uslid.jpg) (http://www.freeimagehosting.net/uslid)

(http://www.freeimagehosting.net/t/vevrc.jpg) (http://www.freeimagehosting.net/vevrc)

(http://www.freeimagehosting.net/t/af6fw.jpg) (http://www.freeimagehosting.net/af6fw)


Извини толку што чекаше ама во последно време ретко го проверувам форумов,  немам толку слободно време како порано...